Контакт

Општество

Презентација за обуката и за Центарот за обука на пилоти

Објавено пред

Презентација за обуката и за Центарот за обука на пилоти ќе се одржи во сабота напладне во Домот на АРМ во Скопје.

На презентацијата ќе присуствуваат директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, инструктори, завршени кадети и кандидати кои во моментов се обучуваат во Центарот.

„Сите оние кои се заинтересирани, потенцијални кандидати и кои ги исполнуваат условите согласно Конкурсот ќе имаат можност да поразговараат и да се информираат за процесот на обука и се она што ги интересира во однос на професијата пилот и идниот ангажман како пилоти во Армијата на Република Македонија“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Едниот син „побегна“, другиот објави 18+ фотографија: Што ќе кажат Дејвид и Викторија?

Круз Бекам реши да ја искористи медиумската прашина што се крена по семејниот скандал, а сега излегува неговиот најнов сингл,...

Забава8 минути

Најголемиот тренд во фризурите: Беше хит на минатиот век, сега е уште подобар

Исфенираниот боб од деведесеттите комбинира две од најмодерните фризури: фризурата со фенирање и класичниот боб. Пролетта е сè за промени,...

Спорт9 минути

Робертсон во Тотенхем, под услов клубот да избори опстанок

Тотенхем е во напредни преговори со дефанзивецот на Ливерпул, Енди Робертсон. Робертсон минатата недела потврди дека го напушта „Енфилд“ по...

Македонија18 минути

„Идниот премиер на Унгарија најавува длабоки реформи на медиумите кои беа под контрола на Орбан“, велат од СДСМ

„Идната влада на Тиса, предводена од Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите и враќање на Унгарија на европскиот пат....

Свет22 минути

Белата куќа одбива да каже дали се разгледуваат нови разговори

Белата куќа одби да каже дали се разгледуваат нови разговори со Иран. „Претседателот Трамп, потпретседателот Венс и преговарачкиот тим јасно...

Спорт25 минути

Карик: Една од најлошите одлуки што сум ги видел

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, беше лут по натпреварот со Лидс. Лидс победи на „Олд Трафорд“ со 2:1, а...

Свет26 минути

Иран: Блокадата на пристаништата од страна на САД е сериозно кршење на суверенитетот

Амбасадорот на Иран во Обединетите нации ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, нарекувајќи ја сериозно кршење...

Забава32 минути

Луѓето родени под овие два знака имаат повеќе среќа отколку памет

Среќата им е наклонета на храбрите, а овие хороскопски знаци се ориентирани кон преземање ризици. Астролозите тврдат дека овие два...

Спорт38 минути

Руските и белоруските спортисти повторно под своите знамиња

Руските и белоруските спортисти ќе можат повторно да се натпреваруваат под своите национални знамиња на меѓународни натпревари во пливање и...