Контакт

Македонија

Од „Рекет“ до уставен судија, вчера компромитирана, денес „истакнат правник“ во режија на ДПМНЕ, велат од Левица за изборот на Дика Георгиевска

Објавено пред

ДПМНЕ, партијата што со најголема жестина ја претставуваше Мери Дика Георгиевска како симбол на компромитираното правосудство, денес со сопствени раце ја изгласа за чувар на Уставот. Со изборот на Мери Дика Георгиевска за уставна судијка, ДПМНЕ јавно ги погреба сопствените зборови, прес-конференции и сопствените обвинувања. Потешко политичко самопоништување одамна не е видено, велат од Левица.

„Истата личност која и според реториката на ДПМНЕ беше дел од приказната за „Рекет“, денес магично се трансформира во „истакнат правник“. Не затоа што се смениле фактите, единствено што се смени е фотелјата од која зборуваат. Кога беа опозиција, Мери Дика им беше доказ за распаднатото судство. Денес, кога се власт, истата Мери Дика им е доволно добра да одлучува за уставноста на законите и да ја толкува највисоката правна норма во државата“.

Со овој избор, како што велат, ДПМНЕ конечно призна дека никогаш немало проблем со компромитираното правосудство.

„Имало проблем само со тоа кој управува со него. Денес не го демонтира заробениот систем што сам го опишуваше со години, туку се вселува во него и го присвојува.

Особено поразително е што ова се случува во период кога Уставниот суд веќе го губи и последниот атом од својот авторитет. По две оставки на универзитетски професори за краток временски период, наместо институцијата да се враќа кон неспорен академски и професионален интегритет, ДПМНЕ дополнително ја втурнува во политичката кал“.

Според Левица, најголемиот политички апсурд е што ДПМНЕ денес без збор ја прифати кандидатурата предложена од истиот Судски совет кој со години го прогласуваше за криминализиран, заробен и недостоен за доверба.

„Остана само молкот на оние кои вчера викаа најгласно, а денес најпослушно гласаат.

Денес ДПМНЕ испрати порака дека политичката меморија трае точно до моментот кога ќе се отвори можност за ново гласање. Сѐ што вчера беше причина за прес-конференции, драматични обвинувања и повици за одговорност, денес е доволно добро за Уставниот суд. Кога власта сама ги урива сопствените критериуми за тоа кој е достоен да биде уставен судија, не може да очекува јавноста да има доверба дека идните одлуки на Судот ќе бидат доживеани како независни и стручни, а не како политички погодни и компромитирани“.

Најново

Забава1 минута

Хали Бери и Оливие Мартинез повторно на суд: Актерот бара зголемување на алиментацијата

Францускиот актер Оливие Мартинез (60) побара зголемување на износот за издршка што го добива од неговата поранешна сопруга, холивудската ѕвезда...

Македонија25 минути

Пензиските заштеди и правата на членовите – во фокусот на реформите: АДПФ бара јавна, аргументирана и стручна дебата

Асоцијацијата на друштвата за управување со пензиски фондови (АДПФ) денеска повика секој предлог за реформа на пензискиот систем да се...

Македонија27 минути

(Видео) Тренчевска до Митреска: Како не ви беше сомнителен растот од 13 пати на Алта банка?

Потпретседателката и пратеничка на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД...

Македонија56 минути

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР апелира на внимателност

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку...

Македонија1 час

Проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател на Лекарска комора

Лекарска комора информира дека на денешната седница на Собранието на Комората, проф. д-р Никола Јанкуловски е избран за нов претседател...

Свет1 час

Дојави за бомби во 300 италијански училишта

Најмалку 300 училишта низ Италија денеска беа евакуирани откако добиле идентична заканувачка порака за поставена бомба, соопшти италијанскиот министер за...

Спорт1 час

Легендарниот Уертас замина од Тенерифе, следната станица е Дубаи

Бразилскиот ветеран Марселињо Уертас (43) го напушти Тенерифе, по речиси седум години и отвора нова страница во својата неверојатна кариера....

Македонија1 час

За да нема голем ценовен скок на струјата, ќе биде пуштен нов граничен премин со Косово: 200 камиони јаглен дневно ќе одат за РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани да не поскапи, но доколку е неопходно, поскапувањето ќе биде под 5 %....

Економија1 час

Скопје ќе биде домаќин на Првиот форум за енергетска дипломатија – „Обновливи извори и жените во енергетиката“

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалното и меѓународното внимание, како домаќин на Првиот форум...