Контакт

Македонија

(Видео) Оле, донеси чаша вода од чешма, рече Ѓорѓиевски и ја испи за да покаже дека нема бактерии

Објавено пред

Организиран напад еднаков на терористички чин е ширењето хистерија дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, рече денес градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и ја обвини опозицијата за паниката кај скопјани. На вонредна прес-конференција градоначалникот Ѓорѓиевски кажа дека скопската вода е чиста за пиење и е една од петте најдобри води и извори во Европа.

За да докаже дека водата е чиста, тој побара чаша вода од чешма и ја испи пред камерите.

Градоначалникот Ѓорѓиевски си нарача чаша вода од чешма

„Во однос на овој напад којшто се случува од сабајле и ширењето на лажни вести и хистерија, сакам да им порачам на скопјани да бидат спокојни. Јас еве ќе ја замолам Оле, Оле, можеш ли да донесеш вода од чешма? Сакам и јас да се напијам пред вас, за да знаете дека во Скопје водата е безбедна и дека скопјани пијат безбедна вода. Никој друг освен нашата Лабораторија не е подобро организиран и поподготвен да ја испитува водата. А тоа го правиме, на дневно ниво на 36 позиции во градот Скопје. Еве, ова е одлична, обична вода од чешма. Да знаат скопјани дека имаме најдобра вода, најквалитетна вода и дека јас и моето семејство, и мојот осум и полгодишен син, ја пиеме оваа вода“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Нагласи дека не е како некои министри од минатото да дозволи да умрат 30,40,50 луѓе и да нема грижа на совест за тоа. Уверува дека доколку имало некаков проблем во скопската вода, ќе бил прв кој ќе излезе во јавноста да го каже тоа.

Најави дека нема да дозволи ширењето хистерија и паника за водата да помине неказнето.

„Ова, освен што е организиран напад од опозицијата, генерално, знаете на кого мислам, не мислам само на Социјалдемократскиот сојуз, тука мислам и на онаа партија сателит којашто им помага честопати на Социјалдемократскиот сојуз, туку ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад. И од утрово сакам да ве информирам дека се сублимираат сите профили – и лажните, но и оние приватни коишто се припадници на опозициските партии, и уредно во текот на денот од страна на директорот на ‘Водовод и канализација’ ќе бидат доставени до Министерството за внатрешни работи каде што бараме да се постапи соодветно против нив“, рече градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој смета дека овој напад со бактерија во скопската вода од опозицијата доаѓа по вчерашниот неуспешен обид да се вознемират граѓаните поради ѓубрето на 30 километри од изворот Рашче, кое веќе денес се чисти, а Ѓорѓиевски вели дека депонијата е стара 30 години.

Најново

Регион44 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава57 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет2 часа

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет3 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава3 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт3 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...