Општество
Иванов: Илинден е изворот на македонската слобода
„АСНОМ стана симбол на слободата и израз на суверенитетот на македонската држава…беше краток блесок на суверената и државотворна волја. Блесок што беше засенет од еден режим што проголта многу слободоумни македонски патриоти, луѓе од народот, кои најдобро знаеја што сака народот. Првиот меѓу нив беше Методија Андонов-Ченто…Поклонувајќи се пред Ченто, се поклонуваме на сите кои придонеле за државотворниот АСНОМ. Им се поклонуваме и на сите кои беа неправедно осудени. На Брашнаров и Шатев, Полежиновски и Чучков, Шаторов-Шарло и Пирузе – Мајски, Фотев, Аголи, Соколов и многу други знајни и незнајни патриоти. Ним им пресудија заради љубовта кон Македонија. Ним им пресудија бидејќи Македонија им беше пред сè… Преку Ченто зборуваат и Гоце Делчев и Кузман Јосифовски-Питу, Пере Тошев и Мирче Ацев, Даме Груев и Орце Николов. И комитата и партизанот… Кога на 8 септември гласавме за суверена и независна Република Македонија, тоа го направивме благодарение и на Ченто“, рече Иванов.
Понатаму македонскиот претседател порача да се чува мирот и соживотот и Македонија да се изгради во економски силна и развиена држава во која младите ќе имаат квалитетно образование, работа и услови да формираат семејства, земја на нови знаења и инвестиции и на повеќе работни места.
„По повеќе од 100 години сон за незвисност имаме 23 години независност. Ако можеме да кажеме дека сме имале континуитет на сонот за слобода, сега можеме да кажеме дека го имаме континуитетот на слободна, независна Македонија. Континуитетот е наша обврска, без оглед што носи времето. Ќе има бури, но и тие ќе поминат. Ќе има и предизвици, но и нив сплотени ќе ги надминеме. Бидејќи македонскиот сон се оствари. И на крај, на овој свет ден ви порачувам: Имаме енергија за многу нови потфати, ја носиме одговорноста затоа што знаеме за хероите што ги дадоа животите за Македонија и затоа што мислиме на нашите деца, на нашата иднина“, рече претседателот Ѓорге Иванов пред споменикот на Ченто во центарот на Скопје. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.
Македонија
Заедничка иницијатива на засегнатите од неспроведувањето на новиот закон за бришење на застарени долгови
Во понеделник, 11 март 2024 во 12 часот пред Министерство за правда во Скопје, може да дојде секој од засегнатите граѓани од извршители, а кој сака да поднесе барање за застарување на долг – 10 години од издавање на извршна исправа – или да поднесе приговор за нерегуларности од извршувањата (пренаплатеност, лихварење, рекет, измама, фалсификат…), информира преку Фејсбук статус Ана Глигорова.
Глигорова вели дека ќе има подготвени, испечатени теркови со барања до Министерството кои ќе може да се пополнуваат на лие место и потоа да се поднесат во пријавницата на Министерството за правда.
Овие барања ќе се однесуваат за сите оние кои биле одбиени од извршителите да го спроведат новиот закон кој е во сила, но и за сите оние кои не поднеле никакво барање до сега, информира Глигорова.
-Ако поднесувате приговор за други нерегуларности составете го сами, според предметот за кој сте засегнати, но и тие документи ќе бидат предадени истиот ден, – додава таа.
Глигорова порачува засегнатите да земат слободен ден или час од работа, за да дојдат лично да ги пополнат и предадат поднесоците за што ќе им биде потребна лична карта и фотокопија од документите.