Контакт

Општество

Јапонија ќе инвестира 368.626 евра помош за проекти во Македонија

Објавено пред


Амбасадата на Јапонија во Скопје во понеделник ќе потпише шест грант договори со македонски институции кои ќе обезбедат вкупно 368.626 евра помош за проекти во Македонија.

Проектите се финансирани од програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти” (Grant Assistance for Grassroots Human Security Projects – GGP) основана од Владата на Јапонија.

Во продолжение ги пренесуваме деталите за секој проект посебно.

Проект за рехабилитација на Основното Училиште Свети Климент Охридски во село Драслајца, во Општина Струга

Доделени се 63.676 евра за рехабилитација на училишната зграда на основното училиште Св. Климент Охридски од селото Драслајца, во Општина Струга. Поради оштетувања на дрвените врати и прозорци, кои не се обновени од самата изградба во 1985 година, наставата во училиштето се одвива во отежнати услови, особено во зимскиот период кога температурите во просториите не го достигнуваат потребниот минимум.

Владата на Јапонија за овој проект доделува финансиски средства за целосна замена на вратите и прозорците на училиштето, како и инсталација на аларми системи за противпожарна заштита, со цел да им се овозможат соодветни услови за настава на учениците.

Проект за рехабилитација на Основното училиште Вук Караџиќ во Општина Куманово

Доделени се 67.830 евра наменети за реновирање на кумановското основно училиште Вук Караџиќ, изградено во почетокот на седумдесеттите години. Кровот и дрвените прозорци на училиштето се сериозно оштетени, а како последица од тоа ѕидовите се полни влага и има недостаток на топлина во училниците и ходниците во текот на грејната сезона.
Преку овој проект, Владата на Јапонија ќе финансира целосно реновирање на кровот на училиштето, набавка на нови и замена на старите прозорци, со што значително ќе се подобри безбедноста на учениците, а загревањето на училишните простории ќе може да се оствари со полн капацитет.

Проект за опремување на Пелагонискиот плански регион со механизација за превенција од поплави во Пелагонискиот Регион

Обезбедени се 69.360 евра за набавка на механизација, ровокопач-булдожер, со соодветна опрема, за чија употреба е задолжен Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион. Поплавите од изминатите две години кои го погодија овој регион, го намалија производството на храна и житни култури, ја оштетија инфраструктурата во општините, а нејзините жителите сè уште се соочуваат со последиците на нарушена хигиена и загадена вода за пиење.

Соочени со ризиците од поплави, девет општини од Пелагонија и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, изготвија шема за реконструкција и одржување на дренажните системи во регионот, со цел да ја зголемат превенцијата од природни непогоди во иднина.

Преку набавка на специјализирано возило, Владата на Јапонија ќе му овозможи на локалното население да живее и работи во средина со намален ризик од природни непогоди.

Проект за опремување на Унверзитетската Клиника за Гастроентерохепатологија со медицинска апаратура

Се доделуваат 69.388 евра за набавка на најсовремена медицинска опрема на Универзитетската клиника за Гастроентерохепатологија во Скопје, со цел навремено дијагностицирање и превенирање на заболувања. Тимот на клиниката постојано работи на рано дијагностицирање на канцер на дигестивните органи, како еден од главните причинители за смртност кај жителите во Македонија. Сепак, големиот број на пациенти и застарените модели на апаратура кои често се расипуваат, го ограничуваат бројот на прегледи кај новите и хроничните пациенти, или пак бараат резултатите да се поткрепат со дополнителни испитувања.

Владата на Јапонија го доделува овој грант за набавка на современа апаратура за ултразвук, со цел пациентите да бидат лекувани навремено и со зголемена ефикасност.

Проект за опремување на Против-пожарната единица во Општина Велес со ново противпожарно возило

Обезбедени се 60.442 евра за набавка на ново противпожарно возило, пожарникарска опрема и апарати за комуникација помеѓу пожарникарите на Територијалната Против-пожарна единица Велес. Оваа против-пожарна единица, освен на територијата на Општина Велес, е задолжена за интервенции и во соседните општини Градско и Чашка. Поради автентичните градби во градот Велес, како и специфичната архитектура која ја карактеризираат стрмни и тесни улици, големите пожарникарски возила често не се во можност да пристигнат до местото на интервенција и соодветно да делуваат. Постоечкото помало возило со кое располага единицата е веќе дотраено, поради што често не е во возна состојба. Центарот на Вардарскиот плански регион е носител на овој проект, задолжен за набавка на возилото и снабдување со соодветна опрема на Територијалната Против-пожарна единица Велес.

Владата на Јапонија преку овој проект ќе ја финансира набавката на ново против-пожарно возило за урбана средина, пожарникарска опрема и радио станици за пожарникарите, со цел да се зголеми ефикасноста на терен во случај на пожар.

Проект за опремување на Општата Болница Охрид со амбулантно возило

Обезбедени се 37.930 евра за Општата Болница во Охрид, главен медицински центар во овој регион. Основана во 1964 година, болницата лекува пациенти од околните села и градови, но и од соседна Албанија. Пациентите кои не можат да добијат соодветно лекување во болницата, често се пренесуваат во клиниките во Скопје и Битола. Амбулатното возило со кое располага болницата е старо, често се расипува и болницата е принудена да позајмува амбулантни возила од други здравствени центри.

Со овој проект, Владата на Јапонија, одобрува финансиска поддршка за купување на ново амбулатно возило, за да се подобри транспортот на пациентите кои поради лекување мора да бидат пренесени во други болници во државата. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија

Сообраќајот во прекин во Дебрца поради протест против изградба на депонија

Објавено пред

Од

Неколку илјади жители на речиси сите села од општина Дебрца денеска одржуваат протест против изградбата на регионална депонија кај селото Годивје. Тие точно на пладне го блокираа сообраќајот на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Ботун.

Жителите упатија предупредување дека никогаш нема да дозволат изградба на депонија во нивната општина, нагласувајќи дека се работи за еколошки чиста и незагадена средина.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески изјави дека ниту тој, ниту Советот на општината немаат право да ја дерогираат одлуката донесена на референдумот одржан во октомври.

„Целта на овој протест е уште еднаш граѓаните да кажат не на решението што го подготвува министерството за жживотна средина за локација за регионална депонија во село Годивје. Ниту јас како градоначалник, ниту Советот на општината немаме право да дерогираме одлука донесена на најдемократски начин на изјаснување како што е референдумо“ рече Ногачески.

За потребите за одлагање и третман на цврстиот отпад на општините од Југозападниот планско регион беше изработена студија финансирана од ЕУ, во која беа посочени четири локации за тоа каде би било најдобро да се гради регионалниот центар за третирање на отпадот.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР продолжува со засилени контроли – ноќеска 232 возачи возеле под дејство на алкохол

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Така и синоќа, во периодот од 23,00 до 05,00 часот утров биле извршени контроли на 1.101 возачи.

Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани биле прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.

Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

ДОМ и зелените партии на Европа ги повикуваат сите во борба за зачувување на Планетата Земја

Објавено пред

Од

Зелените партии од цела Европа, од Белгија до Полска, од Македонија до Обединетото Кралство проектираа порака за борба против климатските промени на значајни објекти во европските главни градови, во пресрет на денешниот светски ден на Планетата Земја.

ДОМ ја проектираше оваа порака синоќа во ГТЦ во Скопје, каде во живо од настанот се обрати пратеничката Маја Морачанин, која истакна дека климатските промени се најголемата закана за опстанокот на човештвото и планетата. Таа се осврна на заложбите и идните напори кои треба да ги направи Македонија како една од сто седумдесет и петте земји потписнички на парискиот климатски договор со кој нашата земја се обврза да се вклучи во борбата против глобалното затоплување.

„Намалување на емисијата на стакленички гасови за 40% до 2030 година и намалување на затоплувањето под 2 ° С се цел на овој договор. Овие цели може да се реализираат со напуштање на употребата на фосилни горива, употреба на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и премин од линеарна кон циркуларна зелена економија со нула отпад. Циркуларната зелена економија се темели на три принципи: редукција, рециклирање и повторна употреба. Ваквиот модел овозможува економски раст, социјална правда и заштита на животната средина“ се наведува во соопштението.

Денес на светскиот ден на Планетата Земја да се потсетиме дека помошта нема да дојде однадвор за да не спаси од самите нас. Треба да делуваме СЕГА, за да ја зачуваме единствената планета на која постои живот која е нашиот заеднички дом, порачуваат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Единствена Македонија: По секоја цена ќе ја спроведеме намерата на народот за стратешки сојуз со Русија

Марионетската власт во Македонија и нивните странски газди мора да се во паника штом започнаа да го плашат народот со...

Свет2 часа

Експлозија во Кабул, над 30 загинати

Најмалку 31 човек загина, а 54 се повредени во експлозија во центарот за регистрирање на гласачи во авганистанската престолнина Кабул,...

Македонија3 часа

Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на...

Македонија3 часа

Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно...

Регион4 часа

Вулин: На Хрватска ѝ смета тоа што Србија ја зборува вистината

На властите во Хрватска им смета тоа што Србија ја зборува вистината и им сметаат Србите кои ја зборуваат вистината,...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги излажа семејствата на убиените момчиња кај Смилковско

Од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Зоран Заев дека не го исполнил тоа што го ветил, а тоа, како...

Македонија17 часа

Милевски до Филипче: „Немаш право да ги уценуваш родителите да ги вакцинираат децата

Претседателот на Либарално демократската партија, Горан Милевски ја критикуваше одлуката на министерот за здравство, Венко Филипче за задолжително вакцинирање на...

Македонија21 час

(Видео) Нови вакцини против стрептокока и рота вируси

Главни приоритети на Министерството за здравство за оваа година е комплетно осовременување на Календарот за имунизација, со воведување нови вакцини,...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Вакцините се најдобрата инвестиција во здравјето

Долго време Македонија беше еден од лидерите по процентот на вакцинација, за жал сега веќе не е така. Мораме напорно...

Македонија23 часа

Неказнивоста останува проблем во Македонија, се наведува во новиот извештај на Стејт департментот

Владата преземала некои мерки за истражување, гонење и казнување на претставници кои извршиле злоупотреби, вклучително полицајци виновни за употреба на...

Македонија1 ден

(Видео) Стоп за извршителите -протест на 1 мај

Иницијативата „Стоп за извршителите“ најави протест за 1 мај. Оттаму порачуваат дека не се задоволни од предложениот закон на Владата,...

Македонија1 ден

(Видео) МВР во лов на пијани возачи во Скопје, за една ноќ казнети се 248 лица

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со...

Македонија1 ден

(Видео) Ако во мај објавиме решение за името, поканата за НАТО автоматски ќе се активира, вели Заев

Имаме условена покана за НАТО и таа ќе се активира автоматски откако ќе се постигне решение за името, порача премиерот...

Македонија1 ден

(Видео) Заев ќе се појави како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа

Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев во врска...

Вести1 ден

Русија: Одлуката на Северна Кореја не е доволна, потребни се возвратни мерки од САД

САД требa да преземат возвратни мерки откако Северна Кореја ги запре нуклеарните и ракетните тестирања, смета шефот на меѓународниот комитет...

Вести1 ден

Трамп за одлуката на Северна Кореја: Ова е добра вест за целиот свет

Порака од Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања и тестирањата на интерконтинентални балистички ракети. Исто така ќе...

Вести1 ден

Пресврт во политиката на Ким Џонг-ун: Северна Кореја ќе ги запре нуклеарните тестирања

Северна Кореја соопшти дека ги запира тестирањата на балистички ракети со долг дострел и планира да ги затвори полигоните за...

Економија1 ден

Тевдовски најави проект од 35 милиони долари за изградба на детски градинки

Нови проекти од областа на социјалата, инфраструктурата и поддршка на малите и средни претпријатија во фокус на Пролетните средбите на...

Македонија1 ден

(Видео) Приведената скопјанка тврди дека ја однеле во полициска станица без никаква основа

Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, вчеравечер беше приведена во Градскиот парк, на...

Македонија2 дена

(Видео) Груевски: И сведоците предложени од СЈО сведочеа во наша корист

По денешното судење во кривичниот суд за предметот „Тенк“, поранешниот премиер Никола Груевски се пожали дека судот повторно, како што...

Досие