Контакт

Македонија

Објавено со што е загадена водата во Гостивар, жителите ја пиеле од 25 јуни кога биле поставени пумпи од канал

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење.

„Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, канализација и градежни работи во јавното претпријатие, со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општина Гостивар и дел од околните села“, соопшти Обвинителството.

Тие на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи во близина на преливната комора со вода за пиење за да го тестираат притисокот на водата.

На 16 јули, при извршен увид на лице место, констатирано е дека две од потопните пумпи се уште биле во употреба и преку потисни црева поставени низ преливниот отвор ја пренесувале водата со штетна материја-колиформни бактерии од отворен систем – канал во комората каде се наоѓа вода од системот за пиење со определен дефиниран квалитет во затворен систем.

Во системот дошло до мешање односно пренесување на вода со штетни материи од каналот во главниот цевковод за водоснабдување.

По наредба на јавен обвинител, Институтот за јавно здравје изврши анализи на земени примероци од површинската вода од отворениот канал при што е констатирано дека водата е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена поради присуство на колиформни бактерии од 2419,6 cfu/100 мл наспроти максимално дозволените 50 cfu/100 мл а во примероците земени од каптиран извор е констатирано дека водата има зголемен број на аеробни мезофилни бактерски колонии како и наод на колиформни бактерии каде во референции треба да има 0 cfu/100 мл додека во водата се пронајдени 39 cfu/100 мл.

Поради високата загаденост водата станала неупотреблива и не е безбедна за употреба и консумација од страна на луѓето.

Дополнително анализиран е примерок земен од чешма на Ул. ЈНА во Гостивар каде е констатирано дека во водата има високо присуство на хлор и тоа концентрација на резидуален хлор од 1,1 мг/л кој претставува отстапување од максимално дозволената вредност според важечкиот правилник каде е опишан оспег од 0.2 до 0.3 мг/л но не повеќе од 0.5 мг/л.

Имајќи предвид дека настанатите промени од загадувањето не можат лесно да се отстранат, јавниот обвинител оцени дека се исполнети обележјата кои даваат основано сомнение дека е сторено наведеното кривично дело.

Од Основното јавно обвинителство Гостивар велат дека продолжуваат да преземаат истражни дејствија за целосно испитување на настанот.

Осомничените се уапсени и во текот на утрешниот ден јавен обвинител ќе одлучи дали и какви мерки за нивно обезбедување ќе предложи на судот.

Најново

Македонија8 минути

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како...

Македонија12 минути

Пуштена во употреба спортска сала во подрачното училиште „Крупе Кепески“ во Кисела Вода

Во населбата Припор во Кисела Вода денеска свечено е пуштена во употреба нова спортска сала во рамки на подрачното основно...

Свет55 минути

Драгана исчезнала бегајќи од пожарот и влегла во огнената стапица, семејството дало ДНК-примероци

Драгана Антешевиќ (34) од Котор Варош, Република Српска, исчезнала за време на големиот пожар во областа на Омиш, каде што...

Македонија60 минути

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук. Тој...

Црна хроника1 час

Палеле пожари среде ноќ: Двајца фатени на дело во Битола и Прилеп

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во...

Македонија2 часа

27 пожари на отворен простор за едно деноноќие, шест остануваат активни

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои шест...

Свет2 часа

Врховниот суд пресече: Родителите во САД можат да бараат изземање на децата од ЛГБТ-содржини

Одлуката на Врховниот суд на САД во предметот „Махмуд против Тејлор“ (Mahmoud v. Taylor), донесена на 27 јуни 2025 година,...

Свет2 часа

(Видео) Земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија, најмалку 20 загинати

Најмалку 20 лица загинаа во силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени што рано утрово го погоди индонезискиот остров Флорес....

Свет2 часа

Седум луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз јужен Либан

Седум лица беа убиени, а тројца ранети во израелски воздушен напад врз јужен Либан рано утрово, објави државната либанска национална...