Општество
Јавен повик од ДИК да се пријават спортните гласачи
Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 196-б од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 25-ти јули 2016 година, усвои
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список
по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список
Врз основа на член 31 став 2 точка 44 и член 196-б од Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08, 44/11, 51/11, 54/11, 142/12, 31/13, 34/13, 14/14, 30/14, 196/15, 35/16, 97/16 и 99/16), Државната изборна комисија на седницата одржана на 25-ти јули 2016 година, усвои
ЈАВЕН ПОВИК
за пријавување на граѓани чии што записи во Избирачкиот список
по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список
Се повикуваат сите граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се утврдени како спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список, во периодот од 26 јули до 19 август 2016 година да се пријават во Државната изборна комисија за да може да се запишат во Избирачкиот список.
Списокот на граѓани чии што записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни записи, односно за кои има несовпаѓање на податоците за граѓаните предмет на проверки во Избирачкиот список е објавен:
– на официјалната веб страница на Државната изборна комисија www.sec.mk;
– во подрачните одделенија на Државната изборна комисија и
– во месните канцеларии на Министерството за правда-Управа за водење на матични книги.
Пријавувањето може да се изврши на два начина и тоа:
1. Лично во Државната изборна комисија или во Подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија, секој ден од 08:30 до 19:00 часот.на следните адреси:
– ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
Улица: Св.Кирил и Методиј бр.54, Скопје 1000
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГЕВГЕЛИЈА
Канцеларија Гевгелија
Адреса: ул. Маршал Тито бр. 170
Канцеларија Валандово
Адреса: ул. „4 ти Јули„ бр. 1
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИЧЕВО
Канцеларија Кичево
Адреса: ул. Борис Кидрич бб
Канцеларија Македонски Брод
Адреса: ул. 7-Септември бр. 4
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КОЧАНИ
Канцеларија Кочани
Адреса: ул. Раде Кратовче бр. 1
Канцеларија Берово
Адреса: ул. Димитар Влахов бб
Канеларија Виница
Адреса: ул. Бел камен бб
Канцеларија Делчево
Адреса: ул. М.М. Брицо бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ОХРИД
Канцеларија Охрид
Адреса: ул. Димитар Влахов бр. 57
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУГА
Канцеларија Струга
Адреса: ул. Пролетерски бригади бр. 62
Канцеларија Дебар
Адреса: ул. Булевар Скопје бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ СТРУМИЦА
Канцеларија Струмица
Адреса: ул. Сандо Масев бр. 1
Канцеларија Радовиш
Адреса: бул. Александар Македонски бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ВЕЛЕС
Канцеларија Велес
Адреса: ул. Панко Брашнар бр. 1
Канцеларија Кавадарци
Адреса: бул. ул. Маршал Тито бб
Канцеларија Неготино
Адреса: ул. „Ацо Аџи Илов„ бр. 2
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ШТИП
Канцеларија Штип
Адреса: ул. Васил Главинов бр. 4б
Канцеларија Свети Николе
Адреса: ул. Плоштад Илинден бб
Канцеларија Пробиштип
Адреса: ул. Јаким Стојковски бр. 1
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ БИТОЛА
Канцеларија Битола
Адреса:бул. 1 мај бб
Канцеларија Ресен
Адреса: Ул. Маршал Тито бб
Канцеларија Демир Хисар
Адреса: ул. Битолска бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГОСТИВАР
Канцеларија Гостивар
Адреса: ул. Браќа Ѓиновски бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КУМАНОВО
Канцеларија Куманово
Адреса: ул.11 октомври бб
Канцеларија Крива Паланка
Адреса: ул. Јоаким Осоговски бр. 175
Канцеларија Кратово
Адреса: ул. Маршал Тито бр. 175
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ПРИЛЕП
Канцеларија Прилеп
Адреса: Ул.Питу Гули бр 2
Канцеларија Крушево
Адреса: ул. Никола Ѓурковиќ бб
– Подрачно одделение Тетово
Канцеларија Тетово
Адреса: ул. Дервиш Цара бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КАРПОШ
Канцеларија Карпош
Адреса: ул. Стрезово бр.7 Козле
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЦЕНТАР
Канцеларија Центар
Адреса: ул. Михаил Цоков бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ЧАИР
Канцеларија Чаир
Адреса: ул. Босна и Херцеговина бб. барака број 16
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ ГАЗИ БАБА
Канцеларија Гази Баба
Адреса: бул. Александар Македонски бб
– ПОДРАЧНО ОДДЕЛЕНИЕ КИСЕЛА ВОДА
Канцеларија Кисела Вода
Адреса: ул. Првомајска бб
2. Лично во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија во седиштата на единиците на локалната самоуправа, и тоа:
1. Ѓорче Петров;
2. Сарај;
3. Студеничани;
4. Аеродром;
5. Шуто Оризари;
6. Бутел;
7. Арачиново;
8. Чучер Сандево;
9. Петровец;
10. Липково;
11. Долнени;
12. Боговиње;
13. Брвеница;
14. Желино;
15. Јегуновце;
16. Теарце;
17. Маврово и Ростуше и
18. Врапчиште.
19.
3. При личното пријавување во Државната изборна комисија односно подрачните одделенија и канцеларии, или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија во единиците на локалната самоуправа, потребно е со себе да носите документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа ).
4. Електронско пријавување преку посебна електронска апликација, поставена на веб страната на Државната изборна комисија www.sec.mk.
При пополнувањето на бараните податоци наведени во пријавата, задолжително треба да прикачите скениран – фотографиран личен документ (важечка лична карта или патна исправа) на начин да може јасно да се прочитаат неговите лични податоци, адреса на живеење и важноста на личниот документ.
Списокот на адреси на Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, како и други подетални информации може да се најдат на официјална веб страна www.sec.mk/крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.