Контакт

Општество

Анкета: Граѓаните не веруваат во Катица Јанева и СЈО

Објавено пред

Голем процент од испитаниците во анкетата на Институтот „Павел Шатев“, имаат негативно мислење за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а немаат ни доверба во неа.

dobivaj vesti na viber

На прашањето, „Какво е вашето мислење за Катица Јанева?“, позитивно се изјасниле 21,7 отсто, а негативно 60,9 отсто од испитаниците.Истата анкета покажува дека 25, 2 отсто од испитаниците имаат доверба во работата на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, а високи 60 отсто рекле дека немаат доверба во Катица Јанева и СЈО.На прашањето „Дали сметате дека меѓународната заедница придонесува во изнаоѓање на решение за кризата?“, 21,1 отсто рекле дека придонесува во изнаоѓање на решение, а 54,4 отсто дека со своите постапки само ја продлабочува кризата. Анкетата е направена телефонски во периодот помеѓу 6 и 8 мај 2016 година од Институтот „Павел Шатев“ на примерок од 1.070 испитаници со цел да ги утврди перцепциите на македонските граѓани кон повеќе актуелни политички прашања во Република Македонија. Со оглед дека целта на анкетата  беше да се дознаат перцепциите на граѓаните кои во најголем дел гласаат за двете најголеми партии во Република Македонија, односно за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, во анкетата не беа вклучени испитаници Албанци, со оглед дека тие генерално гласаат за етничките албански партии. Сите останати етнички заедници беа вклучени во истражувањето. Сите резултати од анкетата подлежат на статистичка грешка од +/- 2,5 %./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства

Објавено пред

Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.

Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.

Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.

Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Заедно до крај“: Сопружници беа пронајдени прегрнати под урнатините во Јабланица

Босна и Херцеговина на 4 октомври беше погодена од катастрофални поплави, кои однесоа човечки животи. Тешка е ситуацијата во неколку...

Македонија2 часа

ЦУК: Во Гостивар водата не е за пиење, а во Тетово има редуцирано водоснабдување

Во последното деноноќие се регистрирани два пожара на отворено – во Скопје бил запален градежен отпад на ул. „Његошева“ во...

Регион2 часа

Две лица загинаа во пожар во стан во Белград

Две лица загинаа во пожар во Белград, потврдија за РТС од итната помош. Пожарот избувнал околу 05:30 часот во стан...

Свет2 часа

Фицо: Се додека сум на власт ќе се трудам да го блокирам членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изјави дека ќе се обиде да го блокира членството на Украина во НАТО се додека...

Свет2 часа

(Видео) Пожар во складиште за нафта на Крим: Русите велат човечки фактор, Украинците тврдат дека се дронови

Во Феодосија на југоисточниот дел на Крим е прогласена вонредна состојба поради пожар што избувна во складиште за нафта, соопшти...

Свет2 часа

Градоначалникот на Чилпасинго убиен шест дена по преземањето на функцијата во Мексико

Алехандро Аркос, градоначалникот на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, е убиен во неделата, помалку од една недела по...

Свет3 часа

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC). Земјотресот се...

Македонија16 часа

Таравари потврди дека била одбиена хоспитализација на починатото бебе

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој...

Регион18 часа

Дете најдено живо по два дена од поплавите во Јабланица под урнатините на семејната куќа

Продолжува борбата на голем број спасувачи за пронаоѓање на живите исчезнати лица по катастрофалната поплава што пред два дена се...

Македонија19 часа

Тошковски: Лага е дека сум расчистил само еден случај како министер и сум разочаран од некрофилските обиди на СДСМ

„Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие...

Топ21 час

Детали за пукањето во Чаир: Излегол од возило и со пиштол пукал во 19-годишник кој одел пеш по улица

По вчерашното пукање во скопски Чаир, Министерството за внатрешни работи излезе со официјални детали за настанот. Од полицијата велат дека...

Спорт22 часа

Министерот Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на маратонот

Министерот за спорт Борко Ристовски им ги врачи медалите на најуспешните на денешното јубилејно 20. издание на Скопскиот маратон, упатувајќи...

Регион23 часа

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со...

Македонија23 часа

Обилните врнежи ја загадија водата за пиење во Гостивар

Пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба Деребој, кај подвозникот за село Фалише...

Спорт1 ден

Рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји трчаат на денешниот маратон во Скопје

На претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи денеска, ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи...

Скопје1 ден

Денес ќе се трча маратон во Скопје, затворени се улици и нема да возат дел од автобусите на ЈСП

Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“ денеска од 7 до 14 часот дел од автобусите од јавниот превоз...

Топ2 дена

Еден е повреден во пукање вечерва во Чаир

Едно лице е потешко повредено, и веднаш е пренесено во болница во пукањето кое вечерва се случи во скопската населба...

Македонија2 дена

Околу 36 килограми марихуана запленила Царинската управа пред два дена

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два...

Македонија2 дена

Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил...

Македонија2 дена

Бебе почина на Клиниката за детски болести во Скопје

Рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче. Околу 04.50 часот...