Контакт

Општество

Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Објавено пред

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.

Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.

 

Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.

 

Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Царовска: Годината ја завршуваме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вчера вечер во Велес учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината “Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Велес.

“СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените. За таа цел Владата предводена од СДСМ за оваа година издвои двојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство. Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија. Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување”, рече Царовска.

Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што се уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.

“Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Се додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.

Владата истовремено работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот.

„Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Објавено пред

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.

Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.

„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.

Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Бројот на ученици што спротуваат сакаме да го зголемиме од 5.000 на 50.000

Објавено пред

Остануваме на намерата преку моделот на училиштен спорт да го зголемиме бројот на учениците што спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 во основното и средното образование, рече премиерот Заев при увидот во градежните работи за изведба на спортска сала при основното училиште „Јоаким Крчовски“ во Волково.

Се работи за спортска сала од 650 квадратни метри со вкупна вредност од 24 милиони денари (400.000 евра).

Во изјавата за медиумите премиерот истакна дека изградбата на оваа спортска сала е во духот на реформите во основното образование и новиот Закон за основното образование, каде што има тандем наставници за изучување на предметите по физичко образование како една од стратешките определби на Владата.

„Селото Волково и училиштето ‘Јоаким Крчовски’ првпат добиваат спортска сала по 60 години, која се гради од Министерството за образование и наука со помош и со поддршка на Општина Ѓорче Петров и ќе им служи на 367 ученици од село Волково и село Орман“, нагласи Заев.

Тој при увидот во градежните работи, кои се очекува да завршат во мај в година, беше придружуван од заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Боки 13 се пожали на здравствената состојба, судијката го опомена дека ќе го извади од судницата

Судијката Васка Николовска-Масевска му рече на обвинетиот Бојан Јовановски, алијас Боки 13, дека ќе го извади од судницата ако говори...

Македонија50 минути

(Видео) Орце Камчев без неговата сопруга дојде да сведочи во судот за „Рекет“

Бизнисменот Орце Камчев пристигна во судот, како сведок за случајот „Рекет”. Денеска требаше да сведочи и неговата сопруга Ана, која...

Свет2 часа

Франција втор ден парализирана поради штрајкот

Втор ден продолжува штрајкот во Франција. И денеска нарушен е јавниот превоз, а училиштата се затворени. Синдикатите најавија дека планираат...

Свет2 часа

Меркел во прва посета на Аушвиц, ќе донира 60 милиони долари за Меморијалот

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска за првпат ќе го посети Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако ја презеде функцијата пред 14 години. Меркел...

Свет2 часа

150 пожари ја пустошат Австралија

Пожарникари се обидуваат да ги стават под контрола 150-те пожари во Нов Јужен Велс додека силни ветрови го шират чадот...

Свет3 часа

Пентагон размислува да испрати неколку илјади војници на Блискиот Исток

Министерството за одбрана на САД размислува за дополнително распоредување на 4-7 илјади војници на Блискиот Исток за да се спротивстави...

Македонија3 часа

Во кривичниот суд пак ќе се оценува обвинението за организаторите на насилниот упад во Собранието

Во кривичниот суд по вторпат ќе се оценува обвинителниот акт за организаторите на насилниот упад во Собранието од 2017 година...

Свет3 часа

Туск: Брегзит е најтажното искуство за време на мојот мандат

Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската Унија, вели Доналд Туск во интервју за „Гардијан“, што е...

Македонија3 часа

Продолжува судењето за „Рекет“, ќе сведочат Орце Камчев и неговата сопруга

Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева денеска треба да се појават во кривичниот суд во Скопје како сведоци...

Европа14 часа

Над половина милион луѓе протестираа во Франција, сообраќајот во колапс

Повеќе од 510.000 демонстранти излегоа на улиците на 70 града во Франција во знак на протест против најавените пензиски реформи...

Свет18 часа

САД со обвинение против руски хакери кои во своите операции украле над 100 милиони долари

Американските власти денеска покренаа обвинениe против лидерот на руската криминална група за компјутерски криминал позната како Evil Corp „Зла корпорација“...

Македонија20 часа

Спасовски: Жалам што Обвинителството немаше храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар палас“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, изрази жалење што Обвинителството немало храброст да одреди притвори за осомничените за пукањето во...

Македонија20 часа

Обвинение за судијата Мустафа Шахини за злоупотреба на службената положба

Управниот судија Мустафа Шахини наскоро треба да седне на обвинителна клупа во предметот за злоупотреба на службената положба и овластување...

Македонија21 час

Собранието ќе одлучи дали треба Јовески да го преземе СЈО

На 11 декевмри на собраниската седница ќе се најдат измените на Законот за јавнообвинителска служба со кој треба да се...

Македонија1 ден

(Видео) Деспотовски: За жал, изборите ќе ги пролонгираат грантовите од Фондот за иновации

Изборите ќе ги пролонгираат грантовите што ги доделува Фондот за иновации и технолошки развој, најави Јован Деспотовски во интервју за...

Култура1 ден

„Медена земја“ е најдобриот документарец за 2019 според критичарите во Њујорк

Американската организација на филмски критичари од Њујорк „New York Film Critics Circle (NYFCC)“ синоќа ја додели наградата за најдобар документарен...

Регион1 ден

Радев: Во НАТО државите се поделени на произведувачи и купувачи

Бугарскиот претседател Румен Радев им порача на лидерите на земјите членки на НАТО дека иднината на алијансата не ја гледа...

Свет1 ден

Макрон: Прашајте ги Србите дали им се промени животот со отворањето на поглавјата

Францускиот претседател уште еднаш повтори дека е против отворање пристапни преговори пред реформите на преговарачкиот процес. Како што објасни Макрон,...

Македонија1 ден

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 ден

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Досие