Контакт

Македонија

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Објавено пред

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци, извести Општината.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација, велат од Општина Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места, се додава во соопштението на Општината.

Најново

Забава1 минута

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт30 минути

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион30 минути

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија34 минути

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија37 минути

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...

Спорт41 минута

(Видео) Хет-трик на Винисиус за 12 минути, Бразил победи со 7:0

Бразилската фудбалска репрезентација го победи Сингапур со 7:0 во вториот пријателски натпревар во оваа земја. Во првиот натпревар, со многу...

Регион51 минута

Хашим Тачи осуден на дополнителни 17 месеци затвор поради влијание врз сведоци

Поранешниот претседател на Косово и некогашен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Хашим Тачи, денеска е неправосилно осуден на...

Црна хроника60 минути

Пијан охриѓанец излетал од коловоз со четирицикл, му биле измерени 2,22 промили алкохол

Полициски службеници синоќа привеле 41-годишен охриѓанец, кој управувајќи четирицикл под дејство на алкохол, изгубил контрола и излетал од коловозот. Како...

Црна хроника1 час

Приведен 56-годишник од Кичевско, со огнено оружје ѝ се заканувал на сопругата

Полицијата синоќа во 22:05 часот приведе 56-годишен маж од кичевско село, по пријава дека со огнено оружје ѝ се заканувал...