Контакт

Општество

Одбележување на 145 години од раѓањето на Гоце Делчев

Објавено пред

Со низа активности денеска се одбележува 145-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Делегации на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи ќе положат цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Цвеќе ќе биде положено и на спомениците на Делчев во главниот град – на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк.

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница во екот на подготовките за Илинденското востание. Тој бил против прераното започнување на востанието и заедно со својата чета ја обиколувал Македонија за да ја согледа состојбата./крај/мф

Најново

Спорт38 минути

Јамал и Халанд пишуваат историја по Светското првенство, тие вредат повеќе од 200 милиони евра

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, Ламин Јамал и Ерлинг Халанд се на врвот на листата на највредни фудбалери...

Македонија46 минути

Општина Чаир донира вода за пиење за граѓаните на Гостивар

Општина Чаир испрати помош со вода за пиење за граѓаните на Гостивар. „Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со...

Спорт51 минута

(Видео) Аргентинската легенда проговори откако го удри Олмо по финалето на СП

Роберто Ајала, член на тренерскиот штаб на аргентинската репрезентација, за прв пат проговори за инцидентот по финалето на Светското првенство,...

Црна хроника58 минути

Четворица вевчанци го оштетиле ЈП „Национални шуми“ за над половина милион денари, добија кривични пријави

Струшката полиција поднесе кривична пријава В.Р.(56), З.П.(61), А.А.(61) и Т.Д.(49), сите од Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени...

Свет1 час

Украински дронови во Пентагон

Украина се согласи да извезува дронови во САД за да учествува во програмата на Пентагон „Доминација со дронови“, потврди извор...

Македонија1 час

Во петок локален дожд, викендов сончево време

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец,...

Црна хроника1 час

62-годишник силувал малолетничка во Струмица, полицијата му поднесе кривична пријава

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.С.(62) од струмичко поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на...

Црна хроника1 час

Уапсен 16-годишник од Радуша, излетал од патот со автомобил со германски таблички, полицијата му го одзеде возилото

Полициски службеници од СВР Тетово вчера во селото Јегуновце уапсија 16-годишен малолетник од село Радуша оти без возачка дозвола управувал...

Црна хроника1 час

Прилепската полиција уапси 52-годишник оти предизвикал пожар во кој изгорела сува трева на голема површина

Синоќа прилепската полиција го уапси 52-годишниот (Г.Ц.) од селото Чепигово, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар на отворено во кој...