Контакт

Општество

Миленко Неделковски и Мирка Велиновска ширеле дискриминација и говор на омраза кон Албанците

Објавено пред

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги утврди дека ТВ Алфа го прекршила членот 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој забранува поттикнување или ширење дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност во емисијата „Миленко Неделковски шоу“. Од Јавното обвинителство и од Комисијата за заштита од дискриминација побара да поведат постапка бидејќи во Законот не е предвидена мерка за прекршување на овој член.

Според образложението, во емисијата на Миленко Неделковски емитувана на ТВ Алфа, каде што гостувала новинарката Мирка Велиновска, во јануари 2018 година ширеле дискриминација, нетрпеливост и омраза кон Албанците во Македонија.

Во извештајот на Агенцијата за медиуми, кој е објавен на нивната веб-страница, се цитирани конкретни примери од емисијата, односно делови каде што Неделковски и Велиновска ги нарекуваат Албанците со погрдни зборови: „Арнаути“, „чергари“, „диво племе“, „шиптари“, „скитачи“…

Според извештајот, со одлуката да се емитува оваа однапред снимена емисија, ТВ Алфа овозможила да се шири дискриминација и говор на омраза врз основа на етничка припадност. Иако емисијата „Миленко Неделковски шоу“ е надворешен проект и ставовите изнесени во неа не се ставови на телевизијата, тоа не ја намалува уредничката одговорност за изборот да ја емитува во рамките на својата програмска шема, напишале од Агенцијата во извештајот.

Македонија

Пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Објавено пред

Од

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев.

На минатото рочиште Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна, а одлуката треба да ја соопшти судијата Дарко Тодоровски. Заев е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп, за што е предвидена казна од 1 до 5 години, а со старото обвинение за примање поткуп најниската казна беше 5 години.

Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови на 15 мај рече дека Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката. Премиерот рече дека каква и да е одлуката на судот, ќе ја почитува. „Тоа што се случувало е срам за Јавното обвинителство во тоа време“, рече Заев

Прикажи повеќе...

Македонија

Луѓето кои го открија прислушувањето во Македонија, номинирани за награда во чест на убиената малтешка новинарка

Објавено пред

„Новинари, укажувачи и чувари на правото на информирање”. Под ова мото, во Европскиот Парламент на 29 мај ќе биде доделена награда, која секоја година ја доделуваат парламентарни групи во оваа европска институција. Годинашната награда е во чест на Дафне Каруана Галиција, малтешката новинарка, која беше убиена со бомба поставена во нејзиниот автомобил.

Meѓу номинираните се укажувачите oд Македонија (т.н. „свиркачи“) Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, вработените во МВР, кои го открија скандалот со масовното прислушување и придонесоа за промена на власта.

Номинирани се и Јан Куцијак, словачки истражувачки новинар, кој истражуваше даночни измами меѓу бизнисмени и словачки политичари, потоа Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, Марија Ефимова, укажувач, која откри корупција поврзана со малтешките политичари и Рафаел Халет, укажувачот за даночна евазвија во Луксембург, поврзан со „Луксембург Ликс“.

Одлуката за наградата ќе ја донесе деветчлено жири, меѓу кои, членуваат истражувачки новинари и укажувачи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пресуда за Заев в понеделник – за Груевски в среда

Објавено пред

Неделава кривичниот суд во Скопје треба да ги објави пресудите за случаите „Поткуп“ и „Тенк“, во кои се обвинети актуелниот премиер Зоран Заев и експремиерот Никола Груевски.

Кога Обвинителството го преквалификува обвинението за Заев со друг став за кој е предвидена поблага казна, наместо петочлен судиски совет, одлуката треба да ја соопшти судијата Дарко Тодоровски. Заев е обвинет за ветување дека ќе прими поткуп за што е предвидена казна од 1 до 5 години, а со старото обвинение најниската казна беше 5 години.

В среда Никола Груевски ќе ја чуе првата пресуда по предметот на СЈО, „Тенк“, за набавката на „мерцедесот“. Одлуката ќе ја соопшти судијката Добрила Кацарска, која е претседател на судискиот совет. СЈО за Груевски побара казна затвор, која според кривичното дело е од 1 до 3 години. Првото рочиште беше закажано за 31 јануари годинава. Против Груевски активни се уште 4 обвиненија за кои течат постапки во кривичниот суд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет1 час

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Македонија2 часа

Пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд во Скопје денеска треба да ја објави пресудата за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев....

Македонија11 час

Планинар од Македонија почина на Хималаите

Македонскиот планинар Георги Петков (63) од Гевгелија починал денеска од срцев удар на Хималаите, додека се искачувал на највисокиот врв...

Македонија13 часа

Ротации во Владата – Дескоска оди во Правда, образованието ќе го води Арбр Адеми

Почнуваат ротациите и најавената мини-реконструција во Владата. Според последните информации, владејачките партии СДСМ и ДУИ ќе ги заменат министерствата кои...

Македонија18 часа

Поради спор со името, ПСК „Чеплес“ четири години одбиван за членство во Федерацијата на планинари

Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Чеплес“ од Велес четири години се обидува да стане член на Федерацијата на планинарски спортови на...

Македонија20 часа

Шекеринска: Со Илинденска Македонија покажуваме дека ниту сме имале ниту ќе имаме територијални претензии

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска смета дека предлогот Република Илинденска Македонија е решение со кое сите од процесот...

Македонија24 часа

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница, му реплицираат од Владата на Ципрас

Република Илинденска Македонија е име со временска одредница кое се повикува на конкретни датуми од минатото и е реална можност...

Македонија1 ден

Грчките политички лидери не го прифаќаат предлогот за решавање на спорот за името

Грчката влада соопшти дека предлогот за решавање на спорот околу името на Македонија треба да содржи географскa или временска одредница....

Македонија2 дена

(Видео) Иванов: Став за новиот предлог ќе изградам откако ќе го добијам на писмено

Се додека не добијам писмена достава за она што се разговарало на средбите помеѓу Македонија и Грција во врска со...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа промена на името и Уставот

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот од минатото дека нема да поддржи промена на Уставот и промена на уставното име, рече лидерот...

Македонија2 дена

(Видео) Република Илинденска Македонија е предлогот за името

По денешната лидерска средба премиерот, Зоран Заев, во изјава за медиумите обелодени дека предлогот за кој разговарале со неговиот грчки...

Македонија2 дена

(Видео) Угриновски по трет пат избран за претседател на Федерацијата на планинари

Јовица Угриновски попладнево по трет пат е избран за претседател на Федерацијата на планинари.  Тој беше единствен кандидат за оваа...

Македонија2 дена

Мицкоски: Да се обединиме против злото, а тоа е Зоран Заев

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористи сите алатки кои што му стојат на располагање да се бори против оваа ненародна власт и...

Македонија2 дена

Група граѓани со транспаренти и патриотски песни ги пречекуваат учесниците на лидерската средба

Група граѓани со транспаренти и пеејќи патриотски песни ги пречекуваат лидерите на партиите кои денеска попладне во Клубот на пратеници...

Свет2 дена

(Во живо) Кралската свадба на принцот Хари и Меган

Меган Маркл официјално ќе стане дел од британското кралско семејство. Церемонијата ќе се одржи напладне во Сент Џорџ капелата и...

Свет2 дена

(Видео) Сe е подготвено за спектакуларната кралска венчавка 

Камерите и фотоапаратите на светските медиуми викендов се свртени кон најголемиот настан за кралското семејство, венчавката на принцот Хари и...

Економија3 дена

(Видео) Тасева обвини дека проблемот во „Фени“ е поголем од оној во „Скопје 2014“, бара државните институции да го испитаат

Стечајната судијка на „Фени“ направила формална повреда на Законот за стечај оти не го отфрлила планот за реорганизација на комбинатот...

Култура3 дена

Петиција против пазарењето со културата – Не шуткајте нè во невидливи ќошиња

Интензивни реакции на социјалните мрежи по шпекулациите дека Владата преговара со Беса за ресорот култура. Оваа информација не ја потврдија...

Македонија3 дена

Грујевски и Бошкоски нема да бидат екстрадирани, одлучи Врховниот суд во Атина

Горан Грујевски и Никола Бошкоски нема да бидат екстрадирани во Македонија за да им се суди за децениското нелегално прислушување. Врховниот...

Досие