Контакт

Македонија

Од прва приватна микробиолошка лабораторија до дел од Medicover: Синево Македонија одбележа 25 години грижа за пациентите

Објавено пред

Синево Македонија одбележа 25 години постоење, јубилеј што претставува значајна пресвртница не само за компанијата, туку и за развојот на современата лабораториска дијагностика во земјата. По тој повод беше организиран свечен настан на кој присуствуваа лекари, здравствени работници, деловни партнери, соработници, пријатели и вработени кои во различни периоди биле дел од развојот на компанијата.

Осврнувајќи се на изминатите 25 години, д-р Маја Тодоровска, управител и генерален менаџер на Синево Македонија, истакна дека најголемото достигнување на компанијата не се технологиите, инфраструктурата или бројките, туку довербата што пациентите и лекарите ја укажуваат секој ден.

„Во овие 25 години научивме дека зад секој лабораториски резултат стои човек. Стои нечие прашање, нечие очекување, понекогаш грижа, а понекогаш и олеснување. Токму затоа нашата работа никогаш не ја гледавме само како лабораториска услуга, туку како одговорност кон пациентите и лекарите кои ни го доверуваат најважното, своето здравје. Горди сме што бевме дел од развојот на лабораториската дијагностика во Македонија, но најмногу на довербата што ја добивме од генерации пациенти. Таа доверба е причината поради која постоиме и нашата најголема обврска за иднината“, изјави д-р Тодоровска.

Приказната на компанијата започнува во 2001 година со основањето на Адриалаб, една од првите приватни биохемиски и првата приватна микробиолошка лабораторија во Македонија. Водена од визија за воведување современа, сигурна и достапна лабораториска дијагностика според највисоките професионални стандарди, компанијата низ годините континуирано инвестираше во нови технологии, стручна експертиза и унапредување на услугите.

Во 2007 година компанијата станува дел од Synlab International, а во 2013 година ја добива акредитацијата ISO 15189, станувајќи првата акредитирана медицинска дијагностичка лабораторија во земјата. Денес, Синево Македонија е дел од Medicover, една од водечките меѓународни здравствени и дијагностички групации присутна во повеќе од 20 земји.

Во текот на изминатите две и пол децении, Синево Македонија има значајна улога во модернизацијата на лабораториската дијагностика и подигнувањето на стандардите во оваа област. Преку воведување современи технологии, меѓународни стандарди за квалитет и постојани инвестиции во знаење и развој, компанијата придонесува за побрза, попрецизна и посигурна дијагностика, обезбедувајќи им на пациентите и лекарите сигурна поддршка во носењето важни одлуки поврзани со здравјето.

ПР

Најново

Македонија13 минути

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија17 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија27 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет10 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава11 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт11 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...