Контакт

Општество

ДИК информира дека само нејзините материјали за едукација на гласачите се валидни

Објавено пред

Државната изборна комисија ја информира јавноста дека материјалите за едукација на гласачите кои се подготвени од други субјекти, а кои се емитуваат преку медиумите, не се одобрени од страна на Државната изборна комисија.

„Материјалите за едукација на гласачите обележани со логото на Државната изборна комисија се единствени едукативни материјали. Оваа обврска на Државната изборна комисија е во согласност со член 31, став 2, точка 15 од Изборниот законик со кој се регулира дека Државната изборна комисија „ја информира и едуцира јавноста за начинот на гласање и за остварување на избирачкото право“, се вели во соопштението од ДИК. /крај/со/ст

Македонија

Македонија ги номинира Охридското Езеро и Студенчишкото Блато како трето и најголемо рамсар-место во државата

Објавено пред

Со впишувањето на Охридското Езеро и Студенчишкото Блато во Светската рамсар-листа, нашата држава, по Преспанското и Дојранското Езеро, го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр. 2449. Подрачјето е прифатено во согласност со сите 9 критериуми на Рамсарската конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини: Охрид, Струга и Дебарца, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

„Впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишкото Блато на Светската рамсарската листа значи меѓународно признавање и препознавање на специфичниот и богат биодиверзитет и ендемичните и ретки видови, како и присуство на голем број живеалишта и видови од национално и ЕУ-значење на ова подрачје. Од друга страна, тоа води кон негово помудро и поодговорно управување, подобрување на еколошкиот карактер на подрачјето и заштита на видовите и живеалиштата, поттикнување научноистражувачки дејности и меѓународна соработка, што секако ќе ги зголеми публицитетот и вреднувањето на подрачјето, ќе ја зголеми понудата за екотуризмот во регионот, а со тоа ќе се отвораат и поголеми можности за социо-економски развој и за финансирање“, велат од ова Министерство.

Нашата држава ја ратификува Рамсарската конвенција за водни или блатни живеалишта од меѓународна важност во 1991 година, објаснуваат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Семејството на девојката чии органи беа донирани и спасија други животи ќе добие државен стан

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на социјалните мрежи напиша дека на седница на Комисијата за станбени прашања било одлучено на семејството Белчовски, чија ќерка трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, да им биде доделен стан на користење во општина Струмица.

Имајќи ја во предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна…

Posted by Blagoj Bochvarski on Петок, 07 мај 2021

Имајќи ја предвид бескрајната хуманост на семејството Белчовски, чија ќерка Верица трагично загина во сообраќајна несреќа, а нејзините органи беа донирани, како скромно оддолжување кон ова семејство, денеска на седница на Комисијата за станбени прашања при Владата со која претседавам, едногласно одлучивме да им биде доделен на користење стан во општина Струмица, напиша Бочварски на „Фејсбук“.

Во напишаното додава дека семејството Белчовски ги помести вредностите во општеството, а граѓаните на Република Северна Македонија бескрајно му се благодарни за највисокиот чин на хуманост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево со променлива облачност

Објавено пред

Утре претпладне времето ќе биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе почне да дува дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час), кој ќе биде најизразен по должината на Повардарието.

Овој продор на студен воздух ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер, кој на повисоките места и кон исток повремено ќе има засилен интензитет.

Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурите ќе бидат во пораст.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Регистрирани нови 135 заболени и 14 починати од коронавирус во земјата

Во последните 24 часа се направени 1.993 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 74,...

Свет3 часа

(Видео) Илон Маск призна дека има Аспергеров синдром на телевизиско шоу

Елон Маск откри дека има Аспергеров синдром, за време на неговото гостување во американското ТВ-шоу „Saturday Night Live“. Тој откри...

Регион4 часа

(Видео) Хрватскиот министер за здравство вакцинираше граѓани

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош заедно со лекарите на Хрватскиот институт за јавно здравје и Наставниот институт за јавно...

Топ5 часа

Се преврте автомобил кај клучката Коњари, загина 27 годишник

Во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на автопатот Скопје-Штип, во близина на клучката Коњари, загина 27 годишно лице...

Македонија5 часа

Во болниците во земјата од коронавирус се лекуваат 760 пациенти

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и...

Македонија6 часа

(Видео) Колариќ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими на партиски луѓе

Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ на денешната прес-конференција обвини за измама и злоупотреба во врска со најавените...

Македонија6 часа

Во земјава досега втора доза вакцина против Ковид-19 примиле 22.900 граѓани

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 107.978 граѓани, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Прва доза...

Свет7 часа

(Видео) Путин: Секогаш ќе се сеќаваме дека величествената победа над нацизмот ја постигна советскиот народ

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на почетокот на традиционалната воена парада во Москва, им го честиташе на граѓаните Денот на...

Македонија7 часа

Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух

Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори...

Свет9 часа

Делови од кинеската ракета паднаа во Индискиот океан

Остатоците од најголемата кинеска ракета паднаа денес во Индискиот Океан, а повеќето од нејзините компоненти беа уништени при влегувањето во...

Свет20 часа

Макрон: САД да ги повлечат забраните за извоз на вакцини

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика САД да се откажат од ограничувањата на извозот на вакцини против Ковид-19 и компонентите...

Регион21 час

Хрватски медиуми: Зошто Вучиќ создава најмоќна воена сила во регионот?

Хрватските медиуми пишуваат дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја создава најмоќната воена сила во регионот. „ Во последно време...

Спорт23 часа

Дејан Георгиевски обезбеди олимписка норма

Македонскиот репрезентативец во таеквондо, Дејан Георгиевски, избори пласман на Олимписките игри во Токио, во категоријата до 87 килограми. Европските квалификации...

Топ1 ден

Човечки труп извлечен од реката Вардар во Велес

Во Велес, во водите на реката Вардар, во близина на Нов мост, вчера бил пронајден човечки труп, кој бил извлечен...

Македонија1 ден

Досега во земјава две дози вакцина против коронавирус примиле 21.890 граѓани

Во државата вкупно се аплицирани 118.984 дози вакцини, а ревакцинирани се 21.890 граѓани. Со последните бројки, 32% од населението над...

Македонија1 ден

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа, а 333 пациенти оздравеа,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Дволичноста на Пендаровски е заради притисокот врз него, реалноста е дека се согласи со мене за 27 април

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната посета на Општина Делчево одговарајќи на новинарско прашање, рече дека претседателот Стево Пендаровски...

Топ1 ден

Автомобил удри во дете на велосипед во Прилеп, возачот избегал

Малолетен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил автомобил, а возачот избегал. Според информациите на МВР, несреќата се случила...

Македонија1 ден

Во болниците во Македонија од коронавирус се лекуваат 806 пациенти

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е...

Свет1 ден

(Видео) Судир во џамија во Ерусалим – полицијата употреби гумени куршуми и водени топови

Во судир меѓу израелската полиција и група Палестинци што се случи синоќа во Ерусалим, повредени се 205 Палестинци и 17...

Досие