Контакт

Македонија

Oсмани ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорката на Грузија и на амбасадорот на Казахстан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ги прими копиите од акредитивните писма на вонредната и ополномоштена амбасадорката на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили, и акредитивните писма на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Казахстан во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Жанибек Абдрашо.

Министерот Османи, посакувајќи им успешна мисија на амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашо, изрази задоволство од досегашниот развој на односи меѓу двете земји, кои се темелат на традиционално пријателство и меѓусебното разбирање.

„Назначувањето прв нерезидентен амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, е вистински чекор за натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави“, истакна Османи.

Министерот Османи нагласи дека и со Република Казахстан ќе продолжи нагорниот тренд во меѓусебната соработка, особено во економската сфера, за што постојат многубројни неискористени можности.

Амбасадорката Лилуашвили и амбасадорот Абдрашов се заблагодарија на топлиот прием и истакнаа дека Грузија и Казахстан се подготвени за натамошен развој на билатералните односи со Република Северна Македонија врз основа на меѓусебното почитување и заедничкиот интерес во повеќе области.

Македонија

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче, за кој, како лекар, смета дека треба да биде првиот функционер што ќе се вакцинира.

Одговарајќи на новинарско прашање кој од функционерите прв ќе ја прими вакцината, тој рече дека со личен пример ќе им покаже на граѓаните дека треба да ја примат вакцината.

„Првин треба да се вакцинира здравствената Комисија, нашите херои лекари, медицинските сестри, здравствениот персонал, потоа хронично болните, повозрасните, па семејствата што изгубиле член од семејството. Веројатно прв треба да биде министерот Филипче, а јас ќе бидам веднаш по министерот за вакцинирање откако ќе поминат на ред оние што имаат приоритет. Јас сум еднаков со другите и ќе дадам личен пример за граѓаните што побргу сите да се вакцинираме. Јас, моето семејство и роднините ќе се вакцинираме“, рече премиерот Заев.

Тој очекува враќање на животот во нормала кога ќе бидат вакцинирани 60-70 отсто од населението.

Според досегашните најави, првите 5.850 вакцини од „Фајзер“ треба да стигнат во февруари. Тие се дел од договорот за набавка на 800.000 дози од оваа вакцина преку Ковакс-системот, доволни за вакцинирање 400.000 граѓани. Од истата вакцина на „Фајзер“ 8.000 дози пред два дена најави дека за нашите граѓани ќе одвои и Србија. Министерот Филипче ги договара деталите, како и начинот и времето кога ќе бидат испорачани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев во разговор со регионалниот директор на СЗО: Добивме 8.000 вакцини од Србија, тие се за здравствените работници

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за здравство, Венко Филипче, преку интернет-конференциска врска одржа состанок со регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, и сo претставници на СЗО.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата биле истакнати напорите на СЗО, нејзините партнери и нашата земја за динамизирање на постапката за обезбедување вакцини преку „Ковакс-програмата, при што бил истакнат аспектот на почитување на основните вредности што притоа се покажуваат, а тоа е пријателството и солидарноста на европските земји и земјите во регионот на Западен Балкан.

Премиерот Заев информирал за 8.000 дози вакцини што ќе пристигнат од Србија и кои ќе бидат наменети за сите здравствени и медицински работници на кои заедно со претставникот на СЗО им упатил јавна благодарност за покажаната хуманост и пожртвуваност во изминатите месеци додека трае епидемијата.

Во фокусот на разговорот биле и информациите за актуелната состојба во Северна Македонија со заразени од коронавирусот.

„За време на празниците, овде, во Северна Македонија, беа воведени димензионирани мерки со цел да се заштити здравјето на граѓаните и да се амортизира ударот кон здравствениот систем и поддршката од граѓаните, со целосно почитување на мерките, а тоа доведе до тоа сега да имаме стагнација на ширењето на вирусот“, рекол Заев додавајќи дека и понатаму остануваат во сила мерките и препораките со цел заштита на населението и здравствениот систем.

Претставникот на СЗО ја истакнал добрата соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, притоа упатувајќи поддршка за кооперативноста на Северна Македонија во рамките на Берлинскиот процес изразувајќи надеж дека ќе продолжи и ќе се динамизира координацијата со земјите од Западен Балкан и Европската Унија за успешно справување со ковид-кризата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Објавено пред

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела една и пол година, а носењето на одлуката се одолжило поради тоа што таа не доаѓала на закажаните расправи. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев, рече дека несовесното работење е поврзано со примената на АКМИС-системот.

„Нашата одлука да се разреши од функцијата судијка во судот е поради повредата на одредбите од судскиот Деловник во однос на примената на АКМИС-системот. Подетаљно за предметот не можам да кажам бидејќи мора да ја почитуваме пресумцијата на невиност. Кога одлуката ќе стане правосилна, ќе објавиме и во ‘Службен весник’. Судијката е разрешена поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција. Постапката против судијката се водеше околу една и пол година, една причините за тоа е што конкретната судијка не доаѓаше на закажаните расправи. Нестручното работење е утврдено за период од две до три години“, рече претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев.

Судијката Татјана Михајлова ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Кривичниот суд од 5 декември 2016 година откако на поранешниот претседател Владимир Панчевски мандатот му истече на 4 декември, но повторно се кандидира за истата позиција. Таа во 2018 година поднесе оставка од функцијата.

Михајлова беше судијка во предметот „Насилство во Центар“ на специјалното јавно обвинителство. Кога беше прераспределена во друг оддел на судот, по предметот се постапуваше одново. Таа беше и истражен судија во случајот „Ликвидација“, каде што, меѓу другите, осуден на четири и пол години затвор беше и новинарот Томислав Кежаровски.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет30 минути

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: „Ќе се вратиме во некоја форма“

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија34 минути

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија1 час

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет4 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет4 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија5 часа

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ5 часа

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет6 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет7 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија7 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет19 часа

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет20 часа

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија21 час

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Македонија21 час

Во Македонија нови 400 заболени и 11 починати од коронавирус

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2327 тестирања, а регистрирани се 400 нови случаи на...

Македонија23 часа

Владата го усвои планот за распределба на административните службеници

Владата денеска на својата 40-та седница го усвои планот за распределување на административните службеници вработени преку програмата К5, соопшти првиот...

Македонија1 ден

Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот

Донесена е одлука угостителските објекти да работат до 21 часот, наместо до 18 часот како што беше претходно. За ова...

Македонија1 ден

Влада: Нема да се гради ски-центар на Галичица, ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје

Нема да се гради ски-центар на Галичица, а ќе се донесе и ДУП за охридското крајбрежје, велат од Владата по...

Македонија1 ден

Повеќе нема да се лекуваат пациенти со коронавирус на очна и на клиниката за уво, нос и грло

Ковид центарот на Клиниката за Очни бочести од вчера е затворен. Од Министерството за здравство информираат дека во текот на денешниот...

Македонија1 ден

Вучиќ: Помошта со вакцини за Северна Македонија е братски и пријателски потег

Сепскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска истакна дека не вреди за Србите да бидат здрави, ако луѓето во околината имаат милион...

Свет1 ден

Истражување: Една третина од излекуваните од коронавирус повторно се разболуваат

Една третина од луѓето кои се лекувале од коронавирус по пет месеци морале повторно да бидат згрижени во болница, според...

Досие