Општество
ОН: Владата итно да им најде сместување на бремените жени протерани од под Кале
Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената (CEDAW) при Обединетите Нации повторно побара од Владата на Република Македонија итно да обезбеди соодветно домување, храна, чиста вода и непосреден пристап до здравствени услуги, вклучително и услуги поврзани со репродуктивното здравје на четири жени Ромки оставени бездомни од страна на македонските власти.
Три од жените се бремени, а четвртата има новороденче. Сите жени беа протерани од населбата под тврдината Кале позната како Полигон, во август минатата година.
Ова е второ вакво барање упатено од страна на Европскиот Центар за Права на Ромите до Комитетот, по што Комитетот се има итно огласено со мерка кон македонската влада.
Во ноември минатата година, Комитетот побара од македонската влада да обезбеди итно домување, исхрана, чиста вода и непосреден пристап до репродуктивно грижа за други две бремени малолетни Ромки, протерани од Полигон истиот ден.
Оваа недела метеролозите предивидуваат опаѓање на температурите во македонскиот главен град под -20 ° C. Вчеравечер, претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа,Скопје ги посетија бездомните Ромите лоцирани под тврдината Кале со цел да им понудат привремено сместување во две јавни установи за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми “Ранка Милановиќ” и “25 Мај”, Скопје.
Сепак, од Министерството за труд и социјална политика се изјаснија дека ќе ги покријат единствено трошоците за живот непходни за седум дена, односно додека да се подобрат екстремните временски услови.
Иако овој потег од страна на властите е чекор во вистинската насока, тоа е само привремено решение и не ги задоволува долгорочните потреби на овие жени кои се во исклучително ранлива положба. Повеќето од бремените жени никогаш не посетиле гинеколог, ниту, пак, поседуваат финансиски средства за пристап до лекар.
Жените застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите пред Комитетот страдаат од недостаток на соодветна исхрана, неможност да одржуваат редовна хигиена и се соочуваат со сериозни здравствени компликации поради немање пристап до вода.
Неодамнешната мајка и нејзиното новороденче веќе се соочуваат со здравствени проблеми како резултат на изложеноста на екстремно ниски температури.
“Немаме вода, струја, греење. Не можам ни да се бањам (во реката Вардар), бидејќи е премногу студено. Цел месец се немам избањато и сите сме изложени на разни болести, поради ваквите услови за живот”, објасни една од бремените жени.
Друга пак додаде: “Нашиот живот беше малку подобар пред протерувањата, тогаш барем имавме кров над глава. Сега тоа е многу тешко. Живееме под отворено небо, во шатори, без вода и електрична енергија. Надвор сме цело време и е многу студено. Јас сум самохрана мајка и не остварувам никаков финансиски приход, ниту, пак, примам социјална помош.”
Европскиот центар за правата на Ромите по втор пат ја повикува Владата на Република Македонија да ја почитува и спроведе итната мерка на Комитетот со што ќе обезбеди итна грижа за подобрување на благосостојбата на овие жени и нивните деца.
Европскиот центар за правата на Ромите и понатаму ќе продолжи да ги застапува и да им помага во пристапот до правни средства на овие лица, кои беа присилно протерани од страна на држава која дозволува бремени жени и новороденчиња да страдаат пред очите на сопствените органи. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.