Контакт

Македонија

Одбележана 22-годишнината од формирањето на специјалните сили во АРМ

Објавено пред

Во касарната „Илинден“, во вторник беше одбележана 22-гдишнината од формирањето на Единицата за специјални намени под името „Волци“.

dobivaj vesti na viber

„Од самиот почеток вашата единица постојано го оправдува своето име, претставувајки ја најелитната единица на Армијата на Република Македонија и со право претставува синоним за највисоки стремежи, највисоки стандарди и највисоки резултати“, рече министерот за одбрана, Зоран Јолевски, на денешната свеченост, по повод 1-Март, Денот на Полкот за специјални операции. Во обраќањето на свеченоста, министерот Јолевски посочи на значењето кое оваа единица го има во денешните глобални предизвици при што професионалноста и посветеноста ќе биде клучна за натамошното јакнење на капацитетите на АРМ. Командантот на Полкот за специјални операции, полковник Орце Јордев, пред присутните меѓу кои и началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Величковски и други генерали во АРМ, претставници од Кабинетот на Претседателот, одбранбените аташеи акредитирани во Република Македонија порача дека во ова време на предизвици интересите на единицата мора да бидат поважни од личните интереси со цел изведување на специјални операции за одбрана на Република Македонија. Во рамки на програмата за одбележување на Денот на единицата, свеченоста заврши со свечено дефиле на единиците, по што се реализира методско-показна вежба „чистење на зграда“ каде припадниците на полкот ја покажаа својата обученост на комбинираната кула за извежбување, а потоа ги презентираа и боречките вештини со кои се препознатливи помеѓу останатите единици на АРМ. И покрај исклучитено високите критериуми на селекција за прием во единицата, на  последните конкурси за прием на професионални војници кандидатите покажаа огромен интерес токму за оваа атрактивна единица. Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување на денови на единиците на Армијата на Република Македонија, за Ден на пСО е одреден 1 март,  датум на кој  за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана Единица за Специјални Намени под името „Волци“, а од ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО) во чиј состав влегуваат Баталјонот за специјални намени и Ренџерски баталјон./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МНР реагирало до Европскиот Парламент за северномакедонска влада: „Грешката е коригирана“

Објавено пред

Министерството за надворешни работи објави дека реагирало до Европскиот Парламент за употребата на „северномакедонска“ на официјалната интернет-страница.

dobivaj vesti na viber

Од МНР велат дека континуирано укажуваат на точната употреба на уставното име на државата и државјанството на граѓаните на Северна Македонија.

„Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до Европскиот парламент за конкретниот случај, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации. Дополнително, би сакале да потврдиме дека по нашата реакција грешката беше веднаш коригирана“, велат од МНР.

На официјалната интернет-страница на Европскиот парламент пишуваше „северномакедонската“ влада предводена од премиерот Талат Џафери.

Прикажи повеќе...

Македонија

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Објавено пред

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 182.245, што претставува намалување за 1,4 отсто во однос на претходната
учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66.678, што претставува намалување за 3,9 проценти во однос на претходната учебна година.

Линк до целиот извештај.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Бојмацалиев: 2017-2024 приведени над 7.000 лица од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна посета на Секторот за меѓународна полициска соработка (СМПС) во кругот на МВР, во рамки на посетите на организициските единици на БЈБ и МВР, со цел увид во досега постигнатото и мапирање на идните активности. Притоа, тие остварија средба со раководството на Секторот за меѓународна полициска соработка, со началниците на Одделението за ЕВРОПОЛ, Одделението за ИНТЕРПОЛ и Одделението за потраги. Улогата на оваа организациска единица е да врши меѓународна координација на органите за спроведување на законот кои се надлежни за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а кои се во полето на меѓународната полициска соработка.

dobivaj vesti na viber

Од страна на раководството на СМПС, Бојмацалиев и Тасевски беа брифирани за резултатите од 2017 до 2024 година, односно за приведени над 7.000 лица по централни потерници и расписи.

Во оваа прилика Бојмацалиев ја потенцираше успешната организација на 50. Европска регионална конференција на ИНТЕРПОЛ, на која Република Северна Македонија минатата година беше домаќин во Охрид, што се совпадна со одбележувањето на 30-годишнинатата од нашето членство во најголемата полициска организација во светот и 100 години постоење на ИНТЕРПОЛ. Република Северна Македонија бележи три децении кредибилно партнерство на ИНТЕРПОЛ со учеството во бројни операции на организацијата, како и силна поддршка за развој, поврзување и усогласување на националниот форензички систем со системите на ИНТЕРПОЛ. На средбата Бојмацалиев и Тасевски беа информирани за успешната модернизација на комуникацискиот систем на Националното централно биро на ИНТЕРПОЛ.

Во однос на ЕВРОПОЛ, Европската Агенција за спроведување на законот, бележиме одлична соработка во повеќе области од заеднички интерес, како што се спречувањето на недозволена трговија со дрога, шверц со оружје борбата против илегална миграција, борба против корупција, како и сајбер безбедност како форма на современ безбедносен предизвик. Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи се сериозен партнер во борбата против криминалот, а нашата држава е прва земја потписничка на Договорот за оперативна и стратешка соработка со ЕВРОПОЛ. На средбата Бојмацалиев и Тасевски беа информирани за значителното зголемување од 45% на отворени предмети на ова одделение, како и за поврзаноста со SIENNA комуникациската алатка за која нашите вработени се обучени и можат да вршат обуки.

На крајот од средбата Бојмацалиев и Тасевски изразија благодарност до раководството на Секторот за меѓународна полициска соработка при БЈБ, при што посакаа уште многу успеси во полициското работење кое е во нивна надлежност.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија38 минути

Со нова систематизација Синдикатот на Македонска пошта сам ќе ги укине вработените кои не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на Македонска пошта во соработка со вработените и со ангажирање експерти ќе подготви нова систематизација која ќе ја достави...

Македонија48 минути

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка позадина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, незадоволни се од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион3 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет4 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го окарактеризира како терористички чин, напаѓачот е уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет4 часа

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион4 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија13 часа

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија14 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија21 час

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија22 часа

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија22 часа

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија23 часа

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија24 часа

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized24 часа

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...

Топ24 часа

На автопатот Скопје – Велес мотоциклист излетал од патот и починал од повредите

Вчера, во 12 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, во близина на тунелот „Бадар“,...

Македонија1 ден

Си плаќаме приватно за да се лекуваме оти не сме здравствено осигурени, велат приватните специјализанти, кои излегоа на штрајк

Над 400 приватни специјализанти утрово излегоа на генерален штрајк барајќи покачување на платите и здравствено осигурање. Тие истакнаа дека надоместокот...