Општество
Семинар на физиотерапевтите во Дебарски бањи – Цапа
Во организација на здружението на физиотерапевтите на Македонија во бањскиот локалитет Бањиште на „Дебарски бањи – Цапа“ се одржа еднодневен семинар околу значењето на термоминаралните води и физиотерапијата.
На семинатор пред над 70-тина физиотерапевти од Македонија. За квалитетот и лековитите својства на термоминаралните води во Дебарските бањи – Цапа, предавање одржа физиотерапевтот Наим Иса, кој нагласи дека според надлежните институции Дебарските бањи, како по квалитетот на водата така и по лековитоста, се едни од најдобрите во Европа
Исто така беше нагласено дека во овие бањи се вршат сите видови на терапии вклучувајки ја и фанго терапијата која лекува бројни болести. На семинарот се презентирани и предавања околу користењето на термоминералните води и фанго терапијата. Учениците на семинарот имаа можност да се започнаат со достигнувањата на здраствениот кадар и примената на сите терапии кои се применуваат и во најсовремените светски центри./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
