Контакт

Општество

Одржана светската премиера на документарниот филм „Езеро од јаболка“

Објавено пред

Светската премиера на документарниот филм „Езеро од јаболка“ во Скопје, во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, се одржа во Кинотека “Македонија”.

Филмот зборува за резултатите од долгогодишните напори на Програмата за развој на Обединетите нации и Општината Ресен за намалување на загадувањето на Преспанското Езеро, кои се финансиски поддржани од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка.

„После петнаесет години работа и петнаесет милиони долари инвестиција среќни сме што виталните функции на Преспанското Езеро се обновуваат, благодарение на промената на начинот на кој земјоделците ги одгледуваат своите култури, намалувањето на внесот на загадувачки материи од различни извори и подобрувањето на управувањето со ресурсите“, изјави Генералниот потсекретар на Обединетите нации и Администратор на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Хелен Кларк во нејзиниот воведен говор.

Последните истражувања покажуваат дека најголемиот дел на земјоделците во Преспа имаат усвоено модерни производни практики, како што се фертиригацијата, методи за контрола на употребата на пестициди и подобрување на карактеристиките на почвата со примена на органски ѓубрива. Како резултат на тоа значително е намалена употребата на пестициди, вештачки ѓубрива и вода за наводнување.

Проектот е исто така од непроценлива важност за локалната самоуправа. Локалните капацитети се на нивото потребно за успешно соочување со идните предизвици и одржување на импулсот на одржливиот развој на долг рок.

„Ова е одличен пример на „тројна победа“ за одржливиот развој која ние во УНДП се обидуваме да ја постигнеме секаде каде што работиме. Ова искуство УНДП ќе продолжи да го користи во многу други земји во светот кои се соочуваат со слични предизвици на својот пат кон остварување на Целите за одржлив развој”, заклучи Хелен Кларк. /крај/со/ст

Најново

Спорт24 минути

Меси со емотивна порака пред финалето: Што и да се случи, веќе испишавме историја

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале,...

Спорт30 минути

Вечерва се игра големото финале на СП: Шпанија против Аргентина

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското...

Спорт45 минути

Мбапе го надмина Меси и стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место...

Спорт49 минути

Рајс: Ова е најдобрата Англија после долго време

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над...

Спорт59 минути

Kолку заработи Англија со бронзата на Светското првенство

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај...

Култура1 час

Стоечки овации за Ана и Игор Дурловски на „Охридско лето“

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот...

Спорт7 часа

Спектакл во Мајами – Сака со хет трик ја сруши Франција во последниот меч на Дешан

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал....

Спорт11 часа

Челзи го договори трансферот на Морган Роџерс

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја...

Црна хроника11 часа

Мајка пријавила дека нејзиниот малолетен син со месеци бил физички малтретиран во Аеродром

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран...