Контакт

Македонија

Охрид СОС: Локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во ѓубриште

Објавено пред

Наместо да биде дел од природното и културно наследство на Охридскиот Регион, локалитетот Мауцкер е комплетно уништен и претворен во нестандардно ѓубриште, со тивко одобрување на Општина Охрид и сите локални и национални институции, велат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.

Од таму велат дека и покрај големиот број нивни реакции, барања до релевантни институции, и покрај повеќе објави и соопштенија споделени со македонските медиуми, и покрај сите препораки на УНЕСКО, никој нема волја да се справи со овој рид од ѓубре кој секојдневно расте и се шири.

„Тука се исфрла буквално сè, како што може да се види и од овие фотографии направени деновиве – опасен отпад, градежен шут, пластика, мебел, па дури и тела на мртви животни кои се распаѓаат на отворено. Додека во изјави се повторуваат заложби за чиста општина, здрава животна средина, на самиот влез (или излез) на градот се шири потенцијална опасност. Оние кои треба да се справуваат и кои добиле мандат да го решат овој проблем се прават слепи и не го гледаат наталоженото „наследство“ кое сегашните несовесни жители на општината го оставаат за идните генерации. Овој локалитет е колективен пораз и огледало на нас самите, какви сме навистина и колку ни значи животната средина“, велат од Охрид СОС.

Од таму наведуваат дека во препораката на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО, ИКОМОС и ИУЦН од 2024 година, се бара „затворање на сите нерегуларни депонии како што се Буково, Мауцкер и Струга, како и сите нелегални локации за фрлање отпад во рамките на доброто, и санирање на погодените области“.

„Најновата мисија само констатирала во својот извештај дека и покрај претходно дадените три години не се направило ништо, и дала дополнителни три години целосно да се исполни оваа препорака, односно рокот е 2027 година. Гледајќи ја состојбата на Мауцкер, на струшката депонија, на Буково, малку е веројатно дека локалната и централната власт нешто ќе исполнат до дадениот рок. Иако ова треба да биде прашање од најголема итност, односот на институциите го покажува спротивното. Постојаното одолговлекување веќе станува алармантно. Никој не презема одговорност нити чувствува каква било грижа на совест. Овие нестандардни ѓубришта го загадуваат воздухот, ја загадуваат почвата, ги загадуваат подземните води. Последиците ги чувствуваме сите ние, ги чувствува живиот свет“, велат од Граѓанската иницијатива Охрид СОС.

Најново

Свет5 секунди

Писториус: Германија ќе ја снабди Украина со пресретнувачки ракети

Германија ќе ја снабди Украина со итно потребни пресретнувачки ракети PAC-2 за системите „Патриот“ од залихите на Бундесверот, изјави денес...

Црна хроника36 минути

Пијан охриѓанец возел електричен тротинет, паднал и завршил со тешки повреди

Синоќа во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски“ во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи  електричен...

Свет1 час

Путин и Трамп разговарале по телефон за прекин на војната во Украина и плановите на Москва за Европа

Претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин денес разговараа по телефон, а разговорот беше „конструктивен“ и траеше...

Македонија1 час

Регистрирани 26 пожари на отворено, шест се активни, соопшти ЦУК

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои 6 се активни, 4 се под...

Забава2 часа

Памела Андерсон се присети на минатото: „Докторот ми рече дека имам најмногу 10 години живот“

На глумицата Памела Андерсон ѝ беше дијагностициран хепатитис Ц кон крајот на 1990-тите. Во тоа време, немаше лек за состојбата,...

Македонија2 часа

Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден – го нарекува народот „талог“, велат од СДСМ

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува...

Забава2 часа

Зошто сливите треба почесто да бидат на вашето мени

Сливите не се само вкусно и сочно овошје, туку можат да имаат и голем број здравствени придобивки. Тие се богати...

Македонија3 часа

Утре, сончево и топло, попладне со услови за дожд, ветер и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за...

Црна хроника3 часа

Пијан кавадарчанец ја вознемирувал поранешната сопруга

Полициски службеници од ОВР Кавадарци во текот на вчерашниот ден во 15:20 часот го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци....