Контакт

Македонија

Општина Илинден инвестира во современа механизација и професионална опрема за поефикасни комунални услуги

Објавено пред

Општина Илинден, продолжува со инвестиции во нова современа механизација и професионална опрема, со цел унапредување на квалитетот на комуналните услуги, подобрување на условите за работа на вработените и поефикасно одржување на јавните површини и инфраструктурата.

Во таа насока, во изминатиот период, за потребите на Јавното комунално претпријатие „Илинден“, набавени се батериски коси – тримери, батериска телескопска пила за сечење гранки со додаток за кастрење жива ограда, батериска дувалка, батериска косилка, како и батерии и полначи. Со оваа инвестиција постепено се заменува дел од бензинската механизација со еколошки и енергетски поефикасни алати, кои не испуштаат штетни емисии, имаат значително пониско ниво на бучава и не бараат употреба на гориво и масла. На тој начин се придонесува кон заштита на животната средина, но и кон намалување на трошоците за одржување на опремата, извести Општина Илинден.

„Во рамки на набавката обезбедена е и професионална машина за чистење подови, која ќе се користи за одржување на спортската сала. Со оглед дека салата е во фаза на реновирање, новата машина ќе овозможи поефикасно одржување на подната површина, повисоко ниво на хигиена и подобри услови за користење на спортскиот објект, истовремено олеснувајќи ја работата на вработените.

Дополнително, набавена е и професионална опрема за обработка и заварување на метал, која вклучува МИГ/МАГ CO₂ апарат за заварување, комбиниран МИГ/МАГ CO₂ и рачен електролачен апарат, отсечна пила за прецизно сечење метал и акумулаторна аголна брусилка.

Оваа опрема ќе овозможи изведување на поголем број интервенции со сопствени ресурси, меѓу кои поправка на надградби на комунални возила, метални садови за отпад, реквизити и заштитни огради на детски и спортски игралишта, како и санација на заштитни огради на мостови и друга комунална инфраструктура.

Со овие инвестиции, Општина Илинден продолжува да вложува во модернизација на комуналните капацитети, обезбедувајќи поквалитетни, поефикасни и поодржливи услуги во интерес на сите граѓани“, соопшти Општина Илинден.

Најново

Регион33 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава46 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт3 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...