Контакт

Македонија

Општина Центар: Исцрпени се средствата за субвенции за велосипеди и е-велосипеди

Објавено пред

Општина Центар ги информира граѓаните дека средствата предвидени за субвенционирање на купување велосипеди и е-велосипеди се целосно исцрпени. Поради тоа, јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен и по објавување на извесувањево нема да се примаат нови барања во архивата на Општина Центар.

Јавниот повик за субвенционирање на велосипеди и е-велосипеди, отворен на 29. 04.2026 се реализираше по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот на Општина Центар. За проектот „Цел Центар на точак“ за тековната година се предвидени вкупно 600.000 денари.

Од општината со потсетување дека Јавниот повик за субвенционирање на дополнителна опрема за велосипеди и е-велосипеди останува активен.

Граѓаните, додаваат од таму, и понатаму можат да поднесуваат барања за субвенции за седишта за деца и/или заштитни кациги, до исцрпување на средствата предвидени во буџетот, но најдоцна до 1 декември 2026 година.

За дополнителната опрема се субвенционираат 30% од цената, но најмногу до 1.000 денари. „Големиот интерес од граѓаните уште еднаш покажува висока свест за одржлива урбана мобилност и користење еколошки начини на превоз“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Најново

Свет1 час

СЗО чека одговор од Русија за смртта на лаборантката, сомнежите за белодробна чума остануваат непотврдени

Светската здравствена организација (СЗО) сè уште чека официјални информации од руските власти за дијагнозата на лаборантката од Сибир, чија смрт...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Идеалите на борците од 11 Октомври да бидат водилка за денешните генерации

ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддавајќи им почит на борците од Народноослободителната борба...

Македонија1 час

СДСМ: Македонија не е каса за провизии, иднината е во Европа, правда и слобода

Антифашизмот не е само споменик, туку обврска за слобода, правда и достоинствен живот, порача опозициската СДСМ по повод 11 Октомври...

Македонија1 час

Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври: Имаме обврска да градиме демократска, правна и просперитетна држава

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порача дека жртвата на востаниците и партизаните е...

Македонија1 час

Од утре под лупа на „Безбеден град“ и возачите во Охрид, Струга, Кичево и Дебар

Системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ од утре, 12 октомври, ќе почне да функционира и во Охрид, Струга, Кичево и...

Македонија2 часа

ЛДП: За владините функции има пари, а за судии и обвинители нема

Правосудниот систем во Македонија се соочува со сериозни проблеми поради недоволното финансирање, недостигот од кадар и политичките влијанија, реагираат од...

Македонија3 часа

Попова Шапка и Берово со најниска утринска температура од 8 степени

Попова Шапка и Берово утрово беа најстудените места во земјава, со измерени минимални температури од 8 степени Целзиусови. Температура од...

Свет3 часа

По 50 години прв случај на беснило кај ракун во Лос Анџелес

Здравствените власти на округот Лос Анџелес денеска ги предупредија жителите да избегнуваат контакт со диви животни, откако во Вестлејк Вилиџ...

Македонија3 часа

Македонија го чествува 11 Октомври – Денот на народното востание

Денеска е 11 Октомври, 85 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен...