Контакт

Македонија

Од 20 до 30 август Карпош станува културна сцена: започнува „Карпошово културно лето’’

Објавено пред

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов – Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош.

Од 20 до 30 август, Карпош ќе живее во ритамот на музиката, филмот, уметноста и културното творештво. На повеќе препознатливи локации низ општината ќе се одржи годинешното издание на „Карпошово културно лето’’, со десет програмски дена што ги поврзуваат македонската музичка сцена, културното наследство, киното, визуелната уметност, детското творештво, фолклорот и современите урбани содржини.

Програмата беше претставена на прес-конференција одржана на 17 август во холот на Општина Карпош. Концептот на годинешното издание ја носи културата на повеќе точки низ општината – од плоштадот „Делфина“ во Влае и Плато на ,,Млечен’’ , преку Карпош 3 и Бардовци, до Кинотека, дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, просторот кај ФИНКИ и општинската зграда.

Во фокусот е македонското творештво – домашните изведувачи, филмот, драмското и музичкото наследство, традицијата и новите креативни практики – надополнети со ликовни и други културни содржини што ја отвораат програмата кон различни генерации и уметнички изрази. Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, на прес-конференцијата ја истакна токму поврзаноста меѓу наследството, традицијата и иднината на македонската култура и упати отворена покана до јавноста да биде дел од фестивалските денови.

„Целата програма е олицетворение на она што е културно наследство, традиција, креативен капацитет и македонска иднина во областа на културата. Изразувам голема благодарност до тимот кој посветено работи на овие проекти, како и до сите учесници. Упатувам отворена покана до сите карпошани и сограѓани – бидете со нас, посетете го киното на отворено, бидејќи ветуваме добра забава, дружба и незаборавни доживувања!’’, изјави градоначалникот Сотир Лукровски.

Свеченото отворање на „Карпошово културно лето“ е закажано за 20 август во 20:00 часот на плоштадот „Делфина’’ во Влае, со настапи на Александар Тарабунов – Тара и Нокаут, како и диџеј-програма. Во следните фестивалски денови публиката ќе може да ги проследи Тумбао Салса бенд со Сашо Гигов – Гиш и проектот „Gypsy Night“, Дац и Александар со специјалните гостинки Маријана и Росана, Balkan Jam, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Day Off.

На 29 август, Бардовци ќе биде домаќин на вечер посветена на македонската народна музика со Душко Георгиевски, Зуица Лазова и Миле Кузмановски, како и настап на КУД „Етнос“.

Музичкиот мозаик го дополнуваат детскиот фестивал „Поточиња’’, хорот на Здружението на пензионери Карпош, женскиот хор „Фрида’’, АКУД „Мирче Ацев’’, квартетот „Полихимниа’’ и други програмски содржини што ги поврзуваат современата сцена, евергринот, хорската музика, фолклорот и традицијата.

Посебно место во програмата има изложбата на 25 плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, пронајдени во неговата лична колекција. Плакатите се од различни претстави изведувани во земјата и надвор од неа и претставуваат визуелен пресек на сценскиот живот на неговите текстови и потсетување на трајното значење на неговиот драмски опус. Современото творештво и одржливоста се поврзуваат преку ReART – патувачка изложба на циркуларна уметност, реализирана во соработка со Фондацијата „Берта Додедевска“ и „Нула отпад“. Проектот ја истражува креативната реупотреба на електронскиот отпад како уметнички материјал и ги отвора темите за циркуларната економија, одржливиот развој и одговорниот однос кон животната средина.

На 21 август во Кинотека ќе биде отворена и меѓународната изложба „Ликовни визии на имагинацијата’’, на која ќе бидат претставени дела од десет академски ликовни уметници – осум од Македонија и двајца од Србија. Истиот ден ќе се одржи и промоцијата на книгата „Зоја’’ од Јоана Шишкова.

На 27 август, на платото на ,,Млечен’’ , ќе биде поставена и изложбата на отворено „Карпош помеѓу боите и генерациите’’, со дела на деца, млади и возрасни автори.

Еден од препознатливите сегменти на годинешната програма е Карпош кино на отворено, кое започнува на 21 август во 20:00 часот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов’’. Првата проекција е „Приказна за Силјан’’, а кино-програмата продолжува и во наредните фестивалски вечери до 27 август. За најмладата публика, покрај настапот на „Поточиња’’, на 23 август кај фонтаната во Карпош 3 ќе се реализира интерактивната просторна работилница „Нашето маало – #СоздавамеЗаедно’’. Преку заедничко создавање, децата ќе градат просторна инсталација инспирирана од маалото – со згради, улици, паркови, игралишта и други елементи – поврзувајќи ги имагинацијата, заедништвото, грижата за јавниот простор и креативната реупотреба на материјалите.

„Со музика, филм, ликовна уметност, културно наследство, детско творештво, фолклор и урбани содржини распоредени на повеќе локации, „Карпошово културно лето’’ ја отвора општината како простор за култура и средба со публиката, поврзувајќи афирмирани домашни имиња, нови автори и различни генерации“.

Најново

Спорт5 секунди

Осасуна го смени тренерот и веднаш назначи нов

Осасуна во понеделник се раздели од тренерот Луис Мигел Рамис по осум натпревари на клупата и го замени со Јагоб...

Европа2 минути

Зеленски побара 60 дена; Кремљ понуди само еден

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да нареди прекин на нападите врз Украина на денот на украинските избори, изјави денеска...

Свет7 минути

Ако некој е доволно луд да нè нападне, ќе го уништиме, порача Врховниот командант на НАТО во Европа

Врховниот командант на сојузничките сили на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, на Безбедносниот форум во Варшава предупреди дека...

Спорт7 минути

Барселона нема намера да го продава Олмо

Баерн Минхен е заинтересиран за Дани Олмо, но Барселона нема намера да се откаже од шпанскиот репрезентативец. Според каталонскиот весник...

Забава15 минути

(Фото/Видео) Скарлет Јохансон покажа како се носи црвен фустан

Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих и ги воодушеви сите присутни со својот моден избор. Таа носеше комбинација што...

Спорт15 минути

Германецот ќе биде број 1 на крајот од сезоната

Германскиот тенисер Саша Зверев го обезбеди првото место на крајот од сезоната. По елиминацијата на Карлос Алкараз во раната фаза...

Црна хроника16 минути

Кривична против поштар од Штип: не доставил препорачано писмо до лице од МОН и се потпишал во нејзино име

СВР Штип поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.М. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно...

Македонија20 минути

Стојкоски на UN Forum of Mayors 2026 во Женева: Ѓорче Петров пример за успешна меѓународна соработка

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, учествува на Форумот на градоначалници на Обединетите нации – UN Forum of Mayors...

Европа41 минута

(Видео) Британскиот премиер: Русија влијаеше на Брегзит; слични работи се случуваат и во други земји

Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека е „јасно“ оти Русија влијаела врз референдумот за излегување на Обединетото Кралство од Европската...