Контакт

Општество

МТСП: Семејството Демиров ќе добие еднократна парична помош

Објавено пред

Седумчленото семејство на 40 годишниот Ѓунеј Демиров од Штип чија што куќа вчераутро се опожари и коешто остана без кров над глава, ќе добие помош од Министерството за труд и социјална политика.

„Демиров кој живее со својата сопруга, двете деца, бабата и внукот иако не е корисник на социјална парична помош ќе добие еднократна парична помош. Имено, тој иако не е корисник ниту на било кое друго право со оглед на состојбата во којаштро се наоѓа во моментов и е состојба на ризик има право да добие еднократен паричен надоместок“, информираат од Министерството за труд и социјална политика. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Фиорентина бега од опасната зона

Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови...

Спорт2 часа

(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“

Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер...

Регион3 часа

Македонски државјани изнудиле 40.000 евра од пензионерка во Хрватска со измама дека ќерка и’ е во болница: eдна приведена, по двајца се трага

Загрепската полиција уапсила 25-годишна државјанка на Македонија, дел од група од тројца измамници кои, претставувајќи се како лекари, измамиле 87-годишна...

Спорт4 часа

Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека...

Црна хроника4 часа

Напад во Затвор Штип: осуденик физички нападнал друг затвореник

Во Казнено-поправната установа Затвор Штип бил пријавен инцидент во кој еден осуденик физички нападнал друг. Според пријавата во СВР Штип...

Македонија4 часа

Израелската амбасадорка ја поздрави реакцијата на властите по обидот за палење на синагогата

Израелската амбасадорка во земјава, Вивијан Аисен, ја поздрави реакцијата на македонските власти по обидот за опожарување на објект на Еврејската...

Спорт4 часа

(Видео) Жан Тод призна: Шумахер два пати не играше чесно и тоа скапо го плати

Жан Тод, потврди дека Михаел Шумахер два пати во кариерата, неспортски се обиде да освои шампионска титула. Легендарниот Тод, го...

Спорт4 часа

Капитенот ја заврши сезоната

Фудбалерот на Тотенхем, Кути Ромеро, ќе мора да паузира помеѓу шест и осум недели, објави Фабрицио Романо. Ромеро претрпе повреда...

Свет5 часа

(Видео) Ова беше чесен пораз, продолжуваме да му служиме на народот, рече Орбан ден по изборите

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, повторно се огласи по изборниот пораз, обраќајќи им се на гласачите на неговата партија Фидес-КДНП....