Контакт

Македонија

Општина Карпош доделува стипендии за талентирани млади ученици – спортисти од ᴠɪɪɪ и ɪx одделение

Објавено пред

Општина Карпош објави јавен оглас за доделување стипендии за талентирани спортисти, жители на општината, кои во учебната 2026/2027 година ќе бидат ученици во VIII или IX одделение. Со оваа мерка Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво.

Право на стипендија имаат ученици кои се жители на Општина Карпош и ќе можат да достават потврда од училиштето дека во учебната 2026/2027 година ќе бидат запишани во VIII или IX одделение.

Кој може да добие стипендија?

Кандидатите треба да имаат остварено индивидуални спортски резултати во периодот од 1 септември 2025 до 31 август 2026 година, потврдени од матичната национална спортска федерација и усогласени со нејзиниот календар на натпревари.

Според огласот, предвидени се две категории.

Прва категорија, за која стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, опфаќа спортисти кои:

Ø освоиле прво место на официјално национално првенство, односно се национални прваци во индивидуална конкуренција;

Ø добиле награда за индивидуално постигнување, како што се национален рекорд, најдобар играч, најдобар поентер, голгетер, талент и слично;

Ø се репрезентативци на Македонија и имаат учествувано најмалку на еден репрезентативен натпревар, при што потребно е да се наведе кога, каде и против кој противник се одиграл натпреварот и да се достави соодветен доказ – записник, билтен или друг документ.

Втора категорија, со стипендија од 3.000 денари месечно, ги опфаќа спортистите кои освоиле индивидуално второ место на официјално национално првенство. Други спортски успеси и резултати, кои не се опфатени со наведените критериуми, нема да бидат земени предвид при рангирањето. Стипендиите ќе се исплаќаат во период од осум месеци во текот на учебната година.

Што треба да достават кандидатите?

За учество на огласот потребно е да се достават: биографија на спортистот, потврда од клубот дека спортистот е негов член, фотокопија од спортска легитимација, важечки документ од матичната национална федерација со потврда за остварените спортски успеси и резултати, контакт телефон и е-mail адреса, како и трансакциска сметка.

Документите се доставуваат во затворен плик во Архивата на Општина Карпош, на улица „Никола Русински“ бр. 11 – Скопје, со назнака:

„За доделување на Стипендии за талентирани спортисти жители на Општина Карпош кои учат во VIII и IX одделение“. Крајниот рок за доставување на документите е 21 септември 2026 година.

Напоменуваме дека некомплетните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани.

Важни напомени

Еден кандидат од Општина Карпош може да оствари право само на една стипендија – спорт или образование. Исто така, доколку спортистот веќе добил еднократна парична помош од областа на спортот и спортската рекреација од Општина Карпош, неговото барање за стипендија за талентирани спортисти за учебната 2026/2027 година нема да биде разгледувано и одобрено. Барањето, односно предметот, треба да го поднесе родител или законски старател.

Со оваа стипендиска програма, младите спортисти од Карпош добиваат дополнителна можност за финансиска поддршка и поттик за продолжување на спортскиот развој и постигнување уште подобри резултати.

Најново

Регион1 час

(Видео) Загинаа двајцата пилоти по падот на борбениот авион во Грција

Загинаа двајца пилоти од авионот „Phantom“ што се урна во Танагра. Пилотите припаѓаа на 117-то борбено крило со седиште во...

Забава1 час

Една одлука ќе промени сè: Есента ќе биде во корист само на еден хороскопски знак

Есента доаѓа, а со неа и бројни превирања кои особено ќе „погодат“ еден хороскопски знак. Можеби сте на таа листа…...

Свет1 час

Бројот на жртви се зголемува од час во час: 1.344 луѓе загинаа во поплавите во Непал, речиси 5.000 се водат како исчезнати

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на границата меѓу Непал и Тибет се искачи на 1.344, а 4.996 лица се...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Изданијата на Сидни Свини „ја запалија Венеција“: едно нешто особено ќе им се допадне на мажите

Венецискиот филмски фестивал повторно ги собира бројните ѕвезди, а актерката Сидни Свини не ја пропушти можноста да блесне на црвениот...

Забава2 часа

Познатата актерка откри како ослабела повеќе од 36 килограми и драстично го промени својот изглед

Ребел Вилсон конечно ја откри тајната на својата драстична трансформација. Таа ослабе повеќе од 36 килограми, а начинот на кој...

Забава2 часа

(Фото/Видео) На работ на вулгарност: Сакаше да биде елегантна, но залудно

Георгина Родригез повторно успеа да го привлече вниманието на светот. Таа носеше креација која брзо стана главна тема на социјалните...

Свет2 часа

(Видео) Путин до американските пратеници: Пред да започнеме, пренесете ги моите најдобри желби до Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин нареди тридневен прекин на огнот во Киев, почнувајќи од полноќ, додека американската делегација е во Москва...

Спорт2 часа

(Видео) Лудо дерби на „Меаца“, Интер од 0:2 до 3:2 против Наполи

Фудбалерите на Интер направија голем пресврт и го победија Наполи со 3:2, во рамките на 3. коло од Серија А....

Регион3 часа

(Видео) Шест куќи изгореа преку ноќ во голем пожар во Албанија, пожарникарите сè уште дежураат поради ризик

Пожарот во којшто изгореа шест куќи и викендички преку ноќ, во крајбрежната општина Химаре во јужна Албанија беше ставен под...