Македонија
OJO: Jaвните обвинители не трпат притисоци во врска со предметите по кои постапуваат

Јавните обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги отфрлаат сите информации што кружат во јавноста за наводни притисоци врз нив во врска со предметите по кои постапуваат и јавно ги осудуваат ваквите изјави што задираат во нивниот интегритет.
Во досегашното работење на сите обвинители во ова обвинителство, без исклучок, во ниту еден момент ниту од Основниот јавен обвинител Ислам Абази, ниту од кој било друг не била загрозена нивната самостојност и одговорност при извршување на нивната функција, се вели меѓудругото во соопштението од ОЈО ГОКК.
Велат дека „принципот на хиерархија и субординација, на кои се темели функционирањето на јавното обвинителство, не задира во независноста при одлучувањето на јавните обвинители кои мериторноста на своите одлуки ја црпат од прибраниот доказен материјал, па така секоја непроверена теза и сензација која ја подрива довербата во обвинителството директно го крши Уставот на РСМ“.
„Јавноста треба да знае дека согласно Уставот на РСМ и согласно законите никој не може да влијае врз законитото, непристрасното и објективното вршење на функцијата на обвинителството. Од тие причини не смее да се дозволи одлуките на обвинителството да се користат за дневно-политичко поентирање, особено ако се има предвид дека секоја донесена одлука влијае на нечија човечка судбина“ стои во соопштението на ОЈО ГОКК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вучиќ ги посети повредените од пожарот во дискотеката од Македонија: Ќе биде добро, лекарите велат да не се грижите

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги посети повредените во пожарот од дискотеката во Северна Македонија кои се на лекување во Клиничкиот центар на Србија.
„Ќе биде добро. Лекарите велат да не се грижите“, му кажа претседателот на еден од повредените, кој лежи во болнички кревет покриен со завои.
– Ви благодарам, тие се одлични лекари – одгови младиот пациент.
„Само држете се, ви посакувам се најдобро, не плачете, ќе бидете добро“, рече претседателот додавајќи дека состојбата на девојчето е донекаде сериозна, но нејзиниот живот не е во опасност.
„Имав можност да ги посетам луѓето кои беа повредени во страшната трагедија во Македонија. Тука лежат 9, во КЦС“, забележа тој на почетокот.
– Степенот на изгореници се движи од 4 проценти до многу повисоко ниво, за да не се исплаши семејството. Најголем проблем за неколку пациенти се повредите на белите дробови. Но, тука. Невозможно е да се најдат подобри услови насекаде во Европа. „Ќе ни дојдат уште 12 пациенти, со што вкупниот број ќе се искачи на 29“, нагласи Вучиќ.
– За нас трагедијата во Кочани е како и било каде кај. Уште еднаш изразувам сочувство до братскиот македонски народ“, рече тој.
Слушнавте, потсети претседателот, млад човек на триесет години кој рече „само да можам ова да го преживеам“.
Во Србија синоќа пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
На протестот Кочани демолирано кафулето на сопственикот на дискотекта „Пулс”

Ескалира протестот во Кочани на кој се бара правда за загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“.
Во еден момент, дел од групата упадна и во кафулето „Класик“ кое е во истата сопственост на нелегалната дискотека и го демолира.
Претходно, пред општинската зграда, голем број граѓани на Кочани се собраа и побараа правда за жртвите. Го повикуваа градоначалникот, Љупчо Папазов, кој поднесе оставка да излезе од зградата, а дел од присутните маваа со камења. Собраните извикуваа „Убијци“ и „Секој еден може да биде следен!“.
Во СВР Скопје и СВР Тетово, за случајот, се приведени 5, а во Штип 13 лица, меѓу нив и три лица од Државниот пазарен инспекторат, едно лице од Инспекторатот за труд, сопственикот на објектот, членови на обезбедувањето, сопственикот на агенцијата за обезбедување, продавачот на карти и други лица вработени во објектот. Одреден е краткотраен притвор за 11 лица.
Македонија
„Убиството на младината е убиство на иднината“ – граѓаните од Кочани на протест побараа правда за жртвите

Голем број граѓани на Кочани се собраа денес општинската зграда и побараа правда за жртвите од смртоносниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Граѓаните извикуваа „Убијци“ и носеа транспаренти со натписи: „Луѓето што имаа задача да не’ чуваат не’ убија“, „Убиството на младината е убиство на иднината“, „Бараме одговорност“.
На протестот, граѓаните носеа и фотографии од своите роднини и пријатели кои ги загубија животите на концертот на групата ДНК.
Тие се собраа пред зградата на Општина Кочани, извикувајќи „Секој еден може да биде следен!“.
Во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, животот го загубија 59 млади луѓе, а 162 се повредени, од кои десетици се испратени на лекување во странство со тешки изгореници. Досега се уапсени 11 лица.
Претходно денес беше објавено дека починал и возачот на брзата помош од Кочани, Иле Гоцевски, кој ги превезувал повредените. По трагедијата и трауматичниот работен ден, дошол дома и заспал, и повеќе не се разбудил.