Општество
Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.
Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.
Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.
Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев: Мотивацијата и храброста на Јане е инспирација за олеснување на животот на луѓето со ретки болести

„Покажавме дека ако се сака, сè се може, мораме да наоѓаме начини да им помогнеме на нашите деца, на младите, да видат дека државата се грижи, дека е тука за нив, да им помогне и да останат тука, заедно со своите роднини и пријатели да ја градат нашата иднина“, му рече премиерот Заев на младиот Јане Велковски на денешната средба во Владата, на која присуствуваа и неговите родители и министерот за здравство, Венко Филипче.
Единаесетгодишниот Јане е едно од седумте лица со спинална мускулна атрофија (СМА) за кои државата го обезбеди лекот „спинраза“, најсовремена терапија во светот за лекување на оваа болест и тој веќе прими две терапии од лекот, кој, како што информираа неговите родители, има одлични резултати за запирање на прогресијата на болеста. Јане Велковски на јавноста ѝ е познат и како говорник на глобалниот самит во Обединетите нации во Њујорк по повод Светскиот ден на детето, каде што како претставник на децата од нашата земја упати порака дека сите се еднакви и треба така и да го живеат животот, без бариери и ограничувања.
Јане порача дека навистина е среќен што се лекува во својата земја и изрази задоволство дека не се исполнил предлогот на неговите родители да се иселат од земјава во потрага по лекот за неговата болест.
Јане на премиерот Заев му подари топка на која се испишани целите на УНИЦЕФ и заедно со министерот Филипче разговара за впечатоците од учеството на самитот на УНИЦЕФ во Њујорк и средбите со славни личности. На премиерот Заев и министерот Филипче им подари и врамени фотографии од тие официјални средби со посвета.
Македонија
Советот за социјална сигурност го поддржа зголемувањето на пензиите

Советот за социјална сигурност, на кој денеска присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ги поддржа законските измени со кои од идниот месец ќе се зголемат пензиите за сите пензионери за 700 денари. На седницата на Советот се разговараше и за редовните усогласувања на пензиите до крајот на идната година за уште 160-200 денари, со што во 2020 година пензиите ќе пораснат 900 денари. Исто така, на дневен ред беше и развојот на социјални услуги на локално ниво за постарите лица.
„Дополнителното трето покачување се прави законски и плански со издржани пресметки и во услови кога имаме стабилизација на пензискиот систем, но и во услови кога имаме раст на економијата и раст на минималната плата од 15 и од 5 отсто на просечната плата. Предложените законски измени се направени во консултација со Сојузот на пензионерите и ги разгледуваме и на Советот за социјална сигурност“, речe Царовска.
На седницата на Советот се разговараше и за развој на социјални услуги на локално ниво, од кои бенефит треба да имаат постарите лица. За овие услуги општините за следните 5 години имаат на располагање над 10 милиони евра, а од вкупно 65 општини што аплицирале за средствата, дури 56 планираат да развиваат нега за стари лица во домашни услови.
Советот го поздрави и укинувањето на квотите за лековите од страна на Министерството за здравство, како и ослободувањето од партиципација за болничко лекување во болниците во целата држава за пензионерите со пониска пензија од просечната.
Македонија
Се отвораат уште три нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola преку Роса, заедно со Министерството за здравство ќе отворат уште три нови Роса школи за родителство до крајот на годинава. На прес-конференцијата која се одржа денес во просторијата на Роса школата во Поликлиниката „Јане Сандански“, Пивара Скопје и Министерството за здравство потпишаа и Меморандум за соработка со која најавија и продолжување на проектот и во 2020 година со отворање на повеќе Роса школи за родителство и во други градови во Македонија.
Со годинешното отворање на Роса школите во ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“ и во општите болници во Охрид и во Куманово, на идните родители од овие градови ќе им биде на располагање стручен тим за поддршка и помош во текот на бременоста и првите родителски години. Со отворањето на трите нови школи, во употреба ќе бидат вкупно шест Роса школи, а до крајот на 2020 во здравствените домови во повеќе градови низ земјата на располагање ќе бидат вкупно девет Роса школи.
На денешниот настан свое обраќање имаа премиерот, министерот за здравство и генералниот директор на Пивара Скопје, кои го изразија своето задоволство за продолжување на проектот, но и ја истакнаа важноста од ваков тип на неформални обуки за сите идни родители.
Сите простории во здравствените домови наменети за „Роса“ школите, инаку се комплетно реновирани и опремени од страна на Пивара Скопје и компанијата Coca – Cola од средства собрани преку претходно спроведената шестмесечна кампања во која се издвојуваше по 1 денар од секое продадено шише вода „Роса“ од 1,5 л. Во овој партнерски проект, Министерството за здравство ги одредува здравствените домови каде најмногу има потреба од ваков тип на школи за идни родители и го обезбедува стручниот тим кој ќе ги спроведува обуките. Овој тим е составен од доктори специјалисти по гинекологија и акушерство, педијатрија, како и медицински и патронажни сестри.
Обуките се бесплатни и ќе бидат организирани во 5 тематски целини кои опфаќаат родителство, здрави стилови при бременоста, психофизичка подготовка, доење и нега на новороденчето, а трудниците и сите заинтересирани идни родители и членови на нивните семејства ќе можат да се пријавуваат директно во здравствените домови.
Проектот „Роса школи за родителство“ започна во 2018 година, кога свои „Роса“ школи добија Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Општата болница во Гостивар и Клиничката болница во Битола.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми