Контакт

Македонија

Општина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски Бачила

Објавено пред

По повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, во Општина Ѓорче Петров на локации каде се наоѓаат спомен-обележјата денеска беше одржана комеморација. Со највисоки почести беше одбележан споменот на хероите кои во 2001 година ги положија своите животи, бранејќи ја татковината, мирот и слободата.

На настанот присутни беа делегација од општината предводена од градоначалникот Александар Стојкоски, претставници на државните институции, припадници на Армијата и безбедносните сили, семејствата на загинатите бранители, како и бројни граѓани.

– Повторно сме собрани на ова местото на сеќавањето, пред споменикот кој засекогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Маријанчо Бошковски. Десетти август е ден кој не смее да се заборави, но и ден кога Македонија молчи од почит и се поклонува пред своите херои – рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во обраќањето на споменикот во Волково.

Тој упати посебна порака до семејствата на загинатите бранители, нагласувајќи дека нивната болка е и болка на целото општество.

-Ниту еден збор не може да ја надомести загубата на син, сопруг, брат или татко. Но, постои нешто што како држава, општина и како народ сме должни да ви го ветиме – нивните имиња никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија, и како и досега, со грижа и почит ќе продолжиме да се однесуваме кон нивните поколенија – рече Стојкоски.

Градоначалникот се обрати и до припадниците на Армијата и безбедносните сили, истакнувајќи ја нивната улога во зачувувањето на слободата и суверенитетот.

-Македонскиот народ отсекогаш знаел дека слободата не е подарок, туку дека таа се заслужува, се брани и се чува. Нашите бранители тоа најдобро го покажаа – додаде Стојкоски.

На крајот од обраќањето, Стојкоски повика на трајно зачувување на споменот за бранителите и на нивната жртва.

Најново

Спорт40 минути

(Видео) Ливерпул демонстрираше сила кај ЛАСК, Феенорд го победи Комо

Феенорд и Ливерпул со победи го отворија вториот ден од второто коло во Лигата на шампионите. Феенорд на домашен терен...

Свет44 минути

Си-ен-ен: Новата портпаролка на Трамп лажно се претставува како адвокат, тоа е казниво

Работата на портпаролот е да ги обликува вестите, а не да стане вест. Новата портпаролка на Белата куќа, Кејти Закарија,...

Македонија52 минути

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот...

Спорт52 минути

Винисиус ќе го пропушти Ел Класико

Винисиус Жуниор нема да игра во Ел Класико против Барселона. Дисциплинската комисија на Шпанската фудбалска федерација (RFEF) го казни со...

Македонија56 минути

Апасиев се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

Претседателот на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, пратеникот Димитар Апасиев, денеска во својот кабинет...

Свет2 часа

Зеленски за САД: Губиме силен партнер, но не по наша вина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се чувствува предаден од потезите на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Русија....

Свет2 часа

Мерц: Ниту едно евро за помошта за Украина не се зема од нашите граѓани

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска во Бундестагот изјави дека помошта за Украина не оди на сметка на германските граѓани и...

Свет3 часа

Ватикан објави информации за здравствената состојба на Папата

Папата Лав XIV закрепнува според очекувањата по операцијата, тој веќе почна да се движи низ болничката соба и да се...

Култура3 часа

Киро Донев номиниран за најголемата книжевна награда во светот за литература за деца „Астрид Линдгрен“

Киро Донев е првиот македонски писател номиниран за некоја од двете најголеми книжевни награди во светот за литература за деца...