Контакт

Општество

Европската мрежа „Жени против насилство“ и партнерските организации започнуваат со кампањата Step up!

Објавено пред


Европската мрежа „Жени против насилство“ (WAVE), чии членки се и Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, од среда започнува европска кампања која ќе се одвива во текот на следните две години. Членките на WAVE ќе се залагаат за унапредување на правата на жените жртви на насилство и нивните деца за пристап до сервиси за поддршка и заштита. 

„Во многу земји во Европа не се вложува доволно во специјализирани сервиси за поддршка и, како последица на тоа, жените немаат каде да се обратат за соoдветна помош. Ги повикуваме институциите на ЕУ, националните влади и останатите чинители да ги засилат напорите за спречување на насилството врз жените!“, порача претседателката на WAVE, Роза Логар.

Насилството врз жените е најраспространета форма на кршење на човековите права и многу често има фатални последици. Општествените норми, предрасудите и стереотипите се дел од причините за големиот број непријавени случаи на родово засновано насилство. Во многу општества ова насилство се осудува, но во исто време и молчешкум се толерира. Но оваа појава влијае на сите нас, на целото општество.

Потребни се сервиси за поддршка за зајакнување на жените и искоренување на оваа појава. Затоа, од владите и чинителите во цела Европа бараме да се вложува повеќе во специјализирани сервиси кои работат од перспектива на човекови права и кои ќе влијаат за општествена промена, велат од организацијата.

Бројки кои говорат за недостигот од специјализирани сервиси (WAVE Извештај 2015):

–       Само 15 од 46 европски земји имаат СОС телефони кои функционираат 24/7 и се бесплатни

–       Во Европа недостигаат повеќе од 47,000 места во згрижувалишта за жени, особено во земјите кои пристапија во ЕУ по 2004 година и земјите кои сè уште не се во ЕУ

–       Во повеќето земји нема центри за поддршка на жени жртви на силување и сексуално насилство

–       За многу жени пристапот до специјализирани сервиси за поддршка е попречен, вклучувајќи жени-мигрантки, жени од етничките малцинства, постари жени и припаднички на ЛГБТИ заедницата.

Европската мрежа на жени против насилство (WAVE), Националниот совет за родова рамноправност и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ги повикуваат носителите на одлуки на национално и европско ниво: активно да ги поддржат мерките за заштита на жените жртви на насилство; да се заложат за подобрување на пристапот до специјализирани сервиси за поддршка на сите жени и нивните деца; да се заложат за зголемување на бројот на специјализирани сервиси за поддршка и заштита на жените жртви на насилство и нивните деца; да се заложат за подобрување на квалитетот на сервисите за поддршка и за финансиска поддршка на женските организации кои ги нудат тие сервиси.

Поради тоа што насилството врз жените е општествен проблем кој влијае на економската слобода и потенцијал на жените и со тоа има огромни последици врз економијата во светски рамки, оваа кампања повикува на зголемување на инвестициите за поддршка на жртвите во Македонија и во Европа./крај/мф/бс

Македонија

Нов објект за општината Маврово-Ростуше

Објавено пред

Од

Општината Маврово – Ростуше наскоро ќе добие нов објект. Во административниот центар на општината, градоначалникот Медат Куртовски потпиша Договор за изградба на нова Општинска зграда во Ростуше со изведувачот ‘Конзорциум – Пелагонија АД Гостивар – Изградба Комерц Скопје’.

Вкупната вредност на проектот изнесува 288.1о3 илјади евра, од кои канцеларијата на Светска Банка обезбедува 195 илјади евра. Министерство за Финансии на ќе обезбеди дополнителни 65 илјади евра, а учеството на општината изнесува 28 илјади евра.

Објектот ќе зафаќа 6оо квадратни метри и ќе биде изграден на нова локација.

„Изградбата на новиот објект на општината ќе овозможи создвавање на соодветни услови за работа на локалната администрација“, изјави градоналникот Медат Куртовски.

Тој додаде дека сегашниот објект во кој делува локалната власт , не одговара ниту одблизу на потребите на локалната администрација .

Прикажи повеќе...

Македонија

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Објавено пред

Од

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка. Пријава е поднесена и против лицето вработено како обезбедување во училиштето за несовесно работење.

„Полицијата поднесе известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години, сите три од Неготино, ученички во основното училиште ‘Гоце Делчев’ поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело насилство“, соопшти денеска МВР.

Инцидентот се случи на 11 април. Трите ученички физички нападнаа своја соученичка, на возраст од 14 години, при што девојчето доби повреди.

Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А. (31) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Тој е вработен како обезбедување во училиштето, а пријавата е поднесена затоа што, како што велат од МВР, не ги извршувал дејствата што бил должен да ги врши.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мотоциклистите преку протестно возење ќе побараат поголема безбедност за себе

Објавено пред

Од

На плоштадот Македонија утре (19 април) со почеток од 18 часот ќе започне протестно возење мотоцикли со цел подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот за почитување на мотоциклистите.

Возењето ќе се одвива под мотото „Погледни двапати, спаси живот“, кое е дел од глобалната кампања на ФИМ (Светска мото-федерација), каде што се апелира кај сите учесници во сообраќајот да погледнат двапати пред да завртат со автомобилот за да ги забележат мотоциклистите, со што би се спасил живот.

Од Мотоциклистичката федерација на Македонија велат дека со протестното возење ќе се испрати порака до сите учесници во сообраќајот, како и до сите институции и организации што со своето дејствување на кој било начин се во сообраќајната проблематика, да посветат многу поголемо внимание за присутвото на мотоциклистите на сообраќајниците.

„Застрашувачки, поразителни и алармантни се постојаните известувања за настрадани мотоциклисти во сообраќајните незгоди, со што, за жал, тие веќе влегуваат во едни од најранливите категории учесници во сообраќајот“, се наведува во соопшението на Федерацијата.

Оттаму признаваат дека возачите со своите автомобили се, како што велат, посилни од нив, па поради тоа апелираат:

– Почитувајте ги нашите права на првенство во сообраќајот,
– Не кршете ги сообраќајните правила за да бидете наши потенцијални убијци,
– Не гледајте во телефоните додека возите, гледајте во нас,
– Не возете во алкохолизирана состајба, сообраќајот не подразбира храброст, туку умеење и почитување,
– Гледајте концентрирано и барем два пати во своите ретровизори, ние сме помали, но сепак постоиме,
– Секој судир со вас за нас е секогаш со далеку поголеми последици од вашите,
– Потрудете се да бидете повнимателни од досега.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Мицкоски појадуваше со Могерини – „Постои сомнеж дека власта е вмешана во криминал“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари работен појадок со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини,...

Македонија2 часа

Судењето за „Насилство во Центар“ одложено за 1 јуни

Судењето за предметот „Насилство во Центар“ е прекинато и одложено за 1 јуни поради неможноста на претседателот на кривичниот суд,...

Регион3 часа

Харадинај побара од Хан визна либерализација за Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, побара од Европскиот комесар за проширување и добрососедство, Јоханес Хан, да ја вклучи Приштина во европскиот...

Македонија3 часа

Могерини: Да се продлабочат реформите за да има позитивни вести во јуни

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Федерика Могерини, во обраќањето пред пратениците во Собранието забележа дека треба да...

Македонија3 часа

Кривична пријава за основките што претепаа соученичка во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава за насилство против трите ученички во основното училиште „Гоце Делчев“ во Неготино, кои истепаа своја соученичка....

Свет4 часа

Трамп: Никој не е поостар од мене кон Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никоја не е остар кон Русија како што е тој и порача дека на...

Македонија17 часа

(Фото) Премиерите од Западен Балкан вечераа во Скопје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, и високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и...

Македонија20 часа

(Видео) Могерини: Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа

Се вративте назад на патеката. Може да славите половина ден, а потоа да се вратите на работа. Ова го порача високата...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Препораката со години беше условена поради кризата и назадувањето со реформите

Македонските граѓани заслужуваат да бидат дел од Европската Унија, порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција со високата...

Македонија23 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Позитивниот извештај од Европската комисија не е новина

„Корупцијата останува распространета во многу области и продолжува да претставува сериозен проблем. Политичкото мешање останува ризик“. „Се крие опсегот на...

Македонија24 часа

(Видео) Ахмети: Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе...

Македонија1 ден

На Јанкулоска ќе ѝ се суди одвоено за „Тенк“ поради потврдата за ризична бременост

На поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ќе ѝ се суди одвоено за случајот „Тенк“, кој се однесува на...

Свет1 ден

Директорот на ЦИА се сретнал со Ким Џонг-ун

Директорот на ЦИА, Мајк Помпео, отпатувал за Пјонгјанг на таен состанок со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пренесуваат американските медиуми. Според...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Датум за почеток на преговорите во јуни е нашата следна цел

Безусловната препорака од Европската комисија е мотив за следната цел, а тоа е одлука за почеток на преговорите со Европската...

Македонија1 ден

Уапсен Фејзи Азири обвинет во случајот „Монструм”

Фејзи Азири, кој е еден од обвинетите во случајот „Монструм“, вчера бил пронајден и уапсен со правосилна судска пресуда за...

Македонија1 ден

(Видео) Хан: Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи

Македонија се врати на европскиот пат, но има уште многу да се работи, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на заедничката прес-конференција...

Македонија1 ден

Во кривичниот суд продолжуваат судењата за „Тенк“ и „Тарифа“

Во кривичниот суд денеска се очекува да продолжат судењата за предметите „Тенк“ и „Тарифа“ на специјалното јавно обвинителство. Во денешното...

Македонија1 ден

Откриени 38 мигранти во комбе кај тунелите кај Демир Капија

Триесет и осум мигранти биле откриени вчера на регионалниот пат Гевгелија-Скопје во товарно моторно возило „форд транзит“ во близина на базата...

Македонија1 ден

Хан и Могерини денеска во Скопје

Денеска во официјална посета на Република Македонија пристигнува делегација на Европската Унија предводена од комесарот за европска соседска политика и...

Македонија2 дена

ЕК: Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ

Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската Унија, соопшти еврокомесарот Јоханес Хан, презентирајќи го извештајот за напредокот на...

Досие