Македонија
Обвинетиот не се чувствува виновен за убиството на медицинската сестра
Обвинетиот Никола Кузмановски пред судот во средата се изјасни дека не се чувствува виновен за убиството на медицинската сестра Диана Здравковска, коешто се случи на 9-ти јануари на Детската клиника во Скопје.
Дваесет и двегодишниот Кузмановски кој е десет години помлад од Диана, се очекува да ја каже својата верзија за убиството во текот на постапката, единствено се изјасни за делото што му се става на товар „убиство на бремено лице“.Пред судот како сведок се појави и сопругот на убиената, Дејан Здравковски. Тој не знаел дека Никола и неговата сопруга биле во љубовна врска, но обвинетиот го познавал, биле соседи од истото село, скопско Петровец. Сопругот разбрал дека неговата сопруга е убиена дури вечерта во 23 часот, иако според официјалните информации од обвинителството убиството се случило околу 19 часот.По истекот на работното време на Диана, на која ѝ завршувала смената околу 19.30 часот Никола ѝ ѕвонел на мобилниот телефон, но таа не му се јавувала. На службените телефони на Детската клиника кога се јавувал на телефон и се претставувал дека е сопруг на Дијана, му ја спуштале слушалката.Самоиницијативно заминал за да види што се случува со неговата сопруга и дознал дека таа е убиена. Вработениот чувар на Детската клиника во Скопје, Борче Цветановски, забележал дека нешто се случува околу 20 часот, кога мајка која била дојдена со своето дете на Клиника, му кажала дека некој фрла или го чисти снегот од покривот на Клиниката.Кога погледнал нагоре, го видел обвинетиот како седи на олукот, горе на покривот. Заедно со електричарот од Клиниката се качиле горе и таму го забележале обвинетиот Никола како виси со нозете надолу.„Го прашав ‘дечко што правиш’, а тој ми одговори дека ќе се фрла. Го прашав ‘што беља си направил’, а тој ми кажа дека си ја отепал девојката“, раскажа чуварот.Го убедувале да не се фрла, бидејќи проблемот нема да се реши на тој начин, а во меѓувреме Борче го известил целото обезбедување на Клиниката за случајот по што била повикана полиција.Тој го забележал телото на убиената кога се свртел за да се симнува по скалите, но бидејќи било темница не забележал дека се работи за лице во работна униформа.
Убиството се случило на поткровјето на Клиниката, просторија којашто не се заклучувала, била постојано отворена и немало покрив, бидејќи пред неколку години ветер го откорнал покривот и оттогаш штетата не била санирана.Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и оштетувања на вратот. Според одбраната на обвинетиот, пак, односно според адвокатот на обвинетиот Ѕвонко Давидовиќ, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности. „Со смртта на Дијана е уништен еден плод кој не го видел своето утро“, рече обвинителката во завршните зборови.Една седмица пред трагичниот настан Диана му кажала на сопругот дека е бремена, а пред убиството и обвинетиот знаел дека Диана е бремена. „Со смртта на Дијана е уништен еден плод кој не го видел своето утро“, рече обвинителката.Диана со сопругот имаат едно дете, осумгодишната Јана, која од раѓањето е болна од церебрална парализа и по смртта на нејзината мајка нема кој да се грижи за неа, бидејќи и таткото бил опериран.На судењето кое е во тек е испитување на сведоците./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8. мај
Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација на Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг од претседателските избори.
„Народот избра промени. Македонија повторно ќе биде горда и твоја.
Огромната поддршка на народот обврзува за промени и брзи резултати, работата не е завршена, црвениот картон граѓаните ќе го дадат на 8-ми мај.
На 8-ми мај СДС ќе доживеат уште поголем пораз, затоа што народот сака промени, и просперитет за Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на напорна работа и експресни резултати по 8-ми мај, народот мора брзо да ги почувствува промените и Македонија да тргне напред.
По 8-ми мај Македонија ќе тргне по патот на економска обнова, поголеми плати и пензии, развиена инфраструктура, квалитетно образование, здравство какво што заслужува секој човек. По 8-ми мај следува економска трансформација на Македонија.
Ги повикуваме граѓаните уште помасовно да излезат во вториот круг и да ги потврдиме промените. Народот ќе си ја врати Македонија.
Македонија повторно твоја“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите
Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори, каде како и во 2019 година ќе се соочи со нејзиниот опонент Стево Пендаровски.
Според пребројани 99,85 отсто од гласовите, Силјановска освои 362.682 гласа, или 40,08 отсто, додека Пендаровски првиот изборен круг го завршува со 180.306 гласа, односно 19,93 отсто.
Зад нив е Бујар Османи од Европскиот фронт со освоени 120.903 гласа (13,36 отсто), потоа Максим Димириевски од ЗНАМ со 83.787 гласа (9,26 отсто), Арвен Таравари од ВРЕДИ со 83.356 гласови (9,21 отсто). Следна е Билјана Ванковска од Левица со освоени 41.172 гласа (4,55 отсто) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 0,90 отсто, односно 8.103 гласови.
Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај, заедно со парламентарните.
Сервисни информации
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег
Времето денеска ќе биде, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.
Локално, врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Од петок следува период на претежно стабилно и потопло време со пораст на температурите на воздухот.