Контакт

Македонија

Општина Кисела Вода: Бесплатни униформи за сите ученици од основните училишта од овој дел на градот

Објавено пред

Во пресрет на новата учебна година, Општина Кисела Вода обезбеди бесплатни училишни униформи за секој ученик во сите основни училишта на територија на општината, опфаќајќи 5500 ученици.

Дополнително, секое прваче кое оваа есен за првпат ќе седне во училишните клупи, од Општина Кисела Вода ќе добие бесплатно ранче опремено со неопходниот училишен прибор.

Овие мерки, велат од општината, претставуваат директна институционална поддршка за значително олеснување на семејните буџети.

-Децата се нашата најисплатлива инвестиција. Со обезбедувањето на бесплатни униформи за сите 5500 основци од нашите основни училишта, како и комплетно опремени ранчиња за нашите првачиња, ние директно го штитиме и олеснуваме семејниот буџет. Преку овие системски чекори се креира образовен амбиент ослободен од социјални разлики, во кој единствениот фокус на учениците останува воспитно-образовниот процес и нивната лична надградба. Сакаме родителите да бидат спокојни, а секое дете да се чувствува подеднакво вреднувано, достоинствено и прифатено. Општина Кисела Вода останува стабилен партнер на секое семејство, континуирано креирајќи мерки кои го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска.

Најново

Македонија2 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија12 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет9 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава10 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт11 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...

Свет11 часа

(Видео) Авион заглави под мост во близина на Букурешт

Необична сцена е забележана на патиштата во Романија, каде што патнички авион што повеќе не е во употреба се заглавил...