Контакт

Општество

Девет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Објавено пред

Девет години се навршуваат од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ.

По тој повод, во четврток делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, вбр, како и членовите на семејствата на загинатите припадници на вбр ќе положат венци со свежо цвеќе на спомен обележјата пред командата на вбр во касарната ,,Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај Катлановско Блаце. /крај/мф

Македонија

Кабинетот на Иванов: Јанакиески се сретна со претседателот, но не бараше амнестија

Објавено пред

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, завчера имаше средба со претседателот Ѓорге Иванов, но не зборуваа за амнестија, велат од кабинетот на шефот на државата.

„Кабинетот на претседателот на Република Македонија, по објавата во јавноста на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување мерка притвор против лицето Миле Јанакиески, категорично одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука. Ја информираме јавноста дека ниту е побарана ниту е одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана ‘строго доверливо’, а која е основ за определување на мерката притвор. Миле Јанакиески телефонски побара средба со претседателот Иванов, која е одржана на 13.11.2018 година, вторник, во 16 часот, во кабинетот на претседателот на Република Македонија. На средбата воопшто не беа дискутирани темите за амнестија, на која се повикува судот во решението за притвор, која е во надлежност на Собранието на Република Македонија, ниту, пак, аболиција“, се вели во соопштението.

Од кабинетот на Иванов велат дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки. Сето ова, велат од таму, претставува груба полициска манипулација и инволвирање полициски службеници, со што се извршени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

„Останува нејасно врз основа на што се следат активностите на претседателот Иванов и неговиот кабинет од страна на УБК. Очекуваме итни одговори од министерот за внатрешни работи, од директорот на УБК, од претседателот на Основниот суд Скопје 1 на дописите од кабинетот на претседателот на Република Македонија, кои беа испратени денеска. Очигледно е дека продолжува практиката на конструкции и генерирање кризи во македонското општество од неодговорно однесување на припадници на УБК, нешто што претседателот Иванов го потенцира во годишното обраќање до пратениците во 2017 година“, се вели во соопштението.

Претседателот Иванов, велат од неговиот кабинет, како и досега, ќе постапува исклучиво во согласност со Уставот на Република Македонија и неговите надлежности и со никакви притисоци и закани нема да отстапи од тоа.

Прикажи повеќе...

Македонија

Апел од Детската клиника: Новогодишните пакетчиња со храна заменете ги со други подароци

Објавено пред

Клиниката за детски болести упати молба и апел до сите што сакаат да им подарат новогодишни пакетчиња на децата, тие да не бидат во ваква форма затоа што голем дел од децата не смеат да јадат чоколади, бонбони и грицки.

„Во пресрет на новогодишните и божикните празници, сите вие што традиционално во овој период нè посетувате со убава мисла и подароци за нашите најмили, ве замолуваме, годинава, новогодишните чоколадни пакетчиња да ги замените со подароци што не содржат храна. Голем дел од децата што се лекуваат на Клиниката за детски болести не се во здравствена состојба што дозволува јадење чоколади, бомбони и грицки. Затоа, препорачуваме во овој предновогодишен период да ги израдуваме нашите пациенти и да го направиме нивниот престој поубав со малку поинакви подароци“, велат од Клиниката.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јапонска помош од 500.000 евра за набавка на медицинска опрема и реновирање

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда, и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска посети неколку здравствени установи, каде што јапонската влада даде грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи.

Покрај Клиниката за дигестивна хирургија, со програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ се опфатени и Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

„Речиси половина милион евра им беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ги подобруваме условите и ги зајакнуваме капацитетите во здравствените установи онаму каде што е потребно“, посочи министерот Филипче.

Османи посочи и дека од осамостојувањето на нашата држава Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели, како здравство, образование, развој на локалните заедници, во износ над 420 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 минути

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Македонија11 час

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија13 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија14 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија16 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија17 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија17 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија17 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија19 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија19 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија19 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија20 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија20 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток20 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија22 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа23 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија23 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија23 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Досие