Контакт

Општество

Меѓународен балкански универзитет доделува 500 стипендии за најуспешните матуранти

Објавено пред

Во рамки на активностите за одбележување на десетгодишнината од неговото основање, Меѓународен балкански универзитет организира испит за доделување на 500 стипендии за најуспешните матуранти од средните училишта во Македонија и земјите од балканскиот регион за академската 2016/2017 година.

Централното тестирање за матурантите од Македонија ќе се одржи на 23 април 2016 година (сабота) со почеток во 10 часот во Скопје. Кандидатите ќе полагаат испит за стипендија кој содржи прашања од општа култура, историја, географија, математика и интелегенција, како и испит за познавања на англискиот јазик.

 

Кандидатите ќе имаат можност да изберат една помеѓу 20-те студиски програми на додипломски студии кои им се нудат на студентите за новата академска година.

 

Сите заинтересирани матуранти можат да аплицираат за испитот за стипендии преку онлајн порталот www.ibu.edu.mk/scholarships/крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Царовска: Продолжуваме да се бориме за свет без насилство и дискриминација за жените

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика Мила Царовска вечерва во Гази Баба учествуваше на трибина посветена на борбата против семејното и родово базирано насилство. Трибината “Стоп за насилство против жените и девојчињата, нема оправдување” се одржа во рамките на одбележувањето на 16 дена активизим во организација на Форум на жени на СДСМ на ОО Гази Баба.

“СДСМ е партија која препозна дека има неправедност кон жените и девојките и се бори тоа да го промени. Се залагаме за еднаква застапеност на жените на раководни позиции, но и се бориме против дискриминацијата и насилството врз жените”, рече Царовска.

Царовска истакна дека борбата не е завршена затоа што се уште го имаме фактот дека секоја трета жена во Северна Македонија е жртва на семејно насилство.

“Зад статистиките стојат жени и девојки на кои насилството, стравот, дискриминацијата им се секојдневие. Се додека не изградиме свет каде сите ќе бидеме безбедни и еднакви. За ваков свет продолжуваме да се бориме секој ден од годината”, рече Царовска.

Владата предводена од СДСМ за оваа година издвоидвојно повеќе средства, односно 6,4 милиони денари за имплементација на Истанбулската конвенција и отворање на сервиси за поддршка на жртви од родово базирано насилство.

Годинава ќе ја завршиме со 10 нови специјализирани сервиси за жртви од родово базирано насилство во 6 плански региони на Република Северна Македонија.

Во моментот во скопскиот регион има воспоставено СОС линија, кризен центар за 24-48 часа сместување, долгорочно сместување до 6 месеци во шелтер центар, психо-социјална поддршка во прв семеен центар за жртви сторители и деца и правно зајакнување.

Царовска истакна дека истовремено се работи и на други аспекти кои се особено важни во едно општество.

“Дел од нив се родовото буџетирање и вклучување на што повеќе жени на пазарот на трудот. Се радувам што минатата година стигнавме до 50% искористеност на активните програми и мерки за вработување од страна на жени. Тоа значи дека едноставно мерките се поадаптирани и ова е важен чекор за активација на жените на пазарот на трудот”, рече Царовска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“ и ги кани на средба

Објавено пред

„Со целосна почит за исклучителната важност на темите што ги загрижуваат сите граѓани во земјата, особено оние од најпогодените градови, Владата со внимание ги прифати и разгледа барањата кои ги поставија организаторите на ‘Марш за чист воздух’ како услов за одржување на средба и ја подготви оваа информација која ги опфаќа сите наведени точки“, се вели во соопштението.

Во однос на првото барање за указ за итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште, од Владата информираат дека ова барање е прифатливо. „Истовремено информираме дека ДУП СИ 09 Гази Баба за Вардариште моментално е на усогласување во Градот Скопје, и се очекува да биде усвоен на наредната седница на Советот на градот. Потоа Министерството за транспорт и врски и Општина Гази Баба во најкраток можен рок ќе го разгледаат усогласениот ДУП, по што планот ќе биде усвоен најдоцна до крајот на 2019 година“, се вели во соопштението.

„Во однос на барањето ЈО да отвори истрага за ‘Охис’ и за палење на кабли во Скопје, Владата го прифаќа вашето барање и ги става на располагање сите доказни материјали кои се прибрани од институциите со кои раководи, како што се Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Државниот инспекторат за животна  средина (ДИЖС), и го повикува ЈО да го слушне гласот на граѓаните и да отвори постапка за ‘Охис’ и за палењето кабли во Скопје.Со ова само сакаме да потенцираме дека МЖСПП и ДИЖС секогаш и без исклучок соработуваат и ќе соработуваат со истражните постапки на републичкото ЈО или на ЈО Скопје, како и со сите останати основни јавни обвинителства.

За барањето да се усвојат на Влада измените и дополните на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја, Владата го прифаќа барањето. Во новите предлог-измени на Законот за животна средина предвидени се два нови члена (член 28-а и 28-б) кои директно се однесуваат на управувањето со контаминираните подрачја, а се поврзани со барањето на „Марш за чист воздух“. Предлог-измените ги покриваат начинот и методологијата за идентификација на контаминираните подрачја, видот и нивоата на опасни супстанции во медиумите на животната средина како показател за контаминацијата на одредено идентификувано подрачје, и даваат насоки за дефинирање на планови за управување со контаминирано подрачје. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за животна средина е ставен како точка на дневен ред на 130-тата седница на Генералниот колегиум на Владата, закажана за 4 декември 2019 (среда), по што ќе оди на разгледување и утврдување на седница на Влада на 10 декември 2019 (вторник), а потоа и на усвојување во Собранието на Северна Македонија.

Во однос на барањето за стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со законот за прекршоци, Владата го прифаќа вашето барање и ги стопира усогласувањата.

Владата го профаќа и барањето за поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско Езеро и Студенчишко Блато како водно живеалиште од меѓународно значење до Рамсарскиот секретаријат. Апликацијата ќе биде поднесена откако ќе биде потпишан анексот на Студијата за валоризација за Студенчишко Блато, како и потпишувањето на договорот за Студија за ревалоризација на Охридското Езеро помеѓу ГЕФ, МЖСПП и УНЕП до крајот на 2019 година“, се додава во соопштението.

Во однос на одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица-Штука“, Владата потсетува дека одлуката за одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот „Иловица-Штука“, како еден од условите што организаторите на „Марш за чист воздух“ за средба во Владата, е веќе донесена и по завршувањето на жалбената постапка која е во тек во Управниот суд,  таа ќе стапи во сила.

За одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот „Плавица“, предлогот се прифаќа и Владата се обврзува да ја донесе оваа одлука најдоцна до 17.12.2019.

„Владата изразува надеж дека аргументите и информациите во ова соопштение во однос на условите на ‘Марш за чист воздух’ ќе доведат до средба на која заеднички ќе се обединат напорите на институциите и граѓанскиот сектор во однос на грижата за здравјето на граѓаните и животната средина.  Ова треба да биде само прв заеднички чекор. Владата смета дека со заеднички напори, треба да се работи и понатаму во исполнување и на останатите барања на граѓаните, како и исполнување на Планот за чист воздух“, се наведува во соопштението од Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пендаровски се сретна со претставници од Националниот совет на инвалидски организации

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 Декември, прими претставници од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

Претставниците на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија го запознаа претседателот со тековните активности по повод одбележувањето на 3 Декември, како и со положбата на лицата со попреченост. Главни предизвици со коишто секојдневно се соочуваат овие луѓе, како што посочија, се непристапноста до објектите, недостиг на литература со Брајово писмо, мал број на толкувачи на знаковен јазик, како и малата финансиска помош од државата. Но она што за нив е најголема пречка, како што потенцираа претставниците на националните сојузи на здруженија на лица со инвалидитет, е стигматизирањето на овие луѓе од општеството.

„На средбата претседателот Пендаровски истакна дека е свесен дека инклузијата на овие луѓе во општеството не е на завидно ниво и дека затајува и функционалноста на институциите. Во таа насока, како што посочи претседателот Пендаровски, неговиот кабинет за луѓето со попреченост е отворен во секое време. Истовремено, претседателот Пендаровски изрази поддршка за активностите на инвалидските организации и подвлече дека и натаму ќе се залага за понатамошно подобрување на правата на овие лица, преку подобрувањето на законската легислатива и преку нејзино доследно имплементирање.

Пендаровски им порача на претставниците од Националниот совет на инвалидските организации на Македонија дека без оглед на состојбите, треба и понатаму бескомпромисно да се залагаат за афирмирање на нивните потреби и права, за што секогаш ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка“, се вели во соопштението.

На средбата присуствуваа претставници на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, како и на националните сојузи на слепи, на глуви и наглуви лица, на луѓе со телесен инвалидитет на Македонија, претставници на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“, на националниот сојуз на цивилни инвалиди од Втората светска војна и претставници на националниот сојуз на инвалиди на трудот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Казна за загадувач кој фрли отпадни води во Бардовци

Со глоба во износ од 50 евра, казнето е физичко лице, за сторен прекршок – испуштање на отпадни води на...

Свет1 час

Милиони работници на генерален штрајк во Франција, не работи транспортот и училиштата

Французите претрпуваат сериозен хаос и нарушувања во транспортот, бидејќи милиони работници се заканија дека ќе штрајкуваат во знак на протест...

Свет1 час

Кај Мавританија потона брод со 150 мигранти, се удавија 57

Најмалку 57 мигранти се удавија откако потона брод којшто превезувал околу 150 мигранти од Гамбија, во близина на брегот на...

Спорт2 часа

Фудбалските менаџери годинава заработиле преку 500 милиони фунти

На фудбалските менаџери ширум светот во 2019 година им биле исплатени 500 милиони фунти. Прва пат се случува вкупната заработка...

Европа2 часа

„Монд“: Руски шпиони ги користеле Алпите како главен камп за операции во Европа

Весникот „Монд“ пишува дека руски шпиони ги користеле Француските Алпи како главен камп за операции во Европа. 15 припадници на...

Свет2 часа

Макрон ќе организира самит за француското воено присуство во Западна Африка

Францускиот претседател Емануел Макрон, по смртта на 13 француски војници во хеликоптерска несреќа во Мали, изјави дека лидерите на Западна...

Свет2 часа

Пет европски држави го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страна на Северна Кореја

Европските држави повторно го осудија лансирањето на 13 балистички ракети од страната на Северна Кореја од мај годинава, наведувајќи дека...

Регион2 часа

Палмер: За сите земји од Западен Балкан сме подобар партнер од Русија

Пратеникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, во Сараево изјави дека Западен Балкан и натаму е...

Македонија13 часа

Трудо: Зоране Заев, добредојдовте на масата на НАТО

„Добредојдовте на масата на НАТО, Зоране Заев. Со нетрпение го чекам целосното пристапување на Северна Македонија во алијансата“, напиша канадскиот...

Македонија16 часа

Милошоски: Заев и Дескоска се правно неписмени, ги принудија пратениците да не донесат заклучок за членот 11

ВМРО-ДПМНЕ реагира по одлуката на Комисијата за законодавно-правни прашања, на која беше заклучено дека поранешниот претседател Ѓорге Иванов помилувал 56...

Македонија16 часа

Пратениците одлучија дека Иванов помилувал 56 лица преку непостоен член

Собраниската Законодавно-правна комисија попладнево донесе одлука дека Собранието не може да толкува правна норма што не постои, која се однесува...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Како дел од НАТО, Северна Македонија станува фактор за стабилност во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, во изјава за медиумите го оцени учеството на владината делегација на...

Македонија19 часа

Бојан Јовановски останува во притвор, aпелација ја одби жалбата

Апелациониот суд Скопје денеска ја отфрли жалбата за притворот на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13. „Апелациониот...

Европа20 часа

(Видео) Трамп се налути поради озборувањето, го нарече Трудо дволичен и го напушти НАТО-самитот

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло ја откажа прес-конференцијата и го напушти самитот на НАТО во Лондон. Непосредно пред тоа,  за...

Македонија20 часа

Уставните судии не ја прифатија иницијативата на Чавков за амнестијата

Со шест наспрема три, уставните судии одлучија да не ја прифатат иницијативата на екссиректорот на БЈБ, Митко Чавков, кој го...

Македонија20 часа

(Видео) Вилма Русковска: Не очекував повисока казна

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вели дека е задоволна од пресудата за Зоран Милески –...

Македонија22 часа

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор

Tретообвинетиот за случајот „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец е осуден на 3 години затвор откако тој вчера призна вина за случајот и...

Македонија24 часа

Исклучени телефоните во СЈО

Како опомена поради неплатен долг, телекомуникциски оператор им ги исклучи службените телефони на обвинителите, стручните соработници и другите вработени во...

Македонија1 ден

(Видео) Уставен суд ќе почека од парламентот да го толкува Законот за помилување

На денешната седница уставните судии ја одложија точката за нацрт-решението за одлучување за поништувањето на помилувањата кои ги даде експретседателот...

Регион1 ден

(Видео) Во Драч со експлозија урната зграда оштетена од земјотресот

Со контролирана експлозија срушена е шесткатна зграда што се сметала за објект под закана од уривање по земјотресот од 6,4...

Досие