Македонија
Опремата од Израел, Пуч, изборите, први предмети кои ги побара Јанева

Опремата во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) набавена од Израел, случајот „Пуч“, изборите, коруптивните зделки, како што тврди опозицискиот СДСМ, на битолскиот градоначалник Владимир Талески со превозниците, како и уште еден случај во Куманово, се првите пет предмети кои ги побара Специјалното обвинителство од надлежните јавни обвинителства.
При одлучување околу фактот кои предмети првично ќе бидат побарани од обвинителствата, земена била предвид итноста на предметите, фазата во којашто се наоѓаат и нивната обемност.Јанева го побарала предметот за набавката на опремата од Израел, предмет во кој СДСМ поднесе кривична пријава против поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, Светлана Костова, судијка во Вишиот управен суд и Хаим Хакијни, странски државјанин за злоупотреба на службената положба и примање поткуп.Според, СДСМ, во 2011 година, Мијалков преку НН фирма примил провизија од 840.000 евра, 540.000 евра и 200.000 евра како награда за склучување договор за набавка на опрема, по значително повисока цена од реалната.Јанева го побарала и предметот „Пуч“, во којшто обвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Судењето за овој случај веќе почна во Основниот суд Скопје 1, но Заев не се појавуваше на рочиштата со образложение дека предметот треба да премине во надлежност на Јанева.Неизвесен е исходот на следното судско рочиште на „Пуч“, кое е закажано за на 2 декември, а судијката се закани дека Заев ќе биде стражарно приведен во судница. Јанева, пак, има рок од 16 дена од упатеното барање за предметите да донесе одлука дали предметот е во надлежност на ова Обвинителство.Исто така, изборните манипулации за кои обвинуваше опозицијата најверојатно ќе ги решава Јанева со својот тим. За овој предмет поднесена е кривична пријава против премиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за фалсификување исправа и повреда на избирачкото право.Меѓу првите предмети коишто ги побара Јанева е и оној во кој е поднесена кривична пријава против битолскиот градоначалник, Владимир Талески.Според снимките што ги објави СДСМ, министерот за финансии, Зоран Ставрески го обвинува градоначалникот на Битола, Владимир Талески за коруптивни зделки со превозници. На снимката, што ја објави опозицијата, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој за превоз на ученици потпишал „коруптивен до даска договор“.Јанева го побара и предметот во којшто генералниот секретар на ГРОМ, Виктoр Цветковски на денешната прес конференција во Куманово поднесе кривична пријава против СДСМ за „неовластено прислушување и тонско снимање“. „По добивање на предметите од обвинителствата, очекуваме првите одлуки за надлежноста на ова Обвинителство да бидат донесени во законски предвидените рокови, кои не надминуваат 16 дена од упатеното барање за доставување на предметите. Имено обвинителствата од кои се побарани предметите имаат рок од 8 дена да ги достават истите, а потоа ова Обвинителство во рок од 8 дена треба да донесе одлука за надлежноста“, соопштуваат од Специјалното обвинителство.Специјалното обвинителство закупи простории кои ќе ги користи како работни простории се до целосно функционално уредување на просториите каде претходно се наоѓаше Агенцијата за млади и спорт.Привремените простории се наоѓаат во центарот на Скопје, во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. „Новите работни простории можат да се користат и за сослушување на сведоци и осомничени лица, а воедно организацијата и пристапот до истите овозможува и зачувување на идентитетот на лицата кои ќе бидат повикани на разговор во обвинителството, како и лицата кои поседуваат релевантни информации, а инсистираат на зачувување на нивниот идентитет. Тука би сакале да укажеме дека целта на обвинителството е спроведување на независни истраги во рамки на кои ќе бидат заштитени и гарантирани правата на сите учесници во постапката, како од аспект на нивна безбедност, така и од аспект на обезбедување на сите процесни права“, велат од Обвинителството.Обвинителството назначи и лице за односи со јавност, една од обвинителките од тимот, Ленче Ристова.„Согласно Законот за кривична постапка предистражната постапка е тајна и сите информации кои би биле од значење за успешно водење на постапката нема да бидат соопштувани. Ова може да подразбира и несоопштување на фактот против кого се отворени предистражни постапки и под кои сомненија, а врз основа на анализата на незаконски прислушкуваните материјали. Секако, првичниот момент кога ќе бидат обезбедени доказите и кога ќе се создадат услови за информирање на јавноста, доследно почитувајќи го начелото на транспарентност јавноста ќе биде благовремено известена. Во оваа насока појаснуваме дека воопшто нема да бидат соопштувани податоци дали одредени лица побарале статус на заштитени сведоци, од причина што, имајќи ја предвид јавната покриеност на настаните кои ова Јавно обвинителство ги разгледува, постои опасност од обесхрабрување на ваквите лица да пристапат кон ова Јавно обвинителство и да помогнат во истрагите“, додаваат од Обвинителството./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Здруженијата на новинари на Македонија и Косово со заедничка иницијатива за соработка

Претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Здружението на новинари на Косово (АГК) одржаа работен состанок на кој се разговараше за состојбата на новинарите како и медиумите во двете земји.
Драган Секуловски, извршниот директор на ЗНМ пред дваесетина колешки и колеги од разни медиуми од Косово ги претстави тековните проекти и залагања на ЗНМ во насока на подобрување на солидарноста на фелата но и заштита на правата на новинарите во Македонија кога тие се под закана. Една од формите на подобрување на соработката помеѓу новинарите но и унапредување на нивните знаења е преку активностите на тематските секции на ЗНМ во Скопје но и во другите градови, истакна Секуловски.
Џемаил Реџа, претседател на одборот на Здружението на новинари на Косово, говореше за состојбата со правата на новинарите но и предизвиците кои ги имаат медиумите во нивниот локален контекст. Тој истакна дека ваквите колаборативни посети во соседните земји и размена на искуства и знаења позитивно влијаат на комуникацијата и идната соработка помеѓу новинарите во целиот регион.
На оваа работна средба беше разговарано за можноста да се организираат слични студиски посети на новинарите во земјите од Западен Балкан на теми кои ќе бидат од интерес на новинарите но посебно во насока на заедничко унапредување на професионалните стандарди споделување на информации за успешни примери од работата на новинарите и медиумите. Присутните дебатираа за предизвиците со дезинформациите во регионот, безбедноста на новинарите и за модели за финансирање на медиуми.
Оваа посета на колегите од Косово е дел од активностите на АГК во соработка со Академијата за информативен интегритет на новинарите и предвидува посета на група на млади новинари на неколку медиумски организации, но и медиуми во Скопје.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара од власта да ја поддржи интерпелацијата што ќе ја поднесат за Талат Џафери

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието, истакнуваат од партијата.
Оттука ги повикаа сите пратеници во Собранието да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери.
„Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување.
Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието. Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ. Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието.
Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка?
Постои основан сомнеж дека и Ковачевски и ДУИ намерно провоцираат сценарио во Собранието кое треба да биде дефокус од реалните проблеми, неспособноста и криминалот на власта.
Оставката на Џафери е основан и логичен чин после целото негово поведение и очекуваме СДСМ на Ковачевски да има барем грам доблест“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинетите и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска.
Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски да не бега туку да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор и преку својот телохранител ги прикрил трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Никола Груевски правеше со плацовите на Водно?
Мицкоски мора да даде одговори на овие прашања пред јавноста“.
Соопштение на СДСМ