Контакт

Општество

Граѓански организации понудија Предлог за итни демократски реформи

Објавено пред

Група граѓански организации и експерти подготвија Предлог за итни демократски реформи кои имаат цел да ги вратат демократските стандарди и вредности во Македонија, враќајќи ја така и довербата на граѓаните во клучните државни институции.

Главната цел на документот е да предложи мерки за спроведување итни реформи кои ќе создадат услови за слободни, фер и кредибилни избори. „Со оглед на степенот на заробеност на државата од страна на владејачките партии, сметаме дека најцелисходно е предложените мерки да ги спроведе експертска влада која во целост ќе се придржува до принципот „Прво реформи, а потоа избори““, велат граѓанските организации.Според нив, документот што го презентираат е концизен текст кој претставува глас на здруженото граѓанско општество за насоката во која треба да се движат клучните демократски промени. „Сметаме дека овој документ треба да се прифати во целина. Прифаќањето на дел од документот, а отфрлање на друг дел, нема да доведе до посакуваниот ефект. Потребно е да се обезбеди суштинска вклученост на граѓанското општество во проценката на состојбите во институциите, но и во мониторингот и  евалуацијата на спроведување на овие реформи. Вклученост треба да постои на сите нивоа на власта  вклучувајќи ги и независните, надзорните и регулаторните тела“, велат граѓанските организации. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Младите разменуваа идеи за образованието, невработеноста и социјалните политики

Објавено пред

Од

Четириесетина присутни дискутираа и разменија идеи на денешниот настан под мотото: „Да зборуваме за млади – Што е планот?“, во организација на „Реактор“ – истражување во акција.
За време на овој организиран појадок што се одржа во „Јавна соба“ во Скопје, присутните беа дел од 5 различни дискусии на теми и прашања што ги засегаат младите, како што се образование, невработеност и социјални политики, граѓанско учество, здравје и релевантни алатки за младинско застапување.

Во рамките на дискусиите, Блажен Малески од „Реактор“ презентираше наоди од истражувањата за состојбите со младите, капацитетите на младинските организации и алатките што им се на располагање. Зборувајќи, пак, на темата невработеност и социјални политики, Младен Фрчковски од Министерството за труд и социјална политика ја презентираше младинската гаранција и што таа овозможува. Понатаму, околу состојбите со младите и образованието зборуваше Мартина Илиевска од Младински образовен форум, а, пак, во име на Национален младински совет на Македонија, Илија Станковски дискутираше за младинските политики и механизмите за граѓанско учество за младите. За крај, Мери Цветковска од „ХЕРА“ ја нагласи потребата и важноста младите да се информираат и едуцираат за своето здравје.

Воедно, на настанот беше промовиран и новиот ресурсен веб-сајт „Млади низ бројки“ изработен од тимот на „Реактор“. Идејата позади оваа алатка е на едно место да се прикажат сите податоци релевантни за младите во Македонија, а преку обезбедување на лесно достапни, интерактивни и визуелизирани податоци, да се поттикне информирана дискусија за положбата на младите во македонското општество, но и да се развие дебата, активности и иницијативи за младинските теми.

На самиот крај, учесниците ги запишаа своите пораки што сакаат да ги испратат до институциите, како што се подобрување на условите за вработување, пристап до практична работа и практично образование, достапен јавен превоз, воедно посакувајќи целокупни промени кои ќе ги подобрат условите за младите во земјата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Обвинителството истражува криминал кај ексдиректорката на Домот за деца без родители „11 Октомври“

Објавено пред

Основното јавно обвинителство води истражна постапка против ексдиректорката на Домот за деца без родители и родителска грижа, Ристенка Атанасова, која се сомничи за сторен материјално-финансиски криминал. Таа се товари за злоупотреба на службената положба и овластувањето, а од ОЈО велат дека веќе е извршено и економско вештачење во Домот со кој Атанасова директоруваше осум години. По осумгодишното директорување на Ристенка Атанасова, таа на донаторската сметка остави едвај 73 илјади денари, а приватната сметка на Домот со години немала прилив на пари. Новата директорка Соња Стамевска вели дека сега донаторската сметка има трипати повеќе пари, а на приватната сметка се слеале 200 илјади денари.

Освен ексдиректорката, во постапката на Обвинителството е опфатено уште едно лице за помагање при извршување кривично дело. По нејзиното заминување, се отвори прашањето каде завршувале парите од илјадници донации што се слеваа во Домот „11 Октомври“ во време кога Министерството за труд и социјална политика констатира дека Домот е потенцијална опасност за ширење заразни болести со лоша санитарно-хигиенска состојба и предложи привремено затворање на објектот. Новата директорка Соња Стамевска вели дека е изгубена довербата кај донаторите, но не сакаше да коментира за постапката на ОЈО.

„За одредени неправилности се води постапка во ОЈО. Не би било во ред да коментирам работи што се во постапка и не се завршени“, рече новата директорка Стамевска.

Нехуманите услови во кои со години живееја штитениците на Домот за деца без родители и родителска грижа „11 Октомври“ се менуваат на подобро. Обнова на инвентарот нема, но санирање на штетите кај постојниот има. Стамевска, која една година раководи со Домот, вели дека работи на тоа да се врати довербата кај јавноста дека нивните донации се трошат за потребите на штитениците и Домот.

„Мора да се врати довербата кај луѓето дека кога нешто ќе вложат тука или ќе дадат, тоа навистина и ќе биде употребено тука. Да ја вратите довербата која, за жал, некој ја изгубил. Нешто сменив, нешто не. Некој ќе рече не е оправдување една година, но верувајте дека тоа донекаде е оправдување бидејќи тој период не е толку голем за да направите големи чекори бидејќи се соочуваме со пречки. Се трудев некои работи да бидат малку поинакви, да се види дека се работи, вложува и дека сакаме да создадеме подобри услови за децата, пред сè, во однос на стручноста кон нив“, вели Стамевска.

Минатата година, кога „Макфакс“ влезе во Домот, таму шетаа лебарки, мебелот беше дотраен, ѕидовите беа со мувла, прозорците со искршени стакла. Ситуацијата се менува, вели директорката Стамевска.

„Има подобрувања во однос нa тој дел, особено во хигиената. Во однос на обновување на инвентарот имаше одредени зафати, но не беа огромни поради процесот на деинституционализација“, додава Стамевска.

Ексдиректорката на домот, Ристенка Атанасова, остана недостапна за коментар. Додека таа беше прв човек на институцијата, објектот беше извор на болести поради лошата хигиенска состојба. Во однос на кадровските решенија – пред една година чуварот работеше како воспитувач на децата, а Домот беше преполн со стар и искршен мебел.

Атанасова како директорка до МТСП не доставувала извештај за материјално-финансиско работење по што Фросина Ременски како технички министер за труд и социјална политика ја разреши од позицијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Дебата во македонско-шведското друштво: ЕУ ќе донесе инвестиции во Македонија

Објавено пред

На тема „Членство во ЕУ, предностите и предизвиците што ги донесе за Шведска“, денес Друштвото за македонско- шведското пријателство организира дискусија во шведската резиденција. Амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон, пред членовите на Друштвото ги сподели шведските искуства од членството во ЕУ.

„Кога ние, конечно, одлучивме да влеземе во ЕУ, значително доцна, мора да кажам, ЕУ е повеќе од 60 години стара, кога конечно одлучивме да аплицираме за членство во ЕУ, Швеѓаните беа скептични за влез во Унијата. На референдумот што го имавме, само 52 отсто од гласовите беа ‘за’. Но, од тогаш, во овие 25 години, Швеѓаните станаа едни од најголемите евроентузијасти, членови на ЕУ со голема поддршка на членството“, рече амбасадорот Стафансон.
Тој порача дека Шведска ја чека Македонија во ЕУ и нагласи дека и покај многубројните лажни вести во медиумите, посебно за договорот со Грција, в недела граѓаните ќе донесат вистинска одлука. Стафансон смета дека бојкот на референдумот не е опција за оние што навистина се грижат за земјата.
Претседателот на Друштвото за македонско-шведското пријателство, Тихомир Илиевски, како поранешен амбасадор на Македонија во Шведска и во Романија, зборуваше за сопствените искуства во овие земји на нивниот пат до членство во ЕУ.

„Искуствата се толку видливо позитивни што јас не можам да ги скријам затоа што лично сведочев или бев сведок на промените што се случуваат во сите земји кога стапуваат во овој сојуз, а ова можам да го потврдам и со моето амбасадорско искуство кога Романија во 2005 година стана членка на ЕУ заедно со Бугарија и со некои други земји и, се разбира, од тој момент, па сè до мојот престој таму, можев да забележам какви промени се случуваат, од животот на социјално ниво, па до економијата и до некои други вредности и предности и подигање на стандардите и критериумите, кои се многу битни за граѓаните што живеат во тие држави и што членуваат во сојузот на европските држави“, рече претседателот Илиевски.

Дека инвестициите и гарантираната безбедност во сите сфери се најголемите бенефити од членството во ЕУ, на членовите на македонско-шведското друштво им објасни Драган Тилев, државен советник за европски политики и координација во Секретаријатот за европски прашања.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион59 минути

(Видео) Пожар на Пелешец, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот остров Пелешец гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија2 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија3 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток4 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток4 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ5 часа

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток6 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story8 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток8 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион8 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија9 часа

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет9 часа

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет10 часа

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ10 часа

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет14 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт22 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија1 ден

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија1 ден

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија1 ден

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Досие