Контакт

Македонија

Офшор фирмата „Те-То“, сопственик на БЕГ, го загуби предметот за неисплатена дивиденда против „Топлификација“

Објавено пред

Тројца апелациски судии на 6 февруари годинава ја отфрлиле жалбата на оштетените „Битар Холдинг Лимитед“ од Кипар, мнозински сопственик на „Те-То“ АД, Љупчо Станковски и Јоже Карловски, изјавена преку адвокатското друштво, „Чукиќ и Марков“ и ја потврдиле првостепената пресуда на кривичниот суд во Скопје, со која, го отфрлил барањето
за поведување на прекршочна постапка против „Топлификација АД“ и Димитар Хаџи Мишев за неисплатена дивиденда на акционерите.

dobivaj vesti na viber

Во пресудата пишува дека првостепениот суд правилно постапил кога го отфрлил барањето за поведување прекршочна постапка. Оштетените-предлагачи претходно поднеле барање за заштита на акционерските права до Комисијата за хартии од вредност. Биле известени дека Комисијата спровела контрола поврзана со неисплатата на дивиденда на акционерите и покрај донесената одлука на Собранието на акционери. Со одлуката било констатирано дека со непостапувањето по Одлуката за исплата на дивиденда за 2012 година Топлификација  го прекршила членот 487 став 5 од Законот за трговските друштава, а со тоа го попречила остварувањето на едно од основните права кои акциите им ги дават на нивните сопственици.

Судиите не ги прифатиле како основани овие наоди, бидејќи според Законот за прекршоците, наведено е дека судот ќе го прифати барањето од оштетениот за поведување прекршочна постапка ако е проследено со писмено барање до надлежниот орган, со докази дека го пријавил прекршокот и барал надлежниот орган да постапи по барањето и во рок од 30 дена од таквото барање од надлежниот орган добие негативен одговор или не добил одговор.

Судот во образложението навел дека оштетените стекнуваат право да поведат прекршочна постапка само под услов ако надлежниот орган, одлучи да не поведе прекршочна постапка илиако молчи за пријавениот прекршок.

Апелацискиот суд во Скопје во 2017 година донесе пресуда со која го одби тужбеното барање на „Топлификација“ АД за присилна наплата на побарувања врз основа на заеми, што „Топлификација“ АД ги дала на „Те-То“ АД. За овој предмет првостепениот суд еднаш донесе пресуда во корист на „Топлификација“ АД. На таа одлука „Те-То“ АД поднесе жалба во Апелацискиот суд, кој го врати предметот во Основниот суд, кој повторно донесе иста пресуда. На втората жалба на „Те-То“, Апелација ја отфрли тужбата од „Топлификација“ и пресуди во полза на жалителот.

Инаку, „Топлификација“ АД ја тужи „Те-То“. Компанијата лани поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и оштетување доверители. Според „Топлификација“ раководството на „Те-То“ поднело барање за стечај и донело одлука за отпис на долг од 120 милиони евра без одлука на собранието на акционери. Со тоа овозможила противправна имотна корист на офшор компанијата „Битар Холдинг лимитед“ од Кипар која е мнозински сопственик на „Те-То“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Објавено пред

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

dobivaj vesti na viber

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 25 степена, јавува УХМР.

Во наредните денови следува период на сончево и топло време со пораст на температурата кон викендот. Утринските температури ќе бидат постојано над нулата, а поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува на почетокот на следната недела и ќе биде проследено со умерено спуштање на температурата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Скопје

Без струја дел од Карпош

Објавено пред

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од Карпош.

dobivaj vesti na viber

Од 9 до 14.30 часот корисниците од улицата Мексичка, улицата Хаванска и дел од улицата Варшавска во општина Карпош ќе бидат без струја.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион20 минути

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа27 минути

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет41 минута

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа53 минути

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија13 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија15 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија17 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија17 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија19 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ20 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија20 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија20 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија23 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет23 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет24 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија24 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион24 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет1 ден

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет1 ден

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...