Македонија
Одложен распитот на Јанкулоска, таа не се чувствува виновна
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во среда требаше да излезе пред судија на претходна постапка, но тоа беше одложено поради здравствени причини на судијата, но на излегување од судот Јанкулоска рече дека не се чувствува виновна по ниеден случај што Специјалното јавно обвинителство ги води против неа.
„Јас не се чувствувам виновна за ниту еден случај што го најави СЈО или во однос на кој било предмет што ќе го исконструираат или ќе го искреираат тие, така што кога не сте сториле кривично дело, нема за што да се чувствувате виновен. Јас не се чувствувам виновна во однос на ниту еден досегашен или иден предмет кој би го отворило СЈО бидејќи во вршењето на мојата функција секогаш сум работела чесно, посветено и со огромно внимание и во интерес на Македонија“, рече Јанкулоска.Таа очекува да продолжат активностите на Специјалното јавно обвинителство, односно да продолжат да ја спроведуваат нивната мисија и политичка агенда, особено во контекст на предвремените парламентарни избори.„Но прашањето не е колку случаи ќе отвори Специјалното јавно обвинителство, туку колку случаи ќе затвори и на каков начин ќе го направи тоа. Останува на судот да одлучи како ќе ги затвори овие случаи“, рече Јанкулоска, која е третоосомничена во случајот „Тврдина“.Специјалното јавно обвинителство за второосомничениот, за четвртоосомничениот и за петтоосомничениот во „Тврдина“ има предложено мерка за забрана на напуштање на место на живеалиште и престојувалиште, одземање на патната исправа и обврска да се јавуваат во судот, како и забрана за вршење определени работни активности кои се поврзани со извршување на кривичното дело бидејќи лицата се сè уште во работен однос.За третоосомничената, поранешната министерка за внатрешни работи, е побарано да ѝ бидат изречени мерки за претпазливост, одземање на патната исправа, јавување во судот и забрана за напуштање на живеалиштето.Првоосомничениот, Горан Грујовски, во понеделникот беше пуштен во куќен притвор откако Апелациониот суд ги отфрли жалбите на СЈО и на одбраната како недозволени.Предметот „Тврдина“, кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, се однесува на незаконско уништување на опрема на Министерството за внатрешни работи за следење на комуникациите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач
Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
„Од отворањето на гласачките места до 11.00 часот регистрираме две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Во 09.30 часот на избирачко место 2274 во Штип Г.Ј. го фотографирал гласачкото ливче и од страна на полициски службеници од СВР Штип се преземаат мерки за расчистување на случајот. Во 09.20 часот на гласачко место 2844 во ОУ „Јохан Х. Песталоци“ во Скопје, С.М. (57) го фотографирала гласачкото ливче и од страна на СВР Скопје се преземаат мерки за расчистување на случајот“, додаде Ангеловски.
Тој посочи дека досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, односно гласањето се одвива мирно и без проблеми.
Ангеловски дополни и дека димна бомба има на гласачко место, а пријавени се и летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити.
До 11 часот е пријавено дека на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до 9 часот, се искачи на 12,78 отсто.
Македонија
Најдена испукана димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.
„Досега МВР нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, тоа се одвива мирно, без проблеми. Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, Радовишко, има едно лице што го покажало гласачкото ливче на набљудувач.
За сите овие настани, како што вели тој, се преземаат мерки за расчистување на случаите.
„Покрај тоа, на територијата на општина Чаир се забележани летоци, кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графита. На едно гласачко место во Скопје, покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.
Апелира до граѓаните и учесниците на изборите – во текот на гласањето, до завршувањето, да се воздржат од какви било инциденти.
Македонија
На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто
До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи на 12,78 отсто.
Најголем е одѕивот во Демир Капија – 23,99 отсто, каде што од вкупно 3.208 граѓани до 11 часот гласале 769.
На седмите претседателски избори во земјата право на глас имаат 1.814.317 граѓани на 3.480 избирачки места.