Контакт

Општество

Градење на мирољубива култура за хармонизација во балканските држави

Објавено пред

Развојот на мирољубивата култура е она што може да придонесе за хармонизацијата на односите помеѓу балканските држави и народи, е пораката од првиот македонски мировен форум, кој во организација на јужнокорејската невладина организација „Небеска култура, светски мир“, (HWPL) се одржа во вторникот во Скопје.

dobivaj vesti na viber

Говорниците на форумот, кои се воедно и членови на македонскиот Комитет за заложби за мир, воспоставен од страна на HWPL, се согласија дека градењето на мирољубивата култура треба да претставува приоритет за едно општество како она во Македонија, каде постојат бројни проблеми и предизвици кои секогаш може да доведат до потенцијални конфликти. Декларацијата за мир и ставање крај на војните, документ подготвен од HWPL и претседателот на организацијата Ман Хи Ли, претставува еден моќен инструмент којшто може да придонесе за решавањето на конфликтите кои подолго време постојат во овој регион.

„Она што оваа Декларација прави како исчекор во однос на она што досега го имаме видено е тоа што се залага за менување на системот и осовременување на ОН, а тоа е конфликтите што настануваат и што секогаш ќе ги има, светските односно проблеми и конфликти, да не се решаваат само помеѓу двете супер сили односно туку одлучувачко влијание да имаат и помалите држави, особено засегнатите држави од некој конкретен конфлкт.Во опкружувањето се уште имаме предизвици кои можат да доведат до внатрешни, но и до надворешни конфликти“, смета Милка Ристова, долгогодишен судија во  Врховниот суд на Република Македонија.

Според Ристова, во македонското општество постојат многу причини кои можат да предизвикаат конфликти, а едни од нив се и се поголемите социјални разлики и проблеми.

„Социјалните разлики и проблеми што ги имаме со масовното осиромашување на населението и формирањето на една мала елита на богати луѓе е потенцијална причина за внатрешен конфликт. Многу треба да се работи на тоа да се изгради мирољубива култура и култура на толерантен разговор, способност за сите отворени прашања да се разговара на мирољубив пат, за да не дојде до конфликти, а за таа цел, односно мирно решавање на конфликти се залага и оваа Декларација. Постојат многу конвенции и извори на право но се уште не постои важен механизам за имплементација на тие одлуки, Македонија има и конкретно искуство во врска со тоа, односно имаме пресуда на Меѓународен суд во врска со интеграцијата во НАТО поради спорот со јужниот сосед, но нема механизам за извршување на оваа одлука, така што оваа Декларација се заложува не само за решавање, туку и за да ги усоврши механизмите на имплементацијата на одлуките“, вели Ристова.

Според Слаѓана Тасева, извршен директор на Транспарентност Македонија, постојат многу документи кои ги сочинуваат меѓународното право, но она што недостасува се механизми за нивната имплементација, а Декларацијата за мир и ставање крај на војните нуди токму вакви механизми.

„Покрај оваа Декларација постојат и уште многу меѓународни документи и стандарди кои ја уредуваат оваа материја и за чие имплементирање треба да се инсистира, односно да се имплементира тоа што е прифатено и потпишано и така ќе се постигне следниот чекор за постигнувањето на мир и хармонија во светот. Треба да развиваме култура на мирот. Целосната слика за Балканот како дел од Европа покажува дека тој дел се уште не е стабилен, имаме транзиција која трае 26 години, имавме период на војни, ние помининавме мирно но имавме друг тип на внатрешни судири кои предизвикаа меѓуетнички конфликти и судири, а ова се уште го држи Балканот нестабилен. Истата ситуација е и во другите држави на Балканот кои се уште премногу долго се реформираат и сето тоа нас како целина, Балканот и Македонија, прави однадвор да изгледаме како нешто нереформирано и нестабилно, и важиме како потенцијален предизвикувач на безбедносни кризи. Во Декларацијата има одредби кои се однесуваат на граници, потоа на правото на самоопределување, односно одредби кои силно не засегаат и ако почнеме да се залагаме за спроведување на оваа Декларација, поради тоа што се релавантни за нас како држава и регион, со тоа ќе придонесеме з а градењето на културата на мирот на Балканот, во Европа и во светот и тука нашите пријатели од Јужна Кореја ни понудија една извонредна можност“, порача Тасева.

Транзицијата и турбуленциите низ коишто помина Македонија во последните 25 години не треба да се препрепка за фокусирањето кон иднината и промовирањето на мирот, додаде пак претставничката на Регионалното женско лоби, Ирина Поцкова.

„Се сложуваме дека 25 години живееме во тешка и болна транзиција, со многу невработеност, конфликти , жртви, и многу негативни ефекти во општественото живеење, знаеме низ какви се турбуленции помина Македонија. Минатото го знаеме и не можеме да го промениме, но можеме да ја изградиме иднината онака како што сакаме и со промовирањето на мирот и на градењето на европските вредности, демократијат аи владеењето на правото. Сето ова може да се постигне доколку сите заедно се  заложиме за тоа“, рече Поцкова.

Претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, пак, смета дека поголемата улога на жените во градењето на мирот може да придонесе за многу побрзо решавање на сите конфликти и проблеми.

„Лично преку сум убедена дека градењето на мирот преку жените ќе резултира со ставање крај на војните и многу побрзо решавање на сите разлики, без разлика на тоа кои се причините за конфликтите. Во животот доаѓаат разлините потреби и интереси кои создаваат конфликти но овие конфликти секогаш можат да бидат решени во интерес на заедниците и граѓаните, без оглед на тоа од која перспектива  доаѓаат, за да нема војни. Што повеќе луѓе ќе се вклучат во оваа страна на поддржувачи на мирот, толку повеќе тие конфликти ќе бидат решени на мирен начин“, порача Тодоровска.

Инспирацијата, пак, којашто доаѓа од страна на претставниците на Меѓународната младинска група за мир (IPYG), дел од HWPL, во поглед на заложбите за мир е нешто што треба да се искористи од страна на македонската младина за да се  постигне  оваа цел, смета Маја Сталевска, претседател на Младинскиот центар за еднакви можности.

„Претставниците на Интернационалната младинска група за мир не воодушевија со нивната посветеност кон мирот и сфативме дека доколку нешто се сака, тогаш ништо не може да ја спречи неговата реализација. Нивната посветеност е неверојатна, таа инспирира и верувам дека ќе вроди со успех“, рече Сталеска.

Првиот македонски мировен форум, пак, е само дел  од активностите на јужнокорејската организација HWPL на Балканот, која минатата недела во Љубљана одржа дебата во чиј фокус беа значењето на Декларацијата за мир и ставње крај на војните и влијанието на овој документ во помирувањето на балканските земји и нации. Документот досега во светски рамки, односно во повеќе од 157 земји собра над половина милион потписи, а се очекува до крајот на годината оваа бројка да порасне до два милиона, по што очекувањата се таа да биде презентирана и пред Обединетите нации./крај/мф/бс

 

 

 

 

 

Македонија

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан

Објавено пред

Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.

dobivaj vesti na viber

Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.

Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.

Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.

Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.

Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.

Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.

Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.

Постот завршува со Бајрам.

Прикажи повеќе...

Македонија

Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство

Објавено пред

Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.

„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови

Објавено пред

Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.

dobivaj vesti na viber

Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.

Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.

-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.

Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија2 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија4 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија5 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија6 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија8 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ9 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија9 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија9 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија12 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет12 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет12 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија13 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион13 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет13 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет13 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...