Контакт

Македонија

Одбележан Денот на Општина Ѓорче Петров – со почит кон минатото и визија за иднината

Објавено пред

Со положување цвеќе на споменикот на патронот Ѓорче Петров и со свечена седница на Советот, општината денеска го одбележа својот празник – Денот на Општина Ѓорче Петров.

Пред споменикот на Ѓорче Петров, бројни делегации положија цвеќе и оддадоа почит кон ликот и делото на македонскиот револуционер, просветител, учител и историчар, чие име со гордост го носи општината.

По положувањето цвеќе, одржана беше свечената седница на Советот на Општина Ѓорче Петров на која беше одбележано значењето на празникот, но и постигнатото во изминатиот период, со посебен акцент на проектите и инвестициите што придонесуваат за подобрување на условите за живот на граѓаните.

-Ѓорче Петров не е само име на нашата општина. Тој е дел од нашата историја, нашето наследство и вредностите што не обврзуваат и денес. Нашата обврска е на секоја следна генерација да и оставиме подобро Ѓорче Петров од она што сме го наследиле – рече градоначалникот Александар Стојкоски во своето обраќање пред присутните.

Во изминатиот период, нагласи Стојкоски, Општина Ѓорче Петров реализираше бројни инфраструктурни, образовни, социјални и спортски проекти.

-Особено значаен е инвестицискиот циклус реализиран преку проектот „Ѓорче Петров без кал“, во рамки на кој се реконструираа и уредија над 300 улици, се подобруваше патната инфраструктура и се создаваа подобри услови за секојдневно движење на граѓаните. Паралелно со инфраструктурниот развој, општината инвестира во образованието и грижата за најмладите. Започната е доградба на основните училишта „Јоаким Крчовски“, „Страшо Пинџур“ и „Димитар Поп Георгиев – Беровски“-подрачно, со што се создаваат услови за зголемување на училишните капацитети и воведување едносменска настава – истакна Стојкоски.

Во Волково, додаде, отворен е нов објект за најмладите, започна изградбата на нова детска градинка во Стопански Двор, а се реализираат активности и за изградба на нова образовна институција од ваков вид во Дексион.

Во областа на спортот, изградени се нови спортски терени и реконструирани постојните, додека во Хром е изградена нова училишна спортска сала, со што учениците добиваат современи услови за спорт и рекреација.

Посебно место во развојот на општината имаат и проектите од социјалната сфера, меѓу кои Регионалниот центар во Кучково за деца кои го победиле канцерот, како и Центарот за дневен престој и индивидуален третман за деца и млади со попреченост.

Претседателката на Советот на Општина Ѓорче Петров, Бранкица Дуковски во своето обраќање се осврна на одлуките донесени на Совет кои носат подобар живот за сите граѓани, наведувајќи ги финансиската поддршка за првооделенците, деветооделенците, учениците со попреченост, поддршката за потомците на бранителите, како и низа други мерки кои го олеснуваат секојдневието на жителите на Ѓорче Петров.

На седницата на Советот беа доделени и плакети, дипломи и признанија за најуспешните ученици во повеќе области. Добитник на годишната награда на Општина Ѓорче Петров е поранешниот градоначалник Сокол Митровски.

Одбележувањето на Денови на Општина Ѓорче Петров продолжува вечерва и утревечер во реонскиот парк со уметничко-забавна програма за сите генерации.

Најново

Спорт1 час

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет1 час

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт1 час

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт2 часа

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...