Општество
е-Твининг работилница за професионален развој во Охрид
Зајакнување на вештините и можностите за вработување, модернизација на образованието и подобрување на конкурентноста на човечкиот потенцијал и на националната економија беше една од целите на e-Tвининг семинарот што од 20-ти од 22-ри ноември се одржуваше во Охрид, а Националната агенција за европско образование и мобилност објави конкурс од 4,7 милиони евра за едукација и модернизација на образованието
Во рамките на овој семинар се одржуваа низа работилници за професионален развој и стекнување на вештини и искуства кои се бараат на интернационалните пазари на труд.
е-Твининг семинарот е во организација на националниот сервис за поддршка на Република Македонија во рамките на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и е-Твининг Националниот сервис за поддршка на Република Турција. На семинарот присуствуваа над 100 учесници од 19 земји, и тоа Македонија, Србија, Словенија, Шведска, Белгија, Холандија, Литванија, Финска, Норвешка, Германија, Австрија, Естонија, Исланд, Латвија, Данска, Франција, Португалија, Словачка и Турција.
Преку различни работилници, на кои беа споделени искуства и можности од повеќе земји, присутните имаа можност да ги осознаат најновите искуства во образованието, но и можностите за обуката и младинската работа, да добијат основни информации за начинот на кој можат да се вклучат и да ги искористат поволностите што ги нуди програмата.
е-Твининг семинарот е дел од Еразмус плус програмата во чии рамки се организираат низа активности во повеќе градови во Република Македонија во насока на што поголемо промовирање на можностите и програмите за доедукација, волонтерска работа и стекнување практични работни искуства во земјите од Европската унија. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, во чиишто рамки се одвиваат активностите на Еразмус плус програмата, годинава обезбеди 4,7 милиони евра за аплицирање на едукативни програми во земјите од ЕУ. Конкурсот за пријавување е во тек.
Во насока на приближување на можностите на овие програми за реалниот сектор, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Стопанската комора на Република Македонија одржа две работилници во чии рамки беа претставени можностите. Шест македонски компании веќе ги користат можностите на оваа програма и имаат испратено свои вработени на обуки и практична работа во земјите на ЕУ.
Можностите на Еразмус плус програмата ги искористија и лекарите од Универзитетската клиника за детски болести од Скопје. Имено, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и Клиниката за детски болести потпишаа договор за грант во износ од 53.283 илјади евра. Со средствата од овој грант, 14 вработени од Клиниката ќе имаат 30 дневна обука во Центарот за обука Regens Wagner Absberg во Германија./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.