Општество
Јанкулоска бара да се достават сознанија и докази за наводното изработување фалсификувани пасоши
Министерството за внатрешни работи очекува да се достават сите сознанија и докази за наводно изработување на фалсификувани пасоши, рече во саботата министерката Гордана Јанкулоска, откако во петокот неделникот Фокус објави напис а на интернет ресурсот и видео за споменатите тврдења, добиени од непознат извор.
„Лицата блиски до опозицијата кои се обидуваат да отворат тема, не се погрижија да понудат аргументи. Сосема е погрешен пристапот и обидот да се исценира некаква афера затоа што очигледно е дека пристапот е нестручен и оној што се обидува да ја наметне темата во јавноста не го познава процесот. МВР, како институција за сите нивни сознанија или евентуални докази им стои на располагање за целосно да се истражат и да се отфрлат какви и да се сомнежи, ако некој воопшто ги има“, рече министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, којашто во саботата присуствуваше на почетокот на манифестацијата Авто-рели во скопската населба Автокоманда.
Според неа, Република Македонија, со повеќе од дваесет различни типови високософистицирани заштитни елементи во патната исправа и личната карта, спаѓа во редот на земјите кои имаат втора генерација биометриски документи и кои имаат најбезбедни документи не само во Европа, туку и во светот.
„Практично, патната исправа на Република Македонија може да биде активирана само од лицето кое е нејзин сопственик, односно чии податоци се ласерски гравирани во поликарбонатната страница на патната исправа“, појасни Јанкулоска.
Објаснувајќи ја процедурата, министерката посочи дека во земјава не се изработуваат пасоши, туку дека Република Македонија оригиналните обрасци ги набавува од производителот од Германија, истиот кој ја произведува банкнотата на еврото, а потоа ваквите оригинални обрасци се персонализираат. „„Така, доколку некој и се обидел да изработи исправа која наликува на македонскиот патен документ, тоа би било прилично лесно воочливо и прилично видливо“, порача Јанкулоска.
Меѓутоа, истакна, она што за оваа тема е навистина релевантно е што ниту Државната изборна комисија, којашто е надлежна за организирање на изборите, на овие или на кои и се е претходни избори, пријавила обид за злоупотреба на личен документ поради утврдување на идентитет. Според Јанкулоска, досега ниеден институција не пријавила дека е направен обид со фалсификуван документ некој да се обиде да се идентификува.
„И на граничните премини во Република Македонија досега не е евидентиран обид да се премине државната граница со фалсификуван документ кој многу лесно се открива, ниту, пак, која и да е држава во светот преку системот на Интерпол не известила дека македонски документ е фалсификуван или дека некој со македонски документ се обидел да ја премине државната граница на некоја земја. Тоа е впрочем уште една потврда за безбедноста на документите кои ги издава земјата“, истакна Јанкулоска.
Министерката за внатрешни работи уште рече дека не може да претпостави „која е идејата на опозицијата“, којашто ја наметнува оваа тема во јавноста, но ги повика до нив да ги достават сознанијата или евентуалните докази да за тие целосно да бидат истражени.
„Како институција за сите нивни сознанија или евентуални докази им стоиме на располагање за целосно да се истражат и да се отфрлат какви било сомнежи, доколку некој воопшто ги има, но не верувам дека некој може да подлегне на таква приказна, но сепак како институции спремни сме сериозно да ги испитаме“, додаде Јанкулоска.
Според неа, опозициските политичари и медиуми се обидуваат да стават во контекст систем на изработка на документи кој не се однесува на таква работа.
„Го спомнуваат АФИС системот, но тој воопшто не служи за изработка на документи. Зборот АФИС е кратенка од ’автоматски систем за проверка на отисоци од прсти’, и тоа значи дека таквите системи ги користат институциите и органите надлежни за спроведување на законот за компарирање на отпечатоци од прсти, или пластично кажано – доколку при истрага на лице место каде што е сторено кривично дело се подигнат отисоци, тие треба да се компарираат со некоја база за да се утврди идентитетот на лицето од кое потекнуваат отисоците од прсти. Ваквото нестручно мешање на работите во обид да се креира некаква атмосфера на сомнеж кај граѓаните, мислам дека не им оди во прилог, но јас не би навлегувала во нивната стратегија и потреба да излегуваат со крајно неаргументирани и неиздржани теми“, порача Јанкулоска.
Наспроти тврдењата дека се случува некаква кражба, министерката за внатрешни работи, истакна дека никаква кражба ниту е пријавена, ниту, пак, некој тврди дека нешто недостига. Но побара дека доколку опозицијата и медиумите се пријавители на евентуалната кражба во првата полициска станица да пријават што е украдено/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.