Контакт

Општество

Заврши протестот пред Влада, учесниците порачаа дека е време за Четвртиот Илинден

Објавено пред


Мирниот протест пред зградата на Владата, на кој учествуваа над илјада граѓани, заврши мирно, а учесниците порачаа дека се случува „Четвртиот Илинден“.

„Македонија има три Илиндени, 1903, 1944 и 1991 година. Дојде време да го обзнаниме Четвртиот Илинден. Во сите три претходни, Македонците јасно и недвосмислено ја искажаа почитта кон сите оние кои живеат под ова небо. Дојде ред и на нас да ја покажеме таа взаемна почит. Ние, современиците на овој миг имаме должност да ги споиме тие вредности од минатото за доблесно, сите заедно, да се насочиме кон иднината. Ниту еден патриот не е против националните права, култура и традиционални вредности на својот сограѓанин“, порачаа учесниците во протестот.

Маршот кој почна од пред Владата, преку канцеларијата на претседателот, заврши пред Собранието, а протестантите најавуваат дека ќе се собираат секое попладне од 17 часот. /крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија

Нов урбан сквер и детски парк во Карпош

Објавено пред

Од

Нов урбан сквер и детски парк ќе добијат граѓаните на општина Карпош, на границата меѓу урбаните заедници Нерези и Тафталиџе 2. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, заедно со стручните соработници и членови на Советот на Општина Карпош, го презентираше проектот на јавна презентација (отворена средба) пред засегнатите граѓани од овој дел на Карпош.

На овој начин, како што велат од општината, дополнително ќе се оплемени просторот. Постоечкото зеленило ќе се зголеми со нови садници, а ќе биде поставена и урбана опрема, клупи, ЛЕД-светилки, корпи за отпадоци и лулашки за најмладите, велат од општината.

„На празните и слободни површини, меѓу зградите, нема да никнуваат нови згради кои ќе го ‘гушат’ просторот, туку поставуваме ново зеленило. Слободните површини ги разеленуваме и ја задржуваме нивната автентичност не ги уништуваме“, рече Богоев.

Со граѓаните се разговараше и за безбедноста на овие нови урбани скверови и детски паркови. Градоначалникот Богоев посочи дека ќе има постојан надзор над истите со цел да се спречи уништување, но и да се зголеми безбедноста на посетителите.

Беа разменети мислења и за хигиената во Карпош и новата зелена офанзива во општината, за кои цели, како што беше кажано, се ангажирани повеќе хигиеничари кои рамномерено се поделени низ сите урбани заедници.

Во изминатите десетина дена комуналните служби на Општина Карпош засадија и нови, 113 висококвалитетни дрвја во урбаните заедници: Владо Тасевски (Млечен), Карпош 1, Карпош 2 и Тафталиџе 1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок

Објавено пред

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „Макфакс“ тој вели дека негов личен став е во пописните материјали да нема поле за етничка припадност. Свесен е дека со ваквата изјава отвора пандорина кутија по прашањето на етничката припадност и очекува да се развие дебата околу тоа дали треба да се пребројуваме и на овој начин. Неговиот став е дека етничката припадност е менлива категорија и податок кој од нив како институција досега се барал само во политички цели па затоа смета дека не треба да се најде во пописните материјали.

Се залага за укинување на етничките квоти при запишувањето на факултетите и апелира сите да почнеме да размислуваме граѓански а не етнички.

За веќе усвоените закони базирани на етничка припадност, Симовски вели дека се завршена работа и еднаш веќе даденото право не може да се укине без разлика на пописот.

Според него, најдобар датум за пописот е 1 април 2020 година.  Симовски вели дека трошоците за пописот не треба да надминат 8,5 милиони евра. За првпат при попишувањето ќе се користи електронски регистар на население како носечки столб што ќе ги обедини податоците за граѓаните од сите други бази на податоци кои ги имаат институциите.

Неговите очекувања од крајниот резултат од пописот не се оптимистички. Смета дека бројот на населението ќе биде помал во однос на последниот попис поради големиот број иселувања.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ученици од Кочани што ќе ја претставуваат земјава на Светското првенство за иновации се сретнаа со премиерот Заев

Објавено пред

Од

Премиерот Зоран Заев, заедно со директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, денеска одржа средба со ученици иноватори и нивните ментори, кои како тим наречен MAKBot Pioneers ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Детроит во САД, организирано од Асоцијацијата за препознавање наука и технологија и од компанијата „Лего“.

Тимот MAKBot Pioneers е составен од девет ученици од сите основни и средни училишта од Кочани. Тимот функционира во склоп на СОУ „Гошо Викентиев“ и работи како дел на кабинетот по роботика.

Нивниот проект е посветен на употреба на неискористениот потенцијал на термичките води, кои кога се враќаат како отпадна вода ја имаат вистинската температура за одгледување на алгата спирулина.

Изразувајќи огромно задоволство од средбата, премиерот Заев истакнал дека е чест да се дружи со младите ученици, иноватори и нивните ментори, кои покажуваат на дело дека во Македонија може да се дизајнираат и создаваат корисни дела.

„Јас ги повикувам нив, но и сите млади, да работат, да создаваат и да креираат тука, во нашата Македонија. Притоа се обврзувам дека Владата ќе продолжи да ја интензивира поддршката за иновации, за информатичка технологија, за развој и за дигитализација на Македонија“, истакна Заев.

„Овој тим од вредни, креативни и посветени ученици и нивниот пронајдок – робот, кој извршува задачи во областа хидродинамиката, ќе ја претстави и промовира Македонија на светската мапа на млади иноватори и затоа ја заслужуваат сета наша поддршка. Да им честитаме на учениците, но и на нивните професори и ментори кои се заслужни за успешно завршената работа“, рече премиерот Заев.

Посакувајќи им среќа на претстојниот светски натпревар, кој ќе се одржи од 25 до 28 април, премиерот Заев на тимот млади иноватори им порача дека веќе го имаат постигнато најголемиот успех со тоа што ја добиле шансата да се натпреваруваат во групата на 107 учесници од над 60 земји.

„Се договоривме дека, без разлика на исходот на Светското првенство, ќе ми пишат имејл како си поминале и ќе ми пратат фотографии од Детроит“, додаде премиерот Заев.

Професорот Гордан Анастасов, изразувајќи благодарност за сите помагачи и спонзори, информира дека тимот од млади иноватори работел сам на идејата и реализацијата на роботот и проектот и освоил одлични резултати на регионални натпревари во Србија и Словенија, по што е поканет на Светското првенство.

Ученикот Горјан Илијевски пред присутните ја претстави работата на роботот направен од лего-коцки со разни приклучоци во зависност од мисијата што треба да ја извршува.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

(Видео) Приведена скопјанката која пушеше марихуана на улица

Полицијата ја приведе скопјанката која пушеше марихуана на улица и снимката ја сподели на „Фејсбук“. Двајца полицајци попладнево ја лоцирале...

Македонија5 часа

(Видео) Груевски: И сведоците предложени од СЈО сведочеа во наша корист

По денешното судење во кривичниот суд за предметот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот повторно, како што...

Македонија5 часа

(Видео) Симовски: Етничка припадност ќе нема на пописот оти е непотребен податок

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, најавува револуционери измени на претстојниот попис. Во интервју за „Макфакс“ тој вели...

Македонија10 часа

Владата допрва ќе одлучува дали Орце Камчев ќе стане почесен конзул на Бугарија

Владата допрва ќе одлучува за барањето на Бугарија бизнисменот Орце Камчев да биде именуван за почесен конзул во Македонија. Портпаролот...

Македонија10 часа

Скопје ќе добие нов екоавтобус

Нов екоавтобус ќе сообраќа на линијата со број 2 на релацијата од Автокоманда до Сарај и обратно, објави денеска градоначалникот...

Македонија10 часа

Манчевски: Регистарот на населението не е замена за попис

Министерството за информатичко општество и администрација денеска организира јавна трибина за Законот за централен регистар на населението и Законот за...

Македонија11 час

Фејзи Азири ќе биде вратен во затвор

Фејзи Азири, обвинет во случајот „Монструм“, ќе биде вратен во затвор за издржување затворска казна за нелегално поседување оружје. Кривичниот...

Македонија11 час

Двајца обвинети за крвавиот четврток излегуваат од притвор бидејќи понудиле гаранција

Две лица, кои се меѓу обвинетите за наслилствaта во Собранието од 27 април минатата година, ќе излезат од притвор бидејќи...

Македонија14 часа

Ердоган: Македонија има поддршка од Турција за влез во НАТО

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во Анкара се сретна со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Како што соопшти собраниската прес-служба,...

Свет15 часа

Лавров: Путин и Трамп нема да дозволат вооружен судир

Владимир Путин и Доналд Трамп нема да дозволат вооружен судир меѓу Русија и САД, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија15 часа

Ново рочиште за набавката на „мерцедесот“ од 600.000 евра

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжи судењето за предметот „Тенк“ на специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на...

Македонија15 часа

Јанакиески на суд за „Сончев Град“

Во кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Топлик“ на специјалното јавно обвинителство, во кој се обвинети...

Македонија1 ден

ЕЛЕМ: Децата на Грчев и Џафери се ангажирани оти имаа исклучителни биографии

По вработувањето на Димитар Грчев, син на архитектот Мирослав Грчев, и Бесијана Џафери, ќерка на собранискиот спикер Талат Џафери, од ЕЛЕМ за „Макфакс“...

Македонија2 дена

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија2 дена

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион2 дена

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија2 дена

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија2 дена

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет2 дена

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија2 дена

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Досие