Контакт

Општество

ЗНМ: Власта да престане со координирано вербално насилство против новинари

Објавено пред

Здружението на новинарите на Македонија(ЗНМ) го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

„Ваквите напади имаат за цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата. Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели“, се вели во реакцијата на ЗНМ.

Спорен нив, изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски за расчистување со медиумите на Сорос, е еклатантен пример на повикувањена јавен линч против неистомислениците на власта.

„Исто така, потсетувањето на овој контекст на контроверзни личности од историјата, извршители на атентати, претставува акт на повикување на насилство против новинарите. Таквите практики немаат врска со вредностите на слободните и демократски земји, туку се реликти од тоталитарните режими, кои имаат предизвикано големи страдања на човештвото“, велат од ЗНМ.

Тие ги осудија навредите на градоначалникот на Берово против новинарката Даниела Такева и ги оценуваат како недолични под секое ниво на домашно воспитување на еден градоначалник.

„Ги повикуваме претставниците на власта да престанат со навредите и повиците за насилство против новинари и ги потсетуваме дека заради тоа ќе сносат одговорност за евентуалните последици. Ако има примери на непроферсионално однесување ги повикуваме да се бара од медиумите исправка или демант, а во случај да бидат игнорирани да се обратат на професионалните организации одговорни за саморегулација во медиумите“, порачуваат од ЗНМ.

Од Здружението ги повикаа сите новинари да ги проверат нивните информации од различни извори и да не ги користат медиумите за пресметка со неистомислениците. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Осмооделенец уби осум деца и еден наставник во училиште во Турција

Девет лица, меѓу кои осум деца, беа убиени денес во пукотница во средно училиште во југоисточна Турција, изјави турскиот министер...

Македонија8 минути

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност...

Македонија11 минути

Муцунски – Прево: Белгиска поддршка на Македонија во нејзината европска интеграција

На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес во официјална посета на Република Северна Македонија...

Свет52 минути

Германски министер: Не учествуваме во војната во Иран, но ги чувствуваме последиците

Германија, иако не е вклучена во војната во Иран, директно ги чувствува нејзините економски последици, изјави денеска германскиот министер за...

Свет1 час

Маѓар објави видео, од далеку се гледа Орбан на балкон: Што мислите дека чита – неговиот проштален говор или спортски вести?

Победникот на неодамнешните унгарски избори и иден премиер, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата Шандор во Будимпешта, каде што...

Свет1 час

Трамп објави слика од Исус како го прегрнува: „Ми изгледа доста убаво!!!“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави слика од Исус како го прегрнува, генерирана од вештачка интелигенција, на својата социјална мрежа...

Свет2 часа

Лавров во Пекинг: Русија и Кина го зајакнуваат сојузот

Русија е подготвена да го зголеми количеството енергија што ја извезува во Кина пред очекуваната посета на претседателот Владимир Путин,...

Македонија2 часа

Савески во Врховниот суд: разговарано за поефикасно постапување по предметите во надлежност на највисокиот суд

Во рамките на заложбите за поефикасна координација меѓу Јавното обвинителство на РСМ и Врховниот суд на РСМ, државниот јавен обвинител...

Спорт2 часа

Мајкл Овен го избра фаворит на Светското првенство

Поранешниот напаѓач на Англија, Мајкл Овен (46), ги сподели своите размислувања за претстојното Светско првенство, истакнувајќи ја Франција како главен...