Општество
Данската амбасадорка Пленсер ќе му подари велосипед на министерот Попоски
Данската амбасадорка Лиселоте Плеснер, во рамки на нејзината посета на Македонија ќе оствари средба со шефот на дипломатијата Никола Попоски, при што во духот на пријателството ќе му подари велосипед, промовирајќи го велосипедизмот како опција за здрав живот.
Велосипедската нација во чија метропола над 50 проценти од жителите за главно превозно средство го користат велосипедот, Данска, го става промовирањето на велосипедизмот помеѓу своите приоритети, вели Плеснер во пресрет на посетата на земјава.
„Возам велосипед цел живот: почнувајќи од 10-годишна возраст, за време на училишните и студнтските денови, до денес, без разлика дали станува збор за деловни или спортско-рекреативни активности. Во Виена, скоро секој ден возам велосипед до Амбасадата и назад – околу девет километри дневно, а велосипедот како превозно средство го користам и при одење на официјални состаноци низ градот. За време на мојот мандат, Амбасадата набави четири велосипеди, кои вработените редовно ги користат во својство на транспортно средство додека ги извршуваат службените должности и бројните состаноци. Не само што претставува важен придонес во борбата со климатските промени, велосипедизмот е и брза, здрава и евтина активност. Сите ние може да придонесеме ресурсите на нашата планета да се трошат на разумен начин. Со велосипедизмот сакам да направам промена во насока која ќе придонесе за креирање на поодржливи градови и подобар живот во нив“, истакна Плеснер.
Данската амбасадорка потенцираше дека и претставува задоволство што велосипедизмот зазема сé поголеми размери и во Скопје, особено поради сличните проблеми на земјите со загаденоста на воздухот и бучавата. Таа истакна дека во текот на утрешниот ден ќе му подари велосипед на министерот за надворешни работи Никола Поповски, во духот на пријателството и во знак на поддршка на намерата на Министерството за надворешни работи во нивната заложба за промовирање на велосипедизмот. Велосипедот со ознака „Зелени поздрави од Данска“ ќе биде прв во велосипедската флота при ресорното министерство.
Плеснер изрази задоволство што во исто време во Скопје ќе престојува и светски познатиот архитект и вљубеник во велосипедизмот, Данецот Јан Гел, кој ќе ја придружува при нејзината средба со македонскиот министер за надворешни работи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
