Контакт

Македонија

Општина Аеродром: Започнува AERO Street Food Festival

Објавено пред

Од денеска до 8 септември паркот „Авионче“ ќе биде домаќин на пет фестивалски вечери со 20 гастрономски брендови, домашна музика, разновидни забавни содржини и бесплатен влез.

Општина Аеродром, велат од таму, сè појасно се позиционира како препознатлива дестинација за современи урбани фестивали и настани што ги обединуваат локалната заедница, културата, музиката и гастрономијата. Од 4 до 8 септември паркот „Авионче“ повторно ќе се претвори во голема сцена на отворено, со второто издание на AERO Street Food Festival.

Во текот на петте фестивалски вечери посетителите ќе можат да избираат меѓу свежо суши, такоси, бургери, гиро, пица, фокача, ќебапи, печени компири, палачинки, сладолед, сутлијаш и бројни други солени и слатки специјалитети.

Во фокусот на годинашното издание е разновидната гастрономска понуда. Дваесет различни концепти ќе претстават вкусови инспирирани од домашната, регионалната и светската кујна – од добро познатите скопски класици до современи рецепти за улична храна.

На фестивалот годинава ќе учествуваат: Burgerslut, Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, 15 за 12, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey, Sweet Look и Жешко компирче.

Концептот е осмислен така што секој посетител ќе може да пронајде нешто по свој вкус, да споделува порции со друштвото и да открива нови гастрономски комбинации. По летните одмори фестивалот ќе биде и одлична можност за повторни средби со пријателите, дружење и заедничко уживање на посетителите од сите генерации.

За музичката атмосфера ќе се погрижат домашни бендови и диџеи. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel и Acoustic Division, додека пред и по концертните настапи публиката ќе ја забавуваат Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, диџеите од Fluere, DJ Guardian, DJ Ficho и Sure Shotz.

Секоја фестивалска вечер ќе биде дополнета со натпревари во брзо јадење, квизови и интерактивни предизвици со публиката, под водство на Бомбакис.

Фестивалот ќе биде отворен за посетители секој ден од 17:30 до 00:30 часот, а влезот е бесплатен.

„Настанот е спонзориран од Општина Аеродром, се одржува под покровителство на Град Скопје, а го организираат Lions in Move и Cafe Mambo.

Со поддршката на ваквите настани, Општина Аеродром го зацврстува својот имиџ на модерна, динамична и отворена општина, во која јавните простори стануваат места за култура, забава, дружење и создавање нови градски приказни.

Пет вечери, 20 гастрономски брендови и една голема маалска трпеза на отворено. Се гледаме од 4 до 8 септември во паркот „Авионче“ – бидејќи финалето секогаш се игра во Аеродром“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет35 минути

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион46 минути

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека станува...

Македонија1 час

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет1 час

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет1 час

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...

Македонија1 час

(Видео) Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција рече дека фирма на сватот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, според...

Македонија1 час

(Видео) Одлуката од 2023 не значи зделка со Алта банка – конфискуваните акции ѝ беа продадени во јануари 2026, кажа Серафимовска-Борозан

СДСМ тврди дека одлуката од јуни 2023 година за продажба на конфискувани акции во Стопанска банка Битола не била поврзана...

Спорт2 часа

Легендата на Бразил удри по Анчелоти: Доста е, спакувај се и оди си

Легендарниот Ромарио побара оставка од Карло Анчелоти, откако Бразил загуби од Јапонија (3:2) во пријателски натпревар. На еден од најдобрите...

Свет2 часа

(Видео) Автобус со работници се преврте во Иран, 12 лица загинаа

Дванаесет лица загинаа, а 16 се повредени откако автобус што превезувал вработени во нафтена компанија се превртел во текот на...