Општество
Анализа: Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен

Квалитетот на лекот „Ефералган“ не е спорен, покажаа резултатите од анализата на Фармацевтскиот факултет и Институтот за Јавно здравје за контрола на квалитетот.
Од Агенцијата за лекови и медицински средства(МАЛМЕД), лекот е повлечен на барање на прозиводителот како мерка на претпазливост по откривањето на мали пластични честички (неинфективни) при рутинска проверка на опремата за пакување на производот (надворешно).
МАЛМЕД одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180 до ниво на аптека, а не до ниво на пациент.
Лекот доброволно се повлекува од пазарот во сите земји. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Жителите на Ѓорче Петров повикуваат на протест против депонијата во Ново Село

Жители на општината Ѓорче Петров повикаа на масовен протест за расчистување на најголемиот проблем со загадувањето во оваа скопска општина, депонијата во Ново Село. Една недела по првиот протест, граѓаните преку „Фејсбук“ повикуваат в недела во 12 часот на масовен собир против загадувањето.
„Ѓорче Петров е НАЈЗАГАДЕНАТА општина во Република Македонија! На 7 декември ПРОТЕСТИРАВМЕ и упативме јавен апел до надлежните институции да преземат мерки за расчистување на најголемиот проблем за загадувањето во Ѓорче Петров, депонијата во Ново Село, а една недела потоа нема НИКАКВА реакција.
Протестот е против неконтролираното депонирање отпад со камиони на оваа депонија додека рампите се кренати‼️ Оваа депонија се наоѓа до реката Лепенец, во близина на сливот со реката Вардар!
Со тоа оваа депонија нема влијание врз здравјето само на граѓаните од Ѓорче Петров, туку и на граѓаните на Карпош, Влае, Бардовци и Злокуќани“, велат организаторите.
Македонија
Намален прагот на алармирање за аерозагадувањето

Од Министерството за животна средина соопштуваат дека со измената на уредбата за гранични вредности на аерозагадувањето од 14 декември прагот на алармирање од загадување со ПМ 10-честичките ќе се намали од 188 на 175 милиграми на кубен метар.
„Во согласност со новата уредба за изменување и дополнување на уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година прагот на алармирање на ПМ 10 се намалува од 188 mg/m3 и тој изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период“, соопштија од Министерството за животна средина.
Македонија
Почна карванот на претставата „Хумана приказна”

Изминатиот викенд, во саботата, 7 декември, се одржа премиерата на претставата „Хумана приказна“, во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, во МКЦ Кино „Фросина“, која е дел од проектот „Мој омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на „Онлимит медија“ и во партнерство со народниот правобранител.
Оваа претстава даде позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на народниот правобранител, односно омбудсманот, и ситуациите во кои тие може да му се обратат за помош, поддршка или правно советување. Претставата е инспирирана од самите извештаи на народниот правобранител, сликовито објаснувајќи ги тешкотиите на граѓаните и начинот на кој оваа институција работи на системско разрешување на тие предизвици, поддршката што ја нуди на засегнатите странки. Иницијативата „Мој омбудсман“ има цел да ја приближи институцијата до граѓаните на кои им е најмногу потребна на еден интерактивен и отворен начин.
Премиерната претстава во Скопје заврши со модериран разговор помеѓу претставник на канцеларијата на народниот правобранител со публиката, каде што присутните граѓани поставуваа прашања во врска со проблематиката што беше драматизирана во претставата и постојните ингеренции и механизми на народниот правобранител.
„Ја препорачувам ‘Хумана приказна’ и сметам дека треба да се одигра насекаде во земјата затоа што е добар начин луѓето да бидат свесни дека има каде да се обратат и дека за сè може да се најде решение“, изјави Лира Бојку по завршување на премиерата на „Хумана приказна“.
Карванот на претстави, планиран да се одржи во неколку градови низ државата, ќе почне овој викенд со претставување на „Хумана приказна“ на 14 декември во Крива Паланка и 15 декември во Битола. По завршување на претставите, граѓаните ќе имаат можност за отворена дискусија со претставник од канцеларијата на народниот правобранител.
Влезот на претставата е слободен.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми