Македонија
Обвинети од „Дива населба“ барале одложување на судењето, се жалеле на повреди при транспортот
Шестмина обвинети во случајот „Дива населба“ во четврток побарале од судијата одложување на расправата и се пожалиле на здравствени проблеми како резултат на транспортот од здравствените установи, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.
Судечкиот совет за кратко ја прекинал расправата и веднаш повикал итна медицинска помош, бидејќи покрај здравствените проблеми, обвинетите се пожалиле и на надворешни повреди.Но, по преглед на доктор од итна медицинска помош, до судечкиот совет доставен бил извештај според кој тројца од обвинетите кои се пожалиле на здравствени проблеми пред докторот кажале дека немаат потреба од никаква терапија и помош, додека тројца се пожалиле на болки во рбетот по што им била дадена терапија и е констатирано дека сите шест обвинети немаат никакви видливи надворешни или други повреди и во моментот се способни да го следат судењето.По добивање на извештајот, судечкиот совет констатирал дека не постојат причини расправата да биде одложена, па затоа со одлука на советот главната расправа продолжила со распит на заштитени сведоци, како што било планирано. Расправата е затворена за јавност бидејќи исказ даваат заштитени сведоци.„Како суд, без да навлегуваме во причините за барањето на одбраната за одлагање на главната расправа, сметаме дека било какво одолговлекување на постапката не е во корист на ниту една од странките“, соопштуваат од Судот.Еден од обвинетите во случајот и на едно од претходните рочишта се пожали пред Судот дека полицајците го малтретирале при транспортот од затвор до Судот./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Манолева: По 43 години, болницата во Отешево доби комплетно нов лик, современи услови за третман и медицинска опрема
Заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, вчера беше во посета на ЈЗУ Специјализирана болница за превенција лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања ОТЕШЕВО. Оваа јавно-здравствена установа минатата година доби комплетно нов лик со реновиран болнички објект финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарија во висина од 20 милиони денари.
„Со имплементацијата на овој проект подобрени се болнички услови за третман на пациенти, поставен е нов мебел како донација од Луксембург, а собите се наместени со нов инвентар. Сите амбуланти, лабораторија, дневна соба, ехо кабинет, соба за спирометрија и алерго тестови се позиционирани во реновираниот објект. Како што можевме да видиме од посетата амбулантите веќе функционираат во реновираните простории. Специјализираната болница Отешево нуди современи услови за третман на пациенти и достоинствени услови за работа на здравствените работници“, рече Манолева.
Болницата во Отешево опстојува повеќе од 43 години и ова е прво реновирање кадешто значително се унапредени болничките услови. Во изминатиот период, установата се зајакна и со два апарати за физикална медицина и рехабилитација во склоп на проектот во вредност од 270 илјади денари.
Македонија
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, извести Обвинителството.
Како што велат од Обвинителството, предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Македонија
„Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија“, вели СДСМ
„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски. За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат“, соопшти СДСМ.
„На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.
Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.
Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.
Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното“, се наведува во соопштението на СДСМ.