Контакт

Општество

Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Објавено пред

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.

Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.

 

Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.

 

Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

На Табановце и Богородица се чека 1 час

Објавено пред

На граничните премини од македонска страна за излез на ГП Табановце времето на чекање е 1 час, за излез на ГП Ќафасан се чека 15 минути, а на ГП Богородица времето на чекање за излез е околу 1 час. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Од таму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Заев за статусот на Охрид во УНЕСКО: Плажите се прочистени од дивоградбите, стопирано е искривоколчувањето на природното наследство

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања во парламентот повика на одговорно однесување од сите во државата кон Охрид како природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на 44. сесија во Фуџи, Кина, донесе одлука природното и културното наследство на Охридскиот Регион да не биде впишано на листата со светско наследство во опасност.

„Сите институции посветено работевме, денес да ја имаме шансата, односно да создадеме аргументи, да не биде Охрид прогласен под опасност од страна на УНЕСКО. Денес успеавме. Тоа мора да ни биде мотивација и обврска Охрид да го развиваме со усул водејќи грижа за ова богатство, кое е првиот тригер за привлекување на туристите во Охрид и во Струга. Ја имаме одговорноста сите да продолжиме по тој пат“, повика Заев.

Заев укажа дека оваа одлука не значи дека работата е завршена иако, како што рече, таа значи верификација за она што е направено во последните неколку години, со оглед дека извештаите од 2014, 2016, 2017, кои биле правени со мониторинг-мисии, јасно укажуваат на девастацијата наназад, а во последните години исто укажуваат на сѐ што e постигнато.

„Успех се донесувањето на планот за управување со охридското крајбрежје, изградбата на колекторот и продолжувањето на доизградбата на канализациските притоки, пречистителните станици, конечното влегување во клинч со расчистување на плажите, што не е благопријатен процес, но е со цел унифицирање и враќање на плажите онака како што УНЕСКО тоа го предвидува и дозволува, на начин на кој ќе се договорат општинските власти, државните институции и граѓаните. Денес плажите се целосно прочистени од дивоградбите, од бетоните, од железата, сето тоа што беше констатирано во извештаите од одземањето на парцелите на МПЦ-ОА заради мегаломанството на Субрата Рој поддржано од тогашните власти, до носењето морски песок на крајбрежјето на Охридското Езеро и целосно искривоколчување на природното наследство, уништувањето на културната традиција и наследството и во делот на 365-те цркви, џамии и сите верски објекти, што се меѓу причините за негативните извештаи“, посочи Заев.

Потенцира дека Владата останува цврсто посветена на зачувување на статусот светско наследство, за природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: За пукање на свадби се предвидени и затворски казни

Објавено пред

Министертвото за внатрешни работи ги повикува граѓаните да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби затоа што тоа може да предизвика тешки последици. Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а глобата за ваков вид прекршок се движи од 200 до 500 евра (член 31)“, нагласуваат од МВР.

Во зависност од последиците пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години (член 288 од Кривичниот законик), предупредуваат од оваа институција.

На оваа тема денеска Министерството за внатрешни работи соопшти дека разговарале и со преставници од општина Студеничани каде била одржана вонредна седница на Советот на Општина Студеничани, на која присустувале градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садики, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, заедно со помошник-директорот Шефик Бајрами, како и командирот на ПС Драчево, Миле Трифуновски.

На седницата, како што соопшти МВР била разгледана безбедносната состојба на подрачјето на општина Студеничани, која била оценета како стабилна, со тенденција кон подобрување, посочија од ова Министерство.

Додаваат дека особено внимание било посветено на пукањето со огнено оружје на семејните веселби и мерките за спречување на оваа појава.

„Советот на Општина Студеничани, градоначалникот и Министертвото за внатрешни работи ги повикуваат сите граѓани да се воздржат од пукање со огнено оружје на семејни веселби затоа што тоа може да предизвика тешки последици“, велат надлежните.

Ваквите активности, како што најавија од МВР, во наредните денови ќе продолжат и во другите општини.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Се шири пожарот во Бодрум, туристите се евакуираат со чамци за спасување

Туристите во Турција денеска побрзаа кон чамците за спасување, откако им беше кажано да се евакуираат од хотелите во егејското...

Свет3 часа

Британскиот премиер го очекува своето седмо дете

Сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон, Кери, објави дека е бремена по втор пат. Таа објави на Инстаграм дека двојката...

Свет4 часа

(Видео) Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши. Планирани се...

Топ5 часа

Нападната вработена во Ургентниот центар во Куманово

Вработена во Ургентниот центар во Куманово пријавила дека додека била на работното место ја нападнало едно лице. Инцидентот се случил...

Македонија7 часа

Расте бројот на заболени – потврден 81 нов случај на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија е потврден 81 нов заболен со коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Направени се 5.315...

Македонија9 часа

Две дози вакцина во Македонија примиле над 390.000 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.302 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.545 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 904.583...

Свет10 часа

„Локдаун“ во уште еден град во Австралија

Милиони Австралијци се погодени од новото заклучување, пренесува Би -Би -Си. Властите воведоа тридневно заклучување во југоисточниот дел на Квинсленд,...

Спорт10 часа

Ѓоковиќ поразен – пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит...

Македонија11 час

Горан Сугарески разрешен од директорската функција во Царинската управа

Владата го разреши Горан Сугарески од функцијата директор на Царинската управа. „Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да...

Економија12 часа

Државата ќе им даде 111 милиони денари помош на туристички агенции, ресторани за свадби и ноќни клубови

Владата ќе додели еднократна финансиска помош во висина од 111 милиони денари за 382 лиценцирани туристички агенции, категоризирани ресторани за...

Македонија12 часа

(Видео) Државата ја зголеми наградата за олимпиецот Георгиевски

Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех на Дејан Георгиевски на Летните...

Регион1 ден

Вишеградската група со поддршка за „Отворен Балкан“, соработката ќе придонесе за регионална стабилност

Земјите од вишеградската група (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) го поздравија формирањето на иницијативата „Отворен Балкан“ (поранешен минишенген) од страна...

Регион1 ден

Српски автобус се преврте во Германија, повредени најмалку 19 лица

Најмалку 19 лица се повредени при превртување патнички автобус на германскиот автопат А13 помеѓу Стааков и Фрајвалде во правец на...

Македонија1 ден

Поради неправилности во работењето, сменет директорот на Националната библиотека „Свети Климент Охридски“

Директорот Фремзим Даути се разрешува од должноста директор на Националната установа, Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје...

Македонија1 ден

Илинден на Мечкин Камен без говор на Пендаровски, но првпат со Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, нема да оди да го чествува Илинден на Мечин Камен на 2 Август иако шефот...

Македонија1 ден

Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик, смета дека има нелогичности

Претседателот Стево Пендаровски нема да потпише указ за прогласување на измените на Изборниот законик со кој се бараат потписи од...

Македонија1 ден

Двајца починати и 74 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Македонија1 ден

Фирма казнета со 20.000 евра за испуштање мазут во Вардар

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги...

Топ1 ден

Пешак загина, велосипедист тешко повреден – и во двата случаја возачите што ги удриле побегнале

Пешак во Скопје загина, а велосипедист е тешко повреден во два одделни случаја во кои биле удрени од автомобили, при...

Топ1 ден

Возачот кој усмрти пешак во Куманово бил пијан

Седумдесетгодишниот возач М.П. кој удри во пешаци во Куманово, од кои едниот почина, бил пијан, утврди кумановското обвинителство. Несреќата се...

Досие