Контакт

Општество

Промовирана македонска поштенска марка во САД

Објавено пред

 

На покана на Друштвото на теоријата на комуникации, како дел од Американскиот институт на инженери од областа на електрониката, Ректорот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид, Нинослав Марина, на Конгресот на Друштвото, што се одржа минатата седмица во Сан Диего, Калифорнија, пред американската јавност ја промовираше поштенската марка со ликот на американскиот научник Клод Елвуд Шенон. Марката беше издадена од Македонска пошта во 2016-та година.

 

„Како еден од авторите на иницијативата за чествување на 100 годишнината од раѓањето на прославениот американски научник и татко на „Математичката теорија на комуникации и теорија на информации” преку издавање на поштенска марка со неговиот лик, се радувам и ја делам радоста на членовите на Друштвото на теоријата на комуникации, кои изразуваат искрена благодарност и восхит кон начинот на кој Република Македонија ја изразува својата почит кон делото на Клод Шенон. Македонија е единствената земја во светот што издаде марка во чест на Шенон што ме прави особено горд и би сакал да изразам голема благодарност до сите кои придонесоа за реализација на иницијативата“, изјави Марина.

 

Научникот Клод Шенон, чиј лик е на поштенската мартка, е признаен како научник кој на светот му ги подари основите за создавањето на некои од најзначајните телекомуникациски методи на денешницата, што се користат во интернетот, мобилните телефони, компјутерите, уредите за меморирање и при електронската заштита на податоците./крај/мф/бс

Најново

Македонија1 минута

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на...

Македонија8 минути

Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две...

Свет14 минути

Европа се спротивстави на договорот на Трамп со Путин: усвоени се нови санкции

Европската унија ќе продолжи да спроведува санкции против Русија и покрај договорот за дизел постигнат за време на викендот меѓу...

Македонија21 минута

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни...

Црна хроника25 минути

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника35 минути

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника39 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...

Македонија46 минути

(Фото) Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Букојчани-Кичево, шести автопат што се гради во Македонија

Македонија почнува да гради нов автопат од Букојчани до Кичево, шести проект што го започнува оваа Влада. Поврзувањето од Кичево...

Забава51 минута

(Видео) Дали имате тенки и кршливи нокти? Зајакнете ги за седум дена со овој вирален трик

Тенките и слаби нокти што лесно се кршат спаѓаат меѓу најчестите проблеми поврзани со убавината со кои се соочуваат жените...