Општество
Кривичниот совет побара да бидат доставени пасошите на Верушевски и Лазаревски
– Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Зоран Верушевски
Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје побара од во неделата Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги достави патните исправи на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, за да може да одлучува по однос на предлозите за укинување или замена на мерката притвор за двајцата информираа во неделата од скопскиот кривичен суд.
Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје побара од во неделата Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева да ги достави патните исправи на Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски, за да може да одлучува по однос на предлозите за укинување или замена на мерката притвор за двајцата информираа во неделата од скопскиот кривичен суд.
Специјалното јавно обвинителство кое го презеде случајот „Пуч“, на барање на одбраната предложило првообвинетиот во овој случај, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразунавање, Зоран Верушевски и обвинетиот Ѓорѓи Лазаревски да се бранат од слобода со мерки за обезбедување.Овој предлог ќе биде доставен до Кривичен совет за натамошно надлежно одлучување и доколку биде прифатен Верушевски и Лазаревски ќе излезат од притвор, потврдија во петокот од Крвичниот суд за Макфакс.Во неделата, пак, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје соопшти дека „Откако специјалната обвинителка Катица Јанева по предлогот за укинување или замена на мерката притвор, со понудената гаранција поднесен од страна на обвинетите Зоран Верушевски и Ѓорги Лазаревски преку нивните бранители, достави мислење со предлог за укинување, најпрво на точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП, односно влијание на сведоци, бидејќи по тој основ не може да се прифати гаранција.Од Кривичниот суд претходно обрложија дека Специјалното обвинителство предложило да биде укинат притворот за Верушевски и Лазаревски со понудена гаранција и да се определат мерки за обезбедување, одземање на патната исправа и забрана за напуштање на живеалиштето, мерка што не е иста со куќниот притвор. Во допис до медиумите. Специјалното тогаш обвинителство потврди дека го прифатиле барањето на одбраната, на обвинетите да им биде укинат притворот.Воедно со предлогот на специјалната обвинителка поднесен до Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 – Скопје било побарано советот да ја укине оваа точка со образложение дека единствениот сведок бил и сослушан и немало основ за влијание врз него, па откако ќе се укине оваа точка од решението да се укинат и другите основи од чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 и да се прифати понудената гаранција од обвинетите.Покрај ова, во предлогот стои да се определат превентивни мерки, забрана на напуштање на живеалиште и да се одземе патна исправа, точно наведена со број и датум на важност.„Кривичниот совет постапувајќи по предлозите на обвинетите во кои не е наведена ниту предложено одземање на патна исправа, како и по даденото мислење на специјалната обвинителка во кое се наведуваат точни податоци за правни исправи со датуми на важност кои се наведува да бидат одземени, но со оглед на тоа што обвинителката не го известила Кривичниот совет како ги добила овие податоци, ниту, пак, ги доставила патните исправи за коишто предлага да се одземат, Кривичниот совет се обрати до неа за да ги достави наведените патни исправи како би можел да одлучи по однос на предлозите и доставеното мислење“, наведуваат од Основниот суд Скопје 1 – Скопје.Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е и лидерот на опизицијата, Зоран Заев. Првообвинет во случајот е Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски вработен во МВР и Бранко Палифров, функционер од Општина Струмица.По објавувањето на `бомбите` од страна на опозицијата, прислушувани разговори на високи функционери, тие беа обвинети за „шпионажа“ и „насилство спрема државни функционери“.По пет одложени рочиште Заев се појави за прв пат во судот на рочиштето во понеделникот, откако случајот го презеде Специјалното обвинителство, но судењето беше одложено на барање на новото обвинителство, на кое му било потребно време да ги разгледа доказите./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
Македонија
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан
Денеска со зајдисонце за муслиманите започнува месецот Рамазан, при што се поттикнуваат добри дела, молитви и читање Куран чие објавување започна токму во месецот Рамазан пред повеќе од 1.400 години.
Рамазан е деветтиот месец од муслиманскиот лунарен календар, благословен и свет месец во кој верниците од исламска вероисповед ширум светот постат во текот на дневните часови.
Целта е да се излезе од Рамазан подобар, поздрав, со простени гревови.
Првиот ден на постот е во понеделник на 11 март, а последниот на 9 април.
Рамазан е месец на прочистување на духот, умот и телото во кој муслиманите се откажуваат од храна, пијалок и други телесни задоволства, не прават неморални дела и избегнуваат гнев.
Добротворноста е многу важен дел од исламот и уште поважно е за време на Рамазан кога муслиманите се потсетуваат на великодушноста и ги зголемуваат своите добротворни активности.
Секоја година, Рамазан започнува 10 до 12 дена порано бидејќи исламскиот календар е всушност лунарен хиџри календар каде месеците имаат 29 или 30 дена.
Бидејќи лунарната година е пократка од сончевата година за 11 дена, во 2030 година ќе има два Рамазани – првиот ќе започне на 5 јануари, а вториот на 26 декември.
Постот завршува со Бајрам.
Македонија
Народната банка со поддршка за борбата против семејното насилство
Вработените во Народната банка организираа хуманитарна акција, преку која изразија поддршка за борбата против семејното насилство. Донацијата на вработените за „Кризниот центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“, кој 20 години нуди поддршка и помош на жените кои поминуваат низ тешки животни искуства, ја врачија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и претставници на Синдикатот на вработените во Народната банка.
При посетата на Кризниот центар, тимот на Народната банка се запозна со предизвиците со кои се соочува здружението и активностите кои ги преземаат за помош и поддршка на жените жртви на насилство. На средбата беше истакната потребата од понатамошно јакнење на свеста на сите општествени чинители за предизвиците со кои се соочуваат овие жени и долгиот процес и улогата на општеството во нивната рехабилитација.
„Потребата од натамошно подобрување на состојбите треба да е и причина да размислиме што и каде може да се унапреди за да се направат промени. Треба да посветиме должно внимание и да упатиме гласни пораки дека со економско зајакнување, жените жртви на семејно насилство многу полесно ќе го прекинат кругот на насилство и помалку ќе бидат жртви. Потребна е многу поголема сензибилност во однос на пристапот до работа на оваа ранлива категорија на жени. Тоа подразбира креирање мерки за нивно вработување, врз основа на реалните потреби на жените, или нивна стручна преквалификација, доквалификација што ќе придонесе за нивно интегрирање и задржување на пазарот на трудот“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска, при посетата на Здружението „Кризен центар за згрижување на жени жртви на семејно насилство-Надеж“.